... барем кај нас се даваат (препорачуваат) разни ортопедски помагала скоро на сите пациенти кои се жалат имале болка или не, треба да се носи или не, претежно на сите пациенти поради силен комерцијален стимул на тие што препорачуваат или препишуваат добиен од самите фирмите кои се дистрибутери на ортози (помагала), така да внимателно со примена, зошто колку можат да помогнат толку можат да одмогнат!
...доколку се работи за фрактура и фиксно носење поради имобилизација во подолг период тука не навлегувам, но кога се работи за болка на кичма поради искривување или од друга последица на наши лоши навики или друга причина, тогаш мноооогу внимателно со овие помагала,
...20 сетина минути и не баш секој ден би било оптимално, затоа што при самото носење подолго време се создава физичка зависност едноставно ќе зависиме од тоа помагало, потоа доаѓа до намалување на активноста на стомачните мускули кога се носи на пример корсетот, а може да дојде и до појава на интраабдоминален притисок во мирување, како и покачување на температурата на кожата под самиот корсет што често пати знае да биде причина за намалување на болката, но и причина за други несакани последици, така да доколку топлината е таа што не’ лечи може да се имобилизра кичмата на друг начин со фланелски топли ткаенини, а не со стегање така со корсет,
...со носење на корсет ние всушност имаме и ограничување на движењето на рбетниот столб што би го правеле без корсетот, па болката би се намалила на заболеното местото, но со носење корсет се дава оптоварување на други мускули и други движења кои не би се активирале доколку не би се носело корсетот, тоа скоро важи за сите ортози, ортопедски помагала,
...примена и користење на ортопедски помагала против болка -Да! ама не повеќе од 20 минути во текот на денот и тоа само при силна болка, а не од навика ај да го поставиме помагалото за да не не боли рбетот при долго седење на столица!
... и како што рече, вежбите се мелем за овие промени на рбетот, ама треба дисциплина и воља, а нас ни е полесно зииип помагалото и свршивме работа, со носење на корсетот не треба да правиме активности, ниту да лежиме прво се носи лабаво затегнато да не ни создаде веднаш зависност, па со време се стега повеќе и никако не се става на голо, туку над кошула или нешто тенко маица и се носи само во стоечка позиција така да не знам како ти е дадено носење на корсет кога седиш на столица или јас не разбрав добро?