Дискусија околу Полицијата

Да, да, чаршиски моабети :)

- Индекс на криминалитет за прва половина у 2021 - поголем од Србија, Бугарија, Германија.

- Инспектори го држат цел нарко пазар, рекетираат дилери, врбуваат дечурлана да шпиунираат за нив, епидемија на наркозависници у секој град.

- ДЕА дојде у Македонија да апси пошто вие и вашите надредени бевте многу способни.

- Издавање на пасоши, лични карти на платени убици и интернационални мафијаши.

- Скандал во МВР: Полицајка се сликала разголена во униформа и фотографијата ја објавила на социјалните мрежи - 24 Инфо (24info.mk)

- Полициски службеник и советник на министерот за здравство фатени како конзумираат дрога - Канал 5 (kanal5.com.mk)

- (ФОТО) Скандал: Полицајци се закануваат со тепање ако не го почитувате полицискиот час! – Лидер (lider.com.mk)

Можам до утре вака, ама не ми се ебава моментално, доволно е и ова за да ти ја доловим поентата.

И да, џабе глумење мангупи кога ве шамараат на секој втор чекор, не смеете да писнете на луѓе што кршат сериозни закани, ама затоа може да се иживљавате на поштен народ. :)

Затоа вечерва наместо на рација кај дилеришта на жуто и бело кои што вашите колеги ги штитат, пуштете се по паркови и на други места кај што седи младината да си го напуните егото, не заборавајте обавезно соблакање до гола кожа при пронаоѓање на ризли, како и повеќе часовно малтретирање у случај на пронаоѓање на четврт грам вутра.

Да не заборавиме, СЕДИТЕ ДОМА КЛОШАРИ! :pos:
Не знам дали си од Скопје - ако си, тогаш сигурно ја знаеш полициската станица на Водно.. Навечер има луѓе што трчаат по треил патеките и носат челни ламби како и сите треил ранери во светот. Застанале на чешмата да пијат вода и со ламбите како што се навалувале засветиле изглеа по прозорите и фатиле да се појавуваат овие од таму :pos:
се симнала некоја кокошка со другот нејзин (можда среде рокачење им засветиле), кои сте вие, што правите, е што да прават бе со челни ламби и хидрациски ранци, сигурно не дилаат дрога.. Што е најсмешно тука баш е стартот на Водно Матка треил маратонот, значи комплетно паднати од Марс што ивенти имаат во околината :pos: ама тоа е, ќе ги крмиме.
 
Никој не може да ти пишува казна ако не го прекршуваш законот :)

Не е проблемот со казнување, некои работи треба да се потсредат. Ама дали искрено мислиш дека е нормално да имаш казни по 300€/400€ во држава каде што минимална плата 200/250€?

Ист прекршок направив во Македонија и Австрија. Во Австрија ме чинеше 65€, кај нас 300€. Да не ги споредуваме економските прилики, и кој каква казна може да си дозволи.

Селективната примена на закон е друга ствар. Или ке важат законите за сите, или за никој. Да не мора после пак да глумите дека сами сте се удирале од пајак возило.

Да посакаш да бидеш џандар обичен или сообраќаец цел живот, треба ептен да немаш амбиција во живот.
 
А зошто не пробаш да го почитуваш законот како прво, за висината на казната се жали тој што сака да го крши законот, као еве јас возам брзо па и да ме фатат ке платам 10 евра и чао
 
Имаш само празни чаршиски муабети што некој ваков како тебе ги измислил.
Ај кажи ги фактите чекам ...
И сега ти тука дојде сите нас обичниве смртници да не убедуваш како тоа полицијата е во право и си работи спрема закон,а ние граѓаните сме криминалци и прекршители на законот ?

Другар,цела Македонија знае каква полиција имаме.Нема потреба да не убедуваш,не си ја мачи душата.
 
Има луѓе преку партија што влегоа и без пари а богами имаше некои и што платија одредена сума ама беа поебани јбг треба да го имаш правиот човек кај да платиш
најјако од се е што се жалат од условите и платата мислиш со сила од дома ги земаа да бидат цајкани

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
И сега ти тука дојде сите нас обичниве смртници да не убедуваш како тоа полицијата е во право и си работи спрема закон,а ние граѓаните сме криминалци и прекршители на законот ?

Другар,цела Македонија знае каква полиција имаме.Нема потреба да не убедуваш,не си ја мачи душата.
Како прво не си ми другар, како второ никого не убедувам, а како трето, по пети пат се трудам да ви објаснам дека никој во државава не не само полиција туку сите институции што извршуваат санкции не можат да ве казнат " за глупости" туку за истото постои закон и член за кое е предвидено казна, а вие ако толку го почитувате законот зошто се буните ?
Така мислите полицијата од глава измислува членови од закон за да ве казни вас, ако не ви се допаѓаат законите и износот на казните бунете се таму кај што треба, полицијата не гласа закони.
 
Средете си го криминалот најпрво во вашите редови и почнете да ги казнувате богаташите и влијателните во државава.Иритира тоа што законот важи само за нас обичните луѓе во државава,додека некое богато гнасиште и човек да утепа нема да го лежи затвор.
Ја сфаќаш сега поентава зошто сме револтирани од државниве институции?
 
До 30 на саат над дозволеното надвор од населено место може да возите со некоја смешна казна, за која најверојатно и нема да ве запрат. Над 30 одземаат возачка.
 
Еее од кога јадам гомна дека и овие и тие на патарина треба да бидат сменети со автоматизирани системи, постојат еден куп готови и испробани/тестирани решенија на пазарот.

Скопје се распаднаа камерите и никој не ги проработи, а 100% сум сигурен дека системот ќе проработеше со парите од 3 месечни плати за џаболебариве.

Само не им одговара тоа, така ќе треба секој да си плати казна и нема да може да се тркаат по булевари.
Камерите работат и си сликаат казни по таблици. Кај и да е ќе ни ги праќаат дома.
 
До 30 на саат над дозволеното надвор од населено место може да возите со некоја смешна казна, за која најверојатно и нема да ве запрат. Над 30 одземаат возачка.
Море запираат, си плаќаш на лице место, и пос терминали имаат :pos:
 
Имаш само празни чаршиски муабети што некој ваков како тебе ги измислил.
Ај кажи ги фактите чекам ...

Кога ме застана колега твој не знаеше странска сообраќајна на латиница да прочита. Мораше да бара помош од колегата кој адреса на живеење ја протолкува како "Ова е Цирих Швајцарија"

А Zurich Assurance е името на осигурителната куќа од возилото. Невозможно е колку сте неписмени, шимпанзото Коки е супериорен во секој можен поглед споредено со новиве прашинари
 
Средете си го криминалот најпрво во вашите редови и почнете да ги казнувате богаташите и влијателните во државава.Иритира тоа што законот важи само за нас обичните луѓе во државава,додека некое богато гнасиште и човек да утепа нема да го лежи затвор.
Ја сфаќаш сега поентава зошто сме револтирани од државниве институции?
Тема на дискусија беше како полицијата казнува "за глупости" зошто да возиш дупло над дозволеното за некого е глупост, а за тоа колку се реализираат тие пријави обратете во суд, зошто судот е тој што ги научи луѓето на "имам врски в'суд" и "ќе плаќам само судски трошкови"
 
Кога ме застана колега твој не знаеше странска сообраќајна на латиница да прочита. Мораше да бара помош од колегата кој адреса на живеење ја протолкува како "Ова е Цирих Швајцарија"

А Zurich Assurance е името на осигурителната куќа од возилото. Невозможно е колку сте неписмени, шимпанзото Коки е супериорен во секој можен поглед споредено со новиве прашинари
Празни муабети, сакаше да испаднеш смешен нешто или ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom