Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Медицинскиот и помошен мед.и техн. персонал кога пружаше здравствени услуги на ковид болни, го жртвуваа своето здравје бидејќи немаа соодветна заштитна опрема , но збор не рекоа, беа беспрекорно хумани и пожртвувани, а сега треба од свој џеб да платат тест ако не се вакцинирани, кога ќе дојдат од одмор, пред да појдат на работа
Срамота....а не праша ли некој кога се изразболивме сите, па и дома вирусот кога го носевме....за сега тие вакцинираните да не дискриминираат и да се чувствувам како жидов во Аушвиц...ние не се плашевме од заразените, а они сега се плашат од нас, ни ставаат забрани....срамно страшно.....се е пореметено:place:
 
мене ме плаши да нема одложување на некои вакцини според календарот за имунизација во име на антиковид вакцини кај децата

Од каде ова? Или колку да се хејта против вакцината? Како кинисало за све живо ќе ги оцрните вакциниве.
Го тупи. Има одреден тренд на намалено вакцинирање, ама тоа пред се поради лични причини на родителите (не ги носат децата да се вакцинираат ).
 
...ти прво не ме разбра што напишав, не знам дали ПАК да објаснам!
Ќе видиме за ~2 месеца.
... СЕГА ја гледаш!
 
Последно уредено:
Го тупи. Има одреден тренд на намалено вакцинирање, ама тоа пред се поради лични причини на родителите (не ги носат децата да се вакцинираат ).
...и ти не разбра,
реков за во иднина не за сега, во тек се клинички студии за антиковид вакцини за млади (тинејџери), а потоа на ред се за најмладите- децата!
 
...ти прво не ме разбра што напишав, не знам дали ПАК да објаснам!

... СЕГА ја гледаш!
Да де. Сеа ја гледаме оваа шо помина, за пар месеци данок на ново ќе си зима.
 
и ти не разбра
Никој не те разбира, а оние што те разбираат се изморија да ти пишуваат веќе.
Остај ги луѓето што сакаат да се вакцинираат нека се вакцинираат не пуштај само суптилни муабетчиња демек еве и јас сум за вакцинирање амаааааа...... (а после ама литерати у недоглед како е несигурно, непроверено, не ова, не она).
Стварно толку е едноставно, тие што сакаат ќе се вакцинираат а тие што несакаат нека не се вакцинираат не ги пишмани тие што се на два ума.
 
... советите твои насочи ги кон тие што ти ги бараат, да замижеш не значи дека си ги решил проблемите, но барем еден можеш да решиш кликни на игнор!

...инаку веќе се планира трета доза за тие со Фајзер, ако веќе се внесе mRNK да го препознае вирусот зошто се иде на трета доза или може да се искомбинира Фајзер со трета доза со Синовак, ме интересира баш мислењето на тие што примиле Фајзер како ќе постапат?
 
Последно уредено:
Медицинскиот и помошен мед.и техн. персонал кога пружаше здравствени услуги на ковид болни, го жртвуваа своето здравје бидејќи немаа соодветна заштитна опрема , но збор не рекоа, беа беспрекорно хумани и пожртвувани, а сега треба од свој џеб да платат тест ако не се вакцинирани, кога ќе дојдат од одмор, пред да појдат на работа
Срамота....а не праша ли некој кога се изразболивме сите, па и дома вирусот кога го носевме....за сега тие вакцинираните да не дискриминираат и да се чувствувам како жидов во Аушвиц...ние не се плашевме од заразените, а они сега се плашат од нас, ни ставаат забрани....срамно страшно.....се е пореметено:place:
Веројатно нема да бидат децидни со тие што прележале... Види, по некоја логика не се подржува праксата медицинарите да не веруваат во самата медицина. Треба да те вакцинира некој кој не сака да се вакцинара? Дали мислиш дека е коректно матичен лекар да советува (читај убедува) пациент без било какво заболување во години да не се вакцинира? Такви случаеви има многу.
Дали мислиш дека е коректно и хумано пред се, рандом пациент со рандом болест да биде заразен од медицинско лице одејќи заради некаков трет проблем?
Според мене такво медицинско лице треба да одговара за загрозување на јавното здравје.
 
... еве ќе се помачам и ќе направам табела,

Morbili- кај 96% од вакцинирани со две дози на вакцина се добива доживотен имунитет со постепено опаѓање на титарот на антителаатенуирана
Rubeola- кај 90% од вакцинираните со две дози вакцина се добива имунитет за 20 годиниатенуирана
Parotitis
заушки
- кај 90% од вакцинирани со две дози од вакцината се добива имунитет за 10 години,atenuirana
Hepatitis B- доживотен имунитет или најмалку 20 години,рекомбинирана
(мртвa)
Difterija- кај 95% од вакцинирани се добива имунитет 30 годинитоксоид бактерија (мртва)
Tetanusсе добива имунитет од 15 - 25 годинианатоксична базирана на токсоид бактерија одговорна за тетанус (мртва)
Detska paraliza
(poliomijelitis)
IPV
- кај 90% од вакцинирани повеќе од 18 годиниинактивна (мртва)
Haemophilus influenza
tip B
- добиен имунитет повеќе од 9 годиниполисахаридна (мртва)
HPVсоздаден имунитет повеќе од 30 годинирекомбинирана (мртва)
Pneumokokna vakcina- создава имунитет 3-8 годиникоњугирана, полисахаридна (мртва)
Meningokokna vakcina- создаден имунитет најмалку за 5 годиникоњугирана полисахаридна (мртва)
Rotavirus vakcina- создадена антитела за 5 години, потоа титарот на антитела опаѓаатенуирана
Varicella- вакцинирани со две дози создава имунитет за 20 годиниатенуирана
BCG vakcina – против турбекулоза- кај 50% од вакцинирани создава 25 години имунитет, кај некој повеќе, но не доживотноатенуирана бактериска
Hepatitis A- кај 95% од вакцинирани со две дози се создава имунитет и трае повеќе од 25 годиниинактивирана
Variola Veraсоздаден доживотен имунитетатенуирана

Прегледај го приврзокот 301588

...еве ги вакцините ( некои задолжителни со редовна имунизација, дел незадолжителни) со назначен временски период на траење на создадениот имунитет после втора доза од примена вакцина, дали би можеле тука да ги ставиме и антиковид вакцините?
- на антиковид вакцините не им се знае временскиот период на траење на создадениот имунитет после вакцинирање три месеци, шест, година, доживотно?
- на антиковид вакцини не им се знае точните дози за ревакцинирање една, две дози, три дози?
- со антиковид вакцини, вакцинираниот може повторно да се инфицира со вирусот, затоа пак мораме да бидеме заштитени со носење заштитни маски и држење растојание,
- за иста болест Ковид 19 има на располагање истовремено различни 7, 8 и уште две во развој- 10 вакцини? која е соодветна, поефикасна, со несакани ефекти?
- брзиот начин на пуштање за примена и скратените клинички студии до можни непознати несакани дејства и можни автоимуни бурни реакции нема да ги спомнам,
- сите антиковид вакцини се авторизирани и одобрени САМО за ИТНА примена поради опасност по здравје на човекот за време на пандемија,
...ете затоа ги нареков антиковид вакцини ,,провакцини,, затоа што не се како сите други класични вакцини што ги набројав погоре, а ние ги ставаме во ист кош, затоа треба искрено следење на тие што прележале К19, па имаат висок титар на атитела, па се сметаат како да се вакцинирани ,,природно,, за разлика од другите со вештачко примени антиковид вакцини!

...затоа, мора да коментираме за сите можни ситуации, само и само во интерес на нашето здравје, а не веднаш обвинување, вреѓање и неприфаќање туѓо мислење, токму затоа што е 21 век, а не се одговорени многу прашања!
Malku of topik, ama neli lani koga ae ushte nemashe ni vakcini ni lekovi, imashe diskusii dali bsz vakcina bi pomognala...jas na 50g pak primiv bsz vakcina, 2020, ama lani sakav da prasham, ete ako ne vakcina, dali moze mantu proba da napraam...ispadna svetski problem, da ne kazam atomska bomba..nikoj aber nemal za bsz vakcina...pa i vo Veles se javiv telefonski,
site begaat ko od shuga a vsushnost ne znaat...toa e problemot, neznaenje, ili ushte polosho nekoja shema nametnata od moknici za igranje so narodot...zatoa i ima demonstracii, bash vo naprednite zapadni drzavi....gi podlazuvaat od vreme na vreme so olabavuvanja, eve imavme euro so polni stadioni, sega ja spremaat
Olimpiadata a delta se shiri...
Ne sum strucnjak, ama znam deka kako pravea pojaki i pojaki otrovi kaj nas vo Ohis, taka kompirovata zlatica stanuvashe pootporna...vremeto ke pokaze, do togash ke ima lutanje...bay the way, ne sum naishol poodamna, sto pravat vo Nov Zeland?
 
Веројатно нема да бидат децидни со тие што прележале... Види, по некоја логика не се подржува праксата медицинарите да не веруваат во самата медицина. Треба да те вакцинира некој кој не сака да се вакцинара? Дали мислиш дека е коректно матичен лекар да советува (читај убедува) пациент без било какво заболување во години да не се вакцинира? Такви случаеви има многу.
Дали мислиш дека е коректно и хумано пред се, рандом пациент со рандом болест да биде заразен од медицинско лице одејќи заради некаков трет проблем?
Според мене такво медицинско лице треба да одговара за загрозување на јавното здравје.
Види Шели, медицинарите кои не сакаат да се вакцинираат, всушност познаваат медицина, затоа и не сакаат вакцина. Сега ти размисли дали е така или не. По дефолт не се тоа особи од ваш калибар кои се едуцирани од портали и квази научни студии кои излегуваат секојдневно по порачка.
Рандом пациент ако зарази лекар хумано ли е или коректно е !!
Рандом пациент од кого да се зарази по тебе би било хумано или барем коректно !!
Хумано ли е пациент да плаќа 12.000 евра на приватно за да го примат уопште !!
 
Логичниот заклучок би бил отстранување или минимизација на ризикот од заразување(како и потребата за хопитализација). Ерго вакцинација на сите (потенцијално)вклучени страни и користење заштитни маски коа има потреба.
 
Добро, како ќе се реши тој проблем? Знаеме дека во екот на пандемијата беа мобилизирани студенти, средношколци, па и од другите области (како биохемичари) да помогнат колку и каде можат. Имаме 85% имунизиран медицински персонал! Што со останатите 15%!? Дали треба да бидат избркани од работа или суспендирани? Рачунај дека има дефицит на кадар и дел веќе учат германски/англиски за да си заминат од оваа држава во прва можна прилика.

Инаку поголеми шанси да закачиш Ковид имаш во продавница каде одиш секој ден или скоро секој ден отколку на доктор каде одиш 1-2 во годината. И ваму и таму циркулираат потенцијални преносители и заразени лица. :)

Маската во затворен простор сеуште е активна мерка.

Истото се однесува и за наставниците, учителките и професорите. Не треба да има двојни стандарди.
 
Ај да се самоцитирам.

Ерго вакцинација на сите (потенцијално)вклучени страни и користење заштитни маски коа има потреба.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom