Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Шала на страна, има и млади што поминаа релативно лошо, т.е немаа вкус и мирис со недели,
На пријатели, дете, октомври прележа, без кој знае колкави проблеми, ама ден денес вкусот му е само 20% од предходно.
Автоматски споено мислење:

"Наредните 2 недели се клучни." :D

Нема логика, Шпанија, Португалија и Грција се затвораат, имаат случаи на Делта (со рестрикции), а ние само неколку!
скоков денес како ти личи?
Автоматски споено мислење:

Она што јавноста не го знае, ама многумина го претпоставуваа, е состојбата во струшките албански села после Бајрам лани. Мене тогаш, пишав тука, еден што носи сладолед по тие места ми спомна, ама сега истото ми го потврди и лице кое е високо во здравствениов систем.
Таму не се знае баш колку починале и каде се сите закопани.
 
Последно уредено:
Израел се донесе во ситуација да тестира трета доза Фајзер, претпоставувам од истата вакцина оти Бионтек нема во моментов спремен бустер.

 
Не ме влечи за јазик, последици од вакцинирање нема да пишувам тука.

Тоа не се тешки проблеми што си ги навел кај тие повозрасните.

Поентата е нема зошто да се вакцинираат помладите кога го најчесто ја поминуваат короната лесно.

Веќе година и пола помина и се знае дека Короната има правила и ако се придржуваш до тоа лесно може да поминиме.

Но, одлуките како да се справиме со пандемијава скоро секогаш се ретардирани.

Кои последици? 500,000 народ и више се вакцинира, до сега никој не се пожали. Не знам од кај ги вадите овие статистики за умрени.
 
Со оглед дека Короната во САД има убиено 3800 под 30 години од вкупно 600.000 жртви, не разбирам зошто мора да се вакцинира таа група на луѓе.
Сам си го постави прашањето и сам си одговори. Затоа што 3800 млади починале од корона.
 
скоков денес како ти личи?
36 нови, ние имавме денови и со преку 1.000 заразени! Не е некој скок, пред некој ден имавме 23/24.
Колку помлад толку се позаебани несаканите ефекти.

Со оглед дека Короната во САД има убиено 3800 под 30 години од вкупно 600.000 жртви, не разбирам зошто мора да се вакцинира таа група на луѓе.

Посебно во овој момент кога е евидентно дека вакцинираните се поболуваат од Корона, плус ја пренесуваат.
Си имаш работа со паничари. Најголемиот дел од младите лица биле хронично болни, и хронично болните треба да се вакцинираат, тука ги вклучувам и децата. Другите, ако сакаат, но немаат некоја потреба. Сепак сѐ е оставено на волјата.

Кај нас имаше 3 (или 4) лица починато од 20-30 годишна возраст. За 2 сум сигурен дека имаа тромбоза. Сите беа жени.
 
Сам си го постави прашањето и сам си одговори. Затоа што 3800 млади починале од корона.
Тоа е помалку од еден процент, се работи за 0.63%.

Далеку од тоа да ги гледам луѓето како процент и статистика, но колку од нив биле хронично болни и на колку од нив неизбежна им била смртта, со корона или без? Мислите ли дека вакцините би ги превентирале и тие бројки?

Ако сериозно мислите дека младината МАНДАТОРНО треба да се вакцинира со експериментални вакцини, треба малку да се преиспитате.

btw, колку дози се потребни сега, еве Израел тестира трета доза Фајзер, што е следно, четврта? Петта? Вакцинирање до крај на животот?
 
btw, колку дози се потребни сега, еве Израел тестира трета доза Фајзер, што е следно, четврта? Петта? Вакцинирање до крај на животот?
И мене ме занима таа работа - до кога вакцинирање и колку дози?
Како и да е, не верувам дека масовно би се прифатило такво нешто, како што вакцинирањето сега се прифаќа. Многу помал број би прифатиле таков курс - секоја година вакцина. Мада, ја гледам од моја лична перспектива.
 
Моментално се на пик бројка британците, фул отворени, со 80 мртви дневно и болниците далеку од била каква оптовареност. Значи ништо од најавуваниот потоп, од овде ќе идат само надоле бројките. Кој мисли дека ова не е доволно за нормален живот нека си бара психијатриска помош со време.
И уште еден доказ вакцините си ја вршат работата.
 
Етничка сегрегација во процесот на вакцинација на транспортните работници во Куманово

Македонските работници во транспортните компании во Куманово се жалат на дискриминација, споредено со нивните колеги Албанци, при процесот на вакцинација во Куманово.
Транспортните работници побарале да бидат вакцинирани со вакцината Фајзер, заради спецификата на нивната работа и потребата од секојдневно патување во повеќе европски држави. Доколку тие бидат вакцинирани со други вакцини, постои опасност при патувањет во европските држави да се сретнат со проблеми, да не можат да си ја завршат работата и да не бидат примени на адресата каде треба да биде оставена нивната роба.
Како што известија засегнатите работници: oдговорниот за овој процес, Валдрин Мифтари, е запознаен со целиот проблем, но при распределувањето на вакцините тој обезбедувал (и со телефонски повик) вакцина Фајзер за албанските транспортни работници, но не и за македонските. Возачите неколкукратно побарале помош за добивање на вакцина Фајзер, но тоа не се случило. Дел од нив, за овој проблем споделиле на Фејсбук, по што добиле закани за тужба од страна на Валдрин Мифтари, бидејќи го нарушувале угледот на институцијата со која управува. По што на некои од нив им рекол дека никогаш нема да добијат вакцина.
57447282_414207739394219_534273521937809408_n-800x445.jpg

Со оваа постапка, Валдрин Мифтари не само што ја попречува работата на транспортните работници, од која обезбедуваат егзистенција за своите семејства, туку тој истовремено директно ја попречува работата и на транспортни компании како и на останатите компании кои соработуваат со странските пазари и имаат потреба од вакви услуги.
Затечени од овој неразумен проблем, најголем дел од возачите се вакцинирале во соседна Србија.
--------------------------------------------------------------------------------
Добро познатите пизди гомнарски, кои висат на оваа тема, нека го прочитаат ова.
(нема да ги именувам овој пат, да не го растревожам нивниот фрагилен емоционален комплекс)
 
Тоа е помалку од еден процент, се работи за 0.63%.

Далеку од тоа да ги гледам луѓето како процент и статистика, но колку од нив биле хронично болни и на колку од нив неизбежна им била смртта, со корона или без? Мислите ли дека вакцините би ги превентирале и тие бројки?

Ако сериозно мислите дека младината МАНДАТОРНО треба да се вакцинира со експериментални вакцини, треба малку да се преиспитате.

btw, колку дози се потребни сега, еве Израел тестира трета доза Фајзер, што е следно, четврта? Петта? Вакцинирање до крај на животот?
Далеку од тоа дека ги гледаш како процент и статистика, ама штом користиш бројки и правиш калкулации по тоа прашање, ги гледаш како процент и статистика.

Не знам како си ги замислувате вие пациентите со хронични болести, ама луѓето со адекватна терапија и редовно и уредно контролирање на болеста си живеат со децении.

Сериозно мислам дека младината треба да се заштити. Значи, во таа насока размислувам. Каква клиничка слика некој ќе развие е чиста лотарија. Но, со оглед на тоа што во светот постојат и млади луѓе кои ја загубиле битката со короната, пожелно е да се вакцинираат и да се заштитат и младите. Посебно па во услови кога од септември се очекува и настава со физичко присуство. Младите луѓе ниту знаат да држат дистанца, ниту пак се најголеми почитувачи на мерките.

Вакцините воопшто не се експериментални, штом се поминати трите најважни фази од клиничкото испитување. Значи постојат испитувања со Фајзер конкретно, на млади од 12 - 18 години. Се покажале како сосем безбедни и ефикасни. Во ретки случаеви се јавува воспаление на срцевиот мускул - миокард и срцевата обвивка - перикард. Меѓутоа, тоа е толку ретко и несомнено е дека бенефитите од вакцината каде каде се поголеми од ризик од невакцинација.

Веќе се почнати и испитувања со Фајзер кај дечиња под 12 годишна возраст со помали дози.
 
Има негде пример у светот на некој кој не носел ни маски ни ништо, бил двапати вакциниран и не се заразил?
Автоматски споено мислење:

36 нови, ние имавме денови и со преку 1.000 заразени! Не е некој скок, пред некој ден имавме 23/24.
Дали и каков скок имаме сега, ќе видиме за некој ден. Еве до другата недела.
 
Последно уредено:
Дали и каков скок имаме сега, ќе видиме за некој ден. Еве до другата недела.
Ти даде констатација за денешниот ден! На истата си доби одговор. Другото може само да се претпоставува.

Нормално, сега се експериментира и на деца под 12 години! Таа вакцина се очекува на есен, за деца под 12 години.
 
Каков економски масакр и спремат на Англија, како малце да им беше тоа шо им се деси на Вембли.:D
 
Далеку од тоа дека ги гледаш како процент и статистика, ама штом користиш бројки и правиш калкулации по тоа прашање, ги гледаш како процент и статистика.

Не знам како си ги замислувате вие пациентите со хронични болести, ама луѓето со адекватна терапија и редовно и уредно контролирање на болеста си живеат со децении.
Види, секоја смрт е трагична, поготово како се работи за млад човек.

Но во овој случај мора да се гледа и статистиката и процентот, бидејќи се работи за права, егзистенција, финансии и психофизичкото здравје на останатите билиони луѓе.

Еве, јас не сум против вакцинација на млади луѓе со хронични и животнозагрозувачки болести. Доколку вакцините вистински штитат и превентираат корона и компликации од истата, тогаш вакцините се прав избор за таа група на луѓе.

Сериозно мислам дека младината треба да се заштити. Значи, во таа насока размислувам. Каква клиничка слика некој ќе развие е чиста лотарија. Но, со оглед на тоа што во светот постојат и млади луѓе кои ја загубиле битката со короната, пожелно е да се вакцинираат и да се заштитат и младите. Посебно па во услови кога од септември се очекува и настава со физичко присуство. Младите луѓе ниту знаат да држат дистанца, ниту пак се најголеми почитувачи на мерките.

Вакцините воопшто не се експериментални, штом се поминати трите најважни фази од клиничкото испитување. Значи постојат испитувања со Фајзер конкретно, на млади од 12 - 18 години. Се покажале како сосем безбедни и ефикасни. Во ретки случаеви се јавува воспаление на срцевиот мускул - миокард и срцевата обвивка - перикард. Меѓутоа, тоа е толку ретко и несомнено е дека бенефитите од вакцината каде каде се поголеми од ризик од невакцинација.

Веќе се почнати и испитувања со Фајзер кај дечиња под 12 годишна возраст со помали дози.
Во болдираното е проблемот.

Малку е контрадикторно да велиш дека младите треба да се заштитат бидејќи велиш дека каква клиничка слика некој ќе развие била чиста лотарија, а од друга страна велиш дека постои шанса за воспаление на срцев мускул, како и на срцевата обвивка.

Зашто тогаш млада и здрава личност би се вакцинирала кога постои ризик ист или сличен процентуално да има тешка клиничка слика или сериозно воспаление?

Вакцинирите се сметаат за експериментални бидејќи како што нагласив у други постови, сеуште нема долготрајни истражувања дали и какви последици остава у подолг временски период. Што доколку првата и втората вакцина не предизвикуваат никакви последици, но третата или евентуално четвртата предизвикуваат? Од каде ќе знаеме кога нема истражувања за тоа што во подолг временски период предизвикуваат и дали воошто предизвикуваат нешто?

Секој како сака, но ПРИНУДНА вакцинација не смее да има во никој случај, уште помалку за млади луѓе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom