Во тој случај акционерите на ТНБ и СТБ џабе си прават бајрам на мозокот дека ќе лапнат одеднаш две дивиденди, а уште повеќе се зголемува значењето што лани КМБ каубојски си исплати дивиденда
За повеќето животинки од фармата „препораката“ значеше забрана, ама за влашките животинчиња испадна само препорака.
Изгледа дека се тврди пазар да си спремат банките некоја лујвитонка кеш да отидат на бацирака у НБРСМ да се симне забраната за исплата, инаку ланските добивки ќе останат засекогаш заробени во билансите на состојба...
Ниту НЛБ ниту СТБ не исплаќаат 100% во дивиденда. Така да, ако решат да ги исплатат насобраните пари, ќе можат, парите нема да се заробени засекогаш. Пример, НЛБ исплаќа 60-70% од добивката, па ако сака да ги исплати тие средства, ќе може да одлучи да исплати 100% и оваа и наредна година, со што акционерите би ги добиле тие пари, но малку ќе почекаат
Секако нема да е една дупла дивиденда него две поголеми дивиденди во однос на претходните.
СТБ ако има веќе тргнато 90 денари за оваа година, наредна ќе може цела добивка од отприлика 140-150 денари по акција да ги исплати на акционерите.
За дивидендите све зависи од септември/октомври, дали ќе има нов бран на корона или не,не во МК него во ЕУ/цел свет. Ако е ситуацијата како претодните 2 месеци и продолжи така, сигурно ќе има ослободување, најпрво во ЕУ па потоа и во МК. Никој од НБРМ не треба, а и реално не измислува топла вода, само копираат насоки и препораки од ЕУ.