„Џабе работи-џабе не седи“ vs „Не излегувам од дома за ХХХХ денари“

  • Креатор на темата Креатор на темата YoucancallmeV
  • Време на започнување Време на започнување

„Џабе работи-џабе не седи“ vs „Не излегувам од дома за ХХХХ денари“

  • Џабе работи-џабе не седи

    Гласови: 57 57,6%
  • Не излегувам од дома за ХХХХ денари

    Гласови: 41 41,4%
  • Немам мислење

    Гласови: 10 10,1%

  • Вкупно гласачи
    99
Бем ви робовите, одете црнчете само за леб и вода. Заради вакви мазохисти не не бива.
Како седењето дома ќе ти помогне? Никако. Барем вака развиваш работни навики, стекнуваш квалификации, знаења и вештини, влегуваш во контакт со седакви луѓе и за волја на вистината никој со сила не те тера да останеш на тоа работно место. Дури имаш и можност да бираш професија и занимање. Има неколку илјади отворени работни позиции во секој момент.

Работам и да украдам нешто од занаетот, тоа што го научив во пракса го нема во ниту една теорија, а сите практикуми ги имам поминато од корица до корица. Од систематизација, однос, логика, имплементација на закон и креирање пат до победа со помош на консултации. Сепак сѐ е тимска работа (а тимот ти е даден на тацна), вклучувајќи ја и соработката со одредени институции и можноста за препорака ако изразиш желба. Дури и можноста за прогрес по скалилата во самата фирма ти е отворена.

Со дома седењето само трошиш пари и придонесот ти е еднаков на ништо. Може да се работи и од дома, секако, ама мислам на неработењето и чекањето идеална прилика, колку и да трае тоа.

Напушти во секое време кога ќе ти се укаже подобра прилика, ама не ги пропуштај ни помалите прилики затоа што не знаеш животот каде ќе те одведе.

Разбирам и ако се цениш и не сакаш да работиш за ништо помалку од она што ти е утврдено во глава, со среќа, но некогаш нашите желби не кореспондираат со реалноста и реалните очекувања. Ама предност ќе има кандидатот со искуство и препораки пред оној кој го чекал Годо. :)
 
Да за нуркач, ама ако црнчиш негде за четирицифрена сума, а не добиваш никакви вештини, подобро е да се обесиш, зашто кај си бескорисен, дури им штетиш и на другите. Подобро оди бери чај во планина него да робуваш кај некоја гнида. Ама добро дур ве има вакви овци ќе ве експлатираат и ќе се тешите со прикаски „ама бар редовно ми плаќа“/„има за лепче“.
Браво цару! :kruna:
 
Ај прочитај ме уште еднаш, сите мислења и тие после првото. ;)
 
Убаво ја прочитав темава. ;)

Имаш избор, барем денес, можеш да работиш и за некоја компанија од странство и тоа од дома (со наш стандард) односно со глобализацијата и пазарот е проширен. Не си врзан само за домашните бизнисмени, компании или државно. Најкласичен пример за опортунитетен трошок.

Можеш да бркаш проекти на страна, покрај редовната плата. Опции има, прашање се твоите квалификации, знаења и вештини, а пред сѐ од волјата да работиш. Нив ги снекнуваш во праксата, а да работиш за 4 цифрена сума не можеш затоа што минималецот е околу 15.000.

Но многу млади размислуваат како тебе, затоа иднината не си ја гледаат во оваа држава. Тоа е вина на системот. :)
 
Читаш, ама не сакаш да прочиташ. Јас и ти можеме, ама Митре комшијата, не знае збор англиски и не може. Има сива/црна економија и луѓе што работат под минималец. Не се работи тука за пракси или учење занает, туку за работа. Се гледа дека си дете од побогато семејство и не си запознаен со некои работи. Најчесто вакви работи се амалски и не стекнуваат луѓето занает. Луѓе работат за мизерни плати и кога ќе дадат пари за пат и храна на работното место, им се фаќа ко за безпари да работат. БУКВАЛНО РОБОВИ. Капак на се обично на вакви места ти се дерат и те омаложуваат. Некој кога нема да се нафати на ваква работа одма го осудуваат. Робовски менталитет. Подобро дома да седиш, него да робуваш.
 
Да за нуркач, ама ако црнчиш негде за четирицифрена сума, а не добиваш никакви вештини, подобро е да се обесиш, зашто кај си бескорисен, дури им штетиш и на другите. Подобро оди бери чај во планина него да робуваш кај некоја гнида. Ама добро дур ве има вакви овци ќе ве експлатираат и ќе се тешите со прикаски „ама бар редовно ми плаќа“/„има за лепче“.
Сигурно си од стугиут цинт'р на скупје чоече, седиш по цел ден со кафе и 200 денари у џеб дадени од мајка ти а од вештини поседуваш само јадење слатки. :popce:
 
Читаш, ама не сакаш да прочиташ. Јас и ти можеме, ама Митре комшијата, не знае збор англиски и не може. Има сива/црна економија и луѓе што работат под минималец. Не се работи тука за пракси или учење занает, туку за работа. Се гледа дека си дете од побогато семејство и не си запознаен со некои работи. Најчесто вакви работи се амалски и не стекнуваат луѓето занает. Луѓе работат за мизерни плати и кога ќе дадат пари за пат и храна на работното место, им се фаќа ко за безпари да работат. БУКВАЛНО РОБОВИ. Капак на се обично на вакви места ти се дерат и те омаложуваат. Некој кога нема да се нафати на ваква работа одма го осудуваат. Робовски менталитет. Подобро дома да седиш, него да робуваш.
Ти не праша да оди ли Митре да меша малтер за минималец! Праша општо.
Бајдвеј под 25 евра ден нема мануалец во градежништво и ако најдеш со две леви раце е и више тара него масло од него. А добри работници со вештини да ти не причам.....
На градилиште често багеристот и инженерот биваат егал со плата.
 
Но на страна земање на контакти, вештини, затоа што сите, можеби спонтано, се насочија кон теоретски дека се работи за прво работно искуство, а ние знаеме, особено во мк, касиери и таксити не работат само млади луѓе, а бајаги и стари (не ги дискриминирам професиите, туку ги земам за пример на ниско платени), нели тоа носи кон еден лош круг на однесување.
Пр. јас ке се согласам да работам за 20К, ќе дојде утре некој, џабе не седи стил, ќе му каже на газдата, јас ќе работам за 15К. Според вас, тој менталитет нели создава едно однесување што на крај им одговара само на газдите да направат поголем профит, и не оди во прилог на работниците?
 
Многу зависи од возраста, веќе стекнатите знаења и вештини, планот за иднина...
Знам случај: една чекаше добра плата, во меѓувреме не прифаќаше да биде врзана за канцеларија од 8 до 4, туку само хонорарно поработуваше. Преведувач од француски. Кога ја прашав зошто така, одговори дека ако се појави работа со добра плата, не ќе може да излезе од канцеларијата за да оди на интервју. И дочека после 2 години работа со добра плата во странска фирма.

Друг со средно образование, нејќеше да работи за 15 илјади, малку било, татко му требаше да ги заработи за него и да му го даде да ги троши (лошо поставени домашни односи, според мене, бидејќи татко му не беше богат). На крај виде- невиде, замина во странство да работи.

На село можеш да си произведуваш храна, ама телефонот, струјата не се плаќаат со компири и домати, ти требаат и пари. Освен ако си земјоделец со големо производство, па да имаш доволно за продажба, но тогаш не може да се сметаш за невработен.

Значи, не секој може да си дозволи да не работи и да чека работа со добра плата.
Автоматски споено мислење:

Пр. јас ке се согласам да работам за 20К, ќе дојде утре некој, џабе не седи стил, ќе му каже на газдата, јас ќе работам за 15К.
Не верувам дека вакво нешто се случило, ако веќе газдата има оформено сума за плата.
 
Но на страна земање на контакти, вештини, затоа што сите, можеби спонтано, се насочија кон теоретски дека се работи за прво работно искуство, а ние знаеме, особено во мк, касиери и таксити не работат само млади луѓе, а бајаги и стари (не ги дискриминирам професиите, туку ги земам за пример на ниско платени), нели тоа носи кон еден лош круг на однесување.
Пр. јас ке се согласам да работам за 20К, ќе дојде утре некој, џабе не седи стил, ќе му каже на газдата, јас ќе работам за 15К. Според вас, тој менталитет нели создава едно однесување што на крај им одговара само на газдите да направат поголем профит, и не оди во прилог на работниците?
Ако не си изградил портфолио и стекнал вештини на работното место за да можат да те сменат на невидено со некој Петре, до тебе е!
Ниеден газда не ризикува за некои 100-200 евра квалитетен работник.
 
Бем ви робовите, одете црнчете само за леб и вода. Заради вакви мазохисти не не бива.

Баш така.
Еден период викав да има еден колективен "спартански" договор, никој, ниеден поединец у државава да не прифати плата испод 20.000 Мкд, тоа беше пред некои 10 години кога инфлацијата и следствено цените за живот беа послаби од денес за скоро 40/50%, што значи денес никој да не би прифатил никаква плата во ниеден случај испод 30.000 Мкд.
Ама, има паметњаковци што рушат цена и за 150 евра сака да црнчат ради некое си искуство ( да јакото искуство да си продавач у КАМ или шивачка у незнам ти кај).
Плус некој ќе се истакне, па мора да јадам да прехранувам Х. Па да бе брат иди у село од кај што си дошол, и чувај добиток, сади зеленчуци, ќе се живееш уште пораат сам за себе никој да не те дупи за мизерна плата, и позадраво од колку живот со стрес у Град кај што со таа плата ќе плачеш само и ќе крпиш едвај крај со крај.
Али тоа ти е, проста раја... у запад, кај што нашиве се надгледуваат стално, протестираат сите работници за минималец саатница од 12€ место 11,50€. Ама тука било, дај шта даш. Епа еве ви, терајте у мизерија.
 
Ако не си изградил портфолио и стекнал вештини на работното место за да можат да те сменат на невидено со некој Петре, до тебе е!
Ниеден газда не ризикува за некои 100-200 евра квалитетен работник.
Според мене не треба да се гледа така на работите. Можеби прво треба да дефинираме ние како земја дали сме капиталистичка или социјална.
Ако се водиме како капиталистичка, тогаш треба да сме според сите нишани, со минимална дефинирана плата (која за воља на вистината ја има) и со можности за напредување во фирмата во која што си, а, со исклучок на фирми што се странски или соработуваат со странски пазар, тоа го нема во другите.
Е сега, ако се водиме како социјална, секој треба да може да живее нормално со платата, без оглед на вештините, не треба само вештите да живеат а другите да му ја мислат, сепак тоа е идејата на механизам на заштита од државата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom