Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Поголем благослов од тоа да си изолиран од вакви ликови као тебе нема а и во глобала од целиот систем.

без вас богами ќе ни рипне просекот на Ај Кју у државава за едно 10 до 20. Тоа е прогрес дури.
 
da

Ова испаѓа како некоја берза, постојано акциите се менуваат.
Може со ова, може со она, ова..... да се оди ваму, таму......

Ова што го има кај нас во државава во поглед на мерките околу коронава го нема и на берзите во Њујорк, Лондон....
 
Ова е најлош муабет. Доколку немаш сигурни имформации не шири паника. Преку таквото со НАВОДНО муабети.
 
Директорот на општата болницата во Кичево, д-р Станко Трпески за Плусинфо ја потврди информацијата и ни ја објасни ситуацијата околу починатата 28 годишна медицинска сестра, која не била вакцинирана, поради други здравствени причини.

Денес тројца починати само од Зајас-Кичево..ќе видиме утре дали ќе ги извадат во статистика

Лошо е што една од починатите е 28 годишна мед.сестра и тоа вакцинирана со 2 дози :confused:

Ова е друго не е наводно маубет.
 
По колку починати имаме на дневно ниво? Пет, шест, седум, осум. А колку имавме пред да почнеме со вакцинација? Плус педесет починати лица за 24 часа. Тоа се 42 спасени животи. А притоа ситуацијата не е ниту приближно слична со тој период кога важеа полициски часови, карантини, задолжително носење маска на отворено, забрана за прослави и свадби. Сега ниту има полициски час, ниту има носење маски на отворено, свадби се прават, концерти се одржуваат, луѓето се бутаат во гужви, абе буквално се однесуваат ко да го прогласиле короната за умрено. Епа извинете луѓе, ама четириесет и два спасени животи за 24 часа ја демантира секоја шпекулација за неефикасноста на вакцините. Всушност, допрва ќе гледаме колку чини вакцинирањето а колку невакцинацијата.

Што се однесува до мерките она што не ми се допаѓа е контрадикцијата на мерката. Кај нас владее толкава неспособност што дури и тоа што го препишуваат од страна, не можат да го спроведат во целост. Сами себе се побиваат со невакцинираните келнери, невакцинираниот персонал, невакцинираните продавачи, касиери итн. Зошто некој си Трајко или Петко, да приложува сертификат за вакцинација, кога за него пак има потенцијален ризик од инфекција, благодорание на невакцинираниот келнер кој шета од маса до маса, со маската спуштена под брада и широка насмевка од шест до шест?! Нон сенс.
Друга ствар е што сигурна сум дека нема да биде спроведена во целост мерката и ништо нема да функционира како што е замислено. Исто ко се до сега, гарант веќе на големо е почнато и штанцањето лажни сертификати.
А дека има нелогичности и дискриминација има. Веќе имам зборено за дискриминирачката позадина на вакциналните сертификати и патувањето во странство кое станува буквално луксуз за побогатите земји.

Хм од друга страна за психопрофилирање им нема рамен. Можеби многу порано требаше да се спроведат меркиве за да го натераме народот на вакцинација. Јеп, жално е тоа што луѓето кај нас се мотивираат со кафана је моја судбина, концерт на Цеца и седум дена во Грчка. :)

Не е ова фашизам. Не е фашизам да измиеш раце, да носиш маска и да се вакцинираш за да спречиш ширење на заразна болест. Фашизам е тоа "умираат само стари и хронично болни", кои кај нас бројат околу 42 фамилии на дневно ниво.
 
Ова е друго не е наводно маубет.
Само го постирав линкот за случајот. Ѓоко за Кичево има често валидни информации, можеби не до детаљ али па зависи и од тоа што ќе му кажат.
 
Муабетот ми е од рекла казала муабети и наводно муабети се крева безпотребна паника. Имаше еден многу убав статус на фб ќе го постирам тука.
Автоматски споено мислење:

[мал водич низ ковид информатичката магла]
❗НЕ ПРИФАЌАЈТЕ СОВЕТИ И НАСОКИ ОД:
луѓе што коментираат за делување на вакцина, а не се:
имунолози, микробиолози, виролози, молекуларни биолози - сите со искуство со еволуција и екологија на вируси.
луѓе што коментираат за состав за вакцина, а не знаат хемиска формула за: готварска сол и оцет
☕️ луѓе што коментираат за производство на вакцина, а не знаат ни како се произведува нес кафе
луѓе што толкуваат статистика, а не знаат да пресметаат равенка со две непознати
луѓе што лечат болести со минерали
луѓе што споделуваат на ФБ икони за среќа
луѓе што веруваат дека Земјата е рамна плоча
‍луѓе што не прават разлика помеѓу епидемиолошки препораки и политички одлуки
луѓе што лепат лажици и вилушки по рацете
****
Многу работи за вирусот не знаеме, ниту ние ниту научната јавност. Не треба ни да се очекува да знаеме се. Затоа живееме во општество каде секој има своја улога. Не секој од нас знае како да вади крајници, ниту како да управува со електрана или пак да лета со авион. Треба да сме скромни и да прифатиме дека некои работи едноствано преку гуглање во тоалет нема да можеме да ги научиме и разбереме. Не, не никој не го измислил вирусот за да прави пари. Индустријата за парфеми заработува двојно повеќе од онаа за вакцини. Полесно ќе беше да направат пропаганда дека смрдиме, отколку цел свет да го затворат.
 
Денес тројца починати само од Зајас-Кичево..ќе видиме утре дали ќе ги извадат во статистика

Лошо е што една од починатите е 28 годишна мед.сестра и тоа вакцинирана со 2 дози :confused:
Чудно... Сега само што прочитав за 28 годишната сестра, меѓутоа пишува дека била невакцинирана поради други здравствени причини. Е сега дали е тоа вистина или медиумите прикриваат со цел да не се ствара сомнеж околу вакцината тешко дека ќе дознаеме.Screenshot_20210814_124641_com.android.chrome.png
 
По колку починати имаме на дневно ниво? Пет, шест, седум, осум. А колку имавме пред да почнеме со вакцинација? Плус педесет починати лица за 24 часа. Тоа се 42 спасени животи. А притоа ситуацијата не е ниту приближно слична со тој период кога важеа полициски часови, карантини, задолжително носење маска на отворено, забрана за прослави и свадби. Сега ниту има полициски час, ниту има носење маски на отворено, свадби се прават, концерти се одржуваат, луѓето се бутаат во гужви, абе буквално се однесуваат ко да го прогласиле короната за умрено. Епа извинете луѓе, ама четириесет и два спасени животи за 24 часа ја демантира секоја шпекулација за неефикасноста на вакцините. Всушност, допрва ќе гледаме колку чини вакцинирањето а колку невакцинацијата.

Што се однесува до мерките она што не ми се допаѓа е контрадикцијата на мерката. Кај нас владее толкава неспособност што дури и тоа што го препишуваат од страна, не можат да го спроведат во целост. Сами себе се побиваат со невакцинираните келнери, невакцинираниот персонал, невакцинираните продавачи, касиери итн. Зошто некој си Трајко или Петко, да приложува сертификат за вакцинација, кога за него пак има потенцијален ризик од инфекција, благодорание на невакцинираниот келнер кој шета од маса до маса, со маската спуштена под брада и широка насмевка од шест до шест?! Нон сенс.
Друга ствар е што сигурна сум дека нема да биде спроведена во целост мерката и ништо нема да функционира како што е замислено. Исто ко се до сега, гарант веќе на големо е почнато и штанцањето лажни сертификати.
А дека има нелогичности и дискриминација има. Веќе имам зборено за дискриминирачката позадина на вакциналните сертификати и патувањето во странство кое станува буквално луксуз за побогатите земји.

Хм од друга страна за психопрофилирање им нема рамен. Можеби многу порано требаше да се спроведат меркиве за да го натераме народот на вакцинација. Јеп, жално е тоа што луѓето кај нас се мотивираат со кафана је моја судбина, концерт на Цеца и седум дена во Грчка. :)

Не е ова фашизам. Не е фашизам да измиеш раце, да носиш маска и да се вакцинираш за да спречиш ширење на заразна болест. Фашизам е тоа "умираат само стари и хронично болни", кои кај нас бројат околу 42 фамилии на дневно ниво.
Кај да е ќе следува "не e фашизам да ги убиеме сите невакцинирани или да ги ставиме логори"
 
Последно уредено:
Муабетот ми е од рекла казала муабети и наводно муабети се крева безпотребна паника. Имаше еден многу убав статус на фб ќе го постирам тука.
Автоматски споено мислење:

[мал водич низ ковид информатичката магла]
❗НЕ ПРИФАЌАЈТЕ СОВЕТИ И НАСОКИ ОД:
луѓе што коментираат за делување на вакцина, а не се:
имунолози, микробиолози, виролози, молекуларни биолози - сите со искуство со еволуција и екологија на вируси.
луѓе што коментираат за состав за вакцина, а не знаат хемиска формула за: готварска сол и оцет
☕ луѓе што коментираат за производство на вакцина, а не знаат ни како се произведува нес кафе
луѓе што толкуваат статистика, а не знаат да пресметаат равенка со две непознати
луѓе што лечат болести со минерали
луѓе што споделуваат на ФБ икони за среќа
луѓе што веруваат дека Земјата е рамна плоча
‍луѓе што не прават разлика помеѓу епидемиолошки препораки и политички одлуки
луѓе што лепат лажици и вилушки по рацете
****
Многу работи за вирусот не знаеме, ниту ние ниту научната јавност. Не треба ни да се очекува да знаеме се. Затоа живееме во општество каде секој има своја улога. Не секој од нас знае како да вади крајници, ниту како да управува со електрана или пак да лета со авион. Треба да сме скромни и да прифатиме дека некои работи едноствано преку гуглање во тоалет нема да можеме да ги научиме и разбереме. Не, не никој не го измислил вирусот за да прави пари. Индустријата за парфеми заработува двојно повеќе од онаа за вакцини. Полесно ќе беше да направат пропаганда дека смрдиме, отколку цел свет да го затворат.
Исто како што имунолозите, микробиолозите, виролозите и молекуларните биолози треба да прифатат дека тие знаат да направат вакцини, ама не разбираат како функционира економија, општество, образование и да се држат само до темата за која се експерти.
 
Па не знам кај ги виде да се мешаат во нешто што не е поврзано со Ковидот.
 
Повеќето имунолози микробиолози виролози штанцаат објави ради себепромоција по социјални медиуми. Секој што лае по социјални медиуми или иде на некои емисии да измислува топла вода не вреди да се сматра за нешто релевантно.
 
Кај да е ќе следува "не фашизам да ги убиеме сите невакцинирани или да ги ставиме логори"
Не може да се прават компарации меѓу пик на бран и на почеток на бран. Така ќе го видиме многу наскоро ефектот на вакцината.

Како не е нацизам оние кои се вакцинирани да носат со себе сертификат и да уживаат привилегии!? Креираат јасна дискриминација и сегрегација меѓу народот. И Евреите ја носеле Давидовата ѕвезда и тоа не само под чизмата на нацизмот. Па и на црнците, за време на расната сегрегација, им бил забрануван пристап до продавници и тоалети (со назнака colored only). Нели, и тоа не било дискриминација! Истото денес најголемите либерали повторно го имплементираат. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom