Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум прашал сеуште зошто, но мора да игра Стојанов место Стојковски со Мишко у комбинација. Тоа ќе биде супер одбрана. Инаку овој Керим добро изигра и мислам дека е доста подобро решение од Љамчевски, кој делува доста споро. Детено бр.20 игра се подобро и го гледам у тандем со Пеев ако не донесат уште некој креативец. Фичо Петров се гледа дека има уште во него, посебно кога е во продор, само штета што игра со дете бек, во овој случај Давид Велковски. Шиле мислам дека ќе биде џокер, освен што ја гуши играта и не се враќа позади, он е створен за 20мин пред крај да даде некоја добра топка за гол. Петковски засега делува отсечено и споро. Мислам дека треба да игра Симов со 2ца напред, иначе ќе имаме доста нули. Денес се на се, реални 0:0... пеналон им го свирнаа како домаќини, ама ајде нема везе пријателски се!
 
Ве читам малку за ова со колку напаѓачи да биде поставена формацијата и само ќе ви кажам дека тоа не игра никаква улога околу бројот на постигнати голови на еден тим. Па денес вие скоро нема да најдете екипа у светски размери, што игра со два класични напаѓачи, туку строго со еден шпиц и двајца крилни како негова поддршка. Што значи голгетерски придонес кај нас треба да се очекува и од Шиле и Петров, а не само од Петковски.
 
Овој Љамче каков штакор бил, сеоски Крауч. Потсетува на Оса со тоа штаките од нозе.
Инаку на првиот натпревар шансата ја утнал Гроздановски. Долга топка беше во фор, излегоа двајца пред гол, му отскокнуваше на волеј, ама го утна голот. Може и со него да се проба во нападот.
Во секој случај ни треба некој профил каков што го опишав горе. Ми се допадна како се покажа оној Спахиу во баражот за Тиквеш, не знам колку сериозно го имаат во план. Добро би ни дошол за втора лига.
Имаше еден Енсар Сулејмани, беше доста пргав во младинци. После отиде во Пелистер, па во Скопје, сигурно е заглавен во втора лига по квалитетот.
Каде се оние млади играчи што добиваа повремена шанса пред да дојде Самс?
Стојановски со румените образи не знам дали остана во Пелистер. Виктор Серафимовски беше солиден за во средина на теренот. Ѓурчиновски играше повремено за Скопје, не знам до каде е сега. Мерсовски видов дека потпишал за Кораб. Оној Димитар Иванов исто се шеташе по екипиве, ко да го видов да потпишал за некој второлигашки клуб.
Да може Ибиши да го вратиме би било одлично.
 
Ве читам малку за ова со колку напаѓачи да биде поставена формацијата и само ќе ви кажам дека тоа не игра никаква улога околу бројот на постигнати голови на еден тим. Па денес вие скоро нема да најдете екипа у светски размери, што игра со два класични напаѓачи, туку строго со еден шпиц и двајца крилни како негова поддршка. Што значи голгетерски придонес кај нас треба да се очекува и од Шиле и Петров, а не само од Петковски.
Конте Интер систем, 2 напаѓачи и 3ка позади ако не донесат десен бек.
 
Ми се допадна како се покажа оној Спахиу во баражот за Тиквеш,

Нема шанса да го пуштат Тиквеш, а ни он да игра пак втора лига неверувам. Тој го постигна мислам голот против Силекс.
 
Кај ги наоѓате овие имиња.. Спахиу еден од најдобрите играчи на Тиквеш, од каде идејава у Вардар да дојде сега баш... хаха. Стојановски е у Скопје, Виктор Серафимовски е во Ренова , а Диме Иванов е напаѓач во Тетекс.
 
Кај ги наоѓате овие имиња.. Спахиу еден од најдобрите играчи на Тиквеш, од каде идејава у Вардар да дојде сега баш... хаха. Стојановски е у Скопје, Виктор Серафимовски е во Ренова , а Диме Иванов е напаѓач во Тетекс.
Нека земат еден десен бек на нивото на другите во одбраната и таман сме. Од овие што ги спомињате, не ни треба никој друг. Е, сеа ја лично би сакал многу да го вратиме Јове Костовски, ама тешко изведливо. На неколку пати го глеам низ Скопје задњиов период и не ми делува дека планира и понатаму да се бави со фудбал. Но во секој случај треба да пробаат новите сопственици...
 
 
Благодарност до сите кои се ангажираа Вардар да биде исправен на некакви здрави нозе и да функцонира. Благодарност до градоначалникот Шилегови и до старите сопственици. Имаме големи планови, можеби уште поголеми од минатите сопственици. Во преговори сме и со странски и со домашни инвеститори, за кога Вардар ќе се врати во Прва лига, да инвестираат во клубот. Планираме да ангажираме и некои лица во Вардар кои во минатото играле за тимот и од тука, но и од странство“, изјави Крстевски.
 
Ренова 2 - 2 Вардар
Грозданоски 4' Блажевски 36'(п)

Добар резултат против екипа од прва лига, која знаела да направи проблеми и кога Вардар бил неприкосновен.
 
Па уште колку се потенцира дека заслужен бил Шилегов, јадниот се исплаши дека ќе ги загуби потенцијалните гласови од навивачите на Вардар на престојните избори. Затоа се ангажирал да се среди работава односно да им замачка очи. Само не ми е јасно, што подразбираат под тоа дека ќе се покријат сите долгови. Дали освен долговите кон УЈП и останати институции, тоа ќе важи и за играчите односно физички лица на кои им се должат пари и на останат персонал кој не е исплатен за минатите години?

Инаку пак се враќа котизацијата за втора лига, поголем дел од клубовите се бунат на оваа одлука на ФФМ.
 
Која е фирмава жити се? Блу Скај Инвестментс... Освен што се регистрирани како фирма, ништо нема за нив. Нема ни веб, ни телефон, ни локација на мапс, ни инфо некое на интернет... Немаат ни оглас објавено за работа - ништо.

Постојат уопште или?

Screenshot_2.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom