Видеово со авионов, што се движи на писта, а овие како мајмуни на банани качени.
Ако може некој да ми објасни, затоа што не ми е јасно.
1. Авионов стои во место, моторите работат (се слуша звук). Како е возможно авион да се движи на писта, а при тоа околу него да има луѓе?
2. Авионот почнува да се движи, што се случува со жешките издувните гасови што излегуваат од работата на моторот? Луѓево се движат во исто време како што се движи авионот????

3. За да се дигне таа тежина, за да полета му треба забрзување. Да забрза во таа толпа околу него, според мојава логика треба да ги исфрли во воздух како партали.
4. Како би се држел човек за тркалата, кога тркалото е во движење. Од самата брзина и од самото триење се ствара топлина.
5. Авинот веќе се издигнал на некој си 30-50 метри во висина, како човек сеуште би се држел за авионот на таква висина и на такво забрзување?
Можеби ќе ви изгледа смешно, ама навистина не разбирам. Па ако може некој да објасни