Македонска берза

Член од
21 август 2017
Мислења
159
Поени од реакции
133

Има ли некој нешто да каже нешто околу овој текст. Ако од ова горе е точно само 10% тогаш ни се спрема нешто слично како поплавата во Германија, а таа богами не е баш дека се излеала само една мала рекичка и ги потопила тие што граделе во несигурните 50 метра од коритото. Тие што вложуват пари на берзиве последниот месец изгледа дека не го читаат овој форум или веруваат толку многу дека ќе добијат неверојатни дупли дивиденди во Октомври, ако ЕЦБ даде зелено светло, дај боже да е така, ама секогаш има едно големо арно ама .....
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
Абе ако сакаат можат и редовна и две вонредни дивиденди да исплатат но не можат да го надминат eps по акција од претходната година. Го имам постирано тоа и тука на форумот, но го има и во Законот за Банки.
Toa znaci deka dobivkite od prethodnite godini nema nacin kako da se isplatat na akcionerite kako dividenda vo nekoja godina? Od taa godian ke isplatat 100% ama nemozat poveke, i nema nikakov nacin da se isplatat stari dobivki? Ne mi e logicno.
 
Член од
2 мај 2020
Мислења
106
Поени од реакции
164

Објаснувањето е следново: ако добивката за 2020 на некоја банка, на пример, изнесува 10 милиони евра кои со одлуката за распоредување на добивката за 2020 година се наменуваат за инвестиции (или за други намени, кои не вклучуваат исплата на дивиденда), тогаш банката може да донесе одлука за исплата на дивиденда од акумулираните добивки од претходните години кои не биле ограничени за распределба на акционерите, но не повеќе од 10 милиони евра.

Или, ако со одлуката за распоредување на добивката за 2020 година 5 милиони се распоредат за инвестиции, а 5 милиони за дивиденда, тогаш банката може да исплати уште максимум 5 милиони дивиденда од акумулираните добивки од претходните години кои не биле ограничени за распределба на акционерите.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Во тој случај акционерите на ТНБ и СТБ џабе си прават бајрам на мозокот дека ќе лапнат одеднаш две дивиденди, а уште повеќе се зголемува значењето што лани КМБ каубојски си исплати дивиденда :zver: За повеќето животинки од фармата „препораката“ значеше забрана, ама за влашките животинчиња испадна само препорака.

Изгледа дека се тврди пазар да си спремат банките некоја лујвитонка кеш да отидат на бацирака у НБРСМ да се симне забраната за исплата, инаку ланските добивки ќе останат засекогаш заробени во билансите на состојба...
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440

Има ли некој нешто да каже нешто околу овој текст. Ако од ова горе е точно само 10% тогаш ни се спрема нешто слично како поплавата во Германија, а таа богами не е баш дека се излеала само една мала рекичка и ги потопила тие што граделе во несигурните 50 метра од коритото. Тие што вложуват пари на берзиве последниот месец изгледа дека не го читаат овој форум или веруваат толку многу дека ќе добијат неверојатни дупли дивиденди во Октомври, ако ЕЦБ даде зелено светло, дај боже да е така, ама секогаш има едно големо арно ама .....
Какви се тие спектакуларни балони?
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
Во тој случај акционерите на ТНБ и СТБ џабе си прават бајрам на мозокот дека ќе лапнат одеднаш две дивиденди, а уште повеќе се зголемува значењето што лани КМБ каубојски си исплати дивиденда :zver: За повеќето животинки од фармата „препораката“ значеше забрана, ама за влашките животинчиња испадна само препорака.

Изгледа дека се тврди пазар да си спремат банките некоја лујвитонка кеш да отидат на бацирака у НБРСМ да се симне забраната за исплата, инаку ланските добивки ќе останат засекогаш заробени во билансите на состојба...
Ниту НЛБ ниту СТБ не исплаќаат 100% во дивиденда. Така да, ако решат да ги исплатат насобраните пари, ќе можат, парите нема да се заробени засекогаш. Пример, НЛБ исплаќа 60-70% од добивката, па ако сака да ги исплати тие средства, ќе може да одлучи да исплати 100% и оваа и наредна година, со што акционерите би ги добиле тие пари, но малку ќе почекаат :) Секако нема да е една дупла дивиденда него две поголеми дивиденди во однос на претходните.
СТБ ако има веќе тргнато 90 денари за оваа година, наредна ќе може цела добивка од отприлика 140-150 денари по акција да ги исплати на акционерите.
За дивидендите све зависи од септември/октомври, дали ќе има нов бран на корона или не,не во МК него во ЕУ/цел свет. Ако е ситуацијата како претодните 2 месеци и продолжи така, сигурно ќе има ослободување, најпрво во ЕУ па потоа и во МК. Никој од НБРМ не треба, а и реално не измислува топла вода, само копираат насоки и препораки од ЕУ.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Очекувам колку од утре реакција на Здружението за градежништво кадешто ќе се тврди дека има основа за раст на цените и дека тој ќе трае вечно :vozbud: Квадрат што кошта 300-400 евра да се изгради сакаат да го продаваат за 1.300-1.400

Член од
19 октомври 2012
Мислења
319
Поени од реакции
277
Абе ако сакаат можат и редовна и две вонредни дивиденди да исплатат но не можат да го надминат eps по акција од претходната година. Го имам постирано тоа и тука на форумот, но го има и во Законот за Банки.
Тоа важеше во услови пред ковид и пред НБРМ да забрани исплаќање на дивиденда. Истото може да се смени кога ќе биде укината таа одлука. Значи НБРМ може да каже дека одлуката не важи повеќе и дека банките имаат право да исплатат дивиденда за добивките од 2019 и 2020 год.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380

@zoraxe ова нема врска со ковид и со забраната за исплаќање на дивиденда.

Ова е многу порано, и сакаа да спречат преголем девизен одлив и повлекување на капиталот на банките од нивните странски сопственици. Ти можеш да очекуваш што сакаш, но според мене 99,98% е веројатноста дека ова ограничување ќе остане.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
436
Поени од реакции
538
Какви се тие спектакуларни балони?
Би претпоставил дека во оригиналниот текст се работи за “шпекулативен балон“ , и дека нашиве мудри препишувачи ја промашиле терминологијата
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Ако навистина со Законот за банки е предвидено да не може да се исплати повеќе од минатогодишната добивка, тогаш наместо одлука на НБРСМ, ќе мора да се изврши законска измена во Собрание, што е многу потешко, а особено ако Законот за банки се смета за системски и бара двотретинско мнозинство.

Меѓутоа, во задниве години максимално се распродава македонската државност за приватен и партиски профит, па тоа што не може да се купи со пари, ќе може да се купи со повеќе пари. Може по пример на откупот на ГА-МА од Макпетрол и овдека да се донесат законски измени за да се дозволат поголеми исплати, само лујвитонката ќе мора да биде поголема.
 
Wau

Член од
5 јули 2021
Мислења
55
Поени од реакции
62

Законот за банки се менува со просто мнозинство. Не би се согласил дека на тие што треба да дадат „лујвитонка“ им менува нешто оваа забрана. Ако имаат доволно моќ тоа да го организираат, не им треба - сведоци сме на други начини како тие си ги повраќаат вложените средства па и нешто екстра.
 
Член од
2 мај 2020
Мислења
106
Поени од реакции
164
Во цел свет берзите во црвено, МСЕ во зелено, индексот достигнува нов врв! Машала!?
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Најискрено навивам КМБ да достигне 10.000 денари
 
Kajgana Shop

На врв Bottom