Има огромен број на непознати кои што влијаат врз одлуката што од двете опции е подобро.
Како три најбитни би ги зел (без редослед).
- финансиската моќ на твоите родители
- колку ти фаќа тиквата/скилови
- твојата визија за иднината
Нема генерално правило што би било подобро. Индивидуално е. Дури и со Видук не би се сложил дека рмбањето за 9000 е толку добро за да се соочиш со бруталноста на животот. Еден куп луѓе ми идат на памет што никогаш не работеле за минималец а се свестни за животот и ги ценат парите.
Ако планираш да бидеш водоводџија/електричар/рандом занает, тогаш се сложувам дека имаш голем ќар да одиш за минималец, дури и за без пари. Ама не важи истово за одењето во фабриките што ги донесе Грујо. Што ќе научиш од тоа бе? Ни занает ни бутур. Никаков напредок. Ќе ти качат плата за некои си 4-5000ден по некоја година и ќе те стават одговорен на некој оддел.
Не велам дека нема исклучоци, али ретки се. И не секој е задоволен со 20 000 плата за да ги трпи кодошењата и малограѓанството на простата раја.
Нз како е во другите градови, за Прилеп ќе пишам.
Голем дел од децатаа на средната класа можеше да се дружат со богатите низ годините. Дури и животот не бил толку различен и оделе на слични одмори и правеле исти работи, јаделе и пијале заедно. Минимални, истрпливи разлики.
Се тоа така до некои си 20-25 години. После тоа излегуваат разликити на површина и овие богатите ќе ги пикнат на добро работно место или ќе им отстапат фирма, па голем дел од нивните другари кои што биле во средната класа и не се снашле, го имаат мотото, џабе седам ама џабе не работам. Не може да се смислиш да се дружиш со овие од прва класа кои не се ништо повеќе од тебе (интелектуално/способност), а земаат страшни плати, а тебе ти останува да одеш кичма-транс работа за 250 евра.