Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Што побрзо и повеќе се вакцинираме то побрзо ќе ја надминеме пандемијата. Едноставно е.
Игорче немам сили и енергија многу да се објаснувам на оваа тема,ама ајде ќе се обидам:
Ние обичните смртници не сме ни приближно квалитетно информирани како што мислиме,па оттука паѓаат во вода сите интерпретации,графикони,анализи или што и да е околу оваа тема.
Колку јас како обичен смртник можам да знам дека некој ми ја кажува вистината,до колкава мера ми ја кажува вистината и дали ми ја кажува целата вистина во приказнава или можеби има и друго решение во приказнава ?
Гледаш дека помеѓу самите доктори има несогласувања околу вирусот и вакцините.

Едно нешто е сигурно,медиумски се напумпа работава и тоа е тоа што си го направи своето.Имаше еден член,не го памтам,ја даде една од најгенијалните изјави на темава: Да не бевте вие,немаше ни да знам дека постои вирусов.
Што понатаму ?

Вирусов не е некој ултра заразен или ултра смртоносен па да се потресуваме сега,да умираме од стравови...Премногу радикални мерки се воведоа за работа која не е до толку опасна.На народот му е преку глава.

А околу вакцината,ниту сакам,ниту пак смее некој да ми наметне дали да се вакцинирам или не.
И молим те,немојте со такви логики како тие погоре на The Trooper.

Ron Burgundy па кога ќе се убаци на темава со неговата генијалност...:facepalm:
 
...не те прашав за вербално одобрување, не ми врти муабет..те прашувам дали даваш написмено одобрение како при антиковид вакцини...Да! или Не!

Нема разлика писмено и усно одобрение.
 
Нема разлика писмено и усно одобрение.
...тоа на друг да кажеш дека е исто усно и написмено одобрување!
- зошто не ми одговараш на прашањето со Да или Не?
нели вакцини како вакцини, антитетанус и антирабиес вакцини треба 5 ревакцинации, дали за нив потпишуваш написмено образец кога се примаат како што потпишуваш за овие две дози на антиковид вакцини?
 
...ај малку смири доживљај, не го прави тоа што не сакаш да ти го прават и тебе овде на форумов!
По логика на нештата, ти значи сакаш да ти вршат психолошка тортура и да шират невистини од твојот приватен живот! Ок, да си знам. ;)
 
По логика на нештата, ти значи сакаш да ти вршат психолошка тортура и да шират невистини од твојот приватен живот! Ок, да си знам. ;)
Што лошко си бил и ти...рчкало едно:facepalm:
 
Што лошко си бил и ти...рчкало едно:facepalm:
Рада, само дадов општа констатација. Дали има нејзина максима? Да. Другите 2 параметри се засебни кои твојата другарка ги практикува и применува.

Дали ќе ја закачам? Не зависи од мене тоа, туку од твојата другарка. Иако лично секако дека не сакам.
 
Јасно изрзена согласност е и во двата случаја.
Писмена согласност дава секој пациент на кој треба да се примени инвазивна медицинска метода, така стои во правилникот, член бр.не ти е битен.
Штом за вакво доброволно вакцинирање бараат согласност, потпис или црно на бело, значи дека се уште вакцината е во фаза на испитување и произведувачот мора да се заштити.
Кратко, но јасно.
 
Не ваѓајте вакви бога ви љубим, па овие за да произведат пажња на социјалните мрежи и сопствените деца би ги изложиле на срам

башка тоа, повеќето од ,,овие ,, се вакцинирани
Da se nasmeeme malku vo ova vreme nevreme :D
 
Кои се тие популации и колку кои не смеат да бидат вакцинирани, кога од 7г па до 107г почнато е со вакцини.
Луѓе со специфични здравствени проблеми, луѓе со алергии на одредени елементи од вакцината, болни од рак, трудници во прво тромесечие итн. Јас конкретно имам здравствена состојба поради која не ми било дозволено да примам вакцината од АЗ на пример.

Сам себе убијал со напишаново :confused:
Значи и вакциниран можеш да го пренесеш... тогаш тие популации кои не можат да се вакцинираат како тоа ќе ги заштитиш ако и вакциниран можеш да пренесеш... некако логиката и фантазијата не држи вода со желбите
60-70% заштита што не е јасно? Ваљда разбираш дека 70 е поголемо од 0 и дека вирусот многукратно полесно и побрзо се шири кај невакцинирани популации отколку кај вакцинираните?

Во реалност, ова тврдење не ти е точно. Да беше така, ќе имавме сега 3-4 цифрени бројки.
Ако лесно брзо мутира, тогаш немаш гаранција сегашната вакцина дека ќе делува на новиот мутант.
Реалноста е дека речиси да немавме случаи на грип, а Ковид по 1000+ случаи на ден. Лесно мутира, но вакцината сеуште пружа одредено ниво на заштита и против мутациите. Сите мутации што се појавија се појавија уште пред масовните вакцинации или на местата каде што нивото на вакцинација е многу ниско.
 
Луѓе со специфични здравствени проблеми, луѓе со алергии на одредени елементи од вакцината, болни од рак, трудници во прво тромесечие итн. Јас конкретно имам здравствена состојба поради која не ми било дозволено да примам вакцината од АЗ на пример.
60-70% заштита што не е јасно? Ваљда разбираш дека 70 е поголемо од 0 и дека вирусот многукратно полесно и побрзо се шири кај невакцинирани популации отколку кај вакцинираните?
Реалноста е дека речиси да немавме случаи на грип, а Ковид по 1000+ случаи на ден. Лесно мутира, но вакцината сеуште пружа одредено ниво на заштита и против мутациите. Сите мутации што се појавија се појавија уште пред масовните вакцинации или на местата каде што нивото на вакцинација е многу ниско.
...грешка си, мутации на коронавирусот настанува токму од вакцинираните, за да ја ,,избегне,, вакцината во телото, коронавирусот мутира, за да ја излаже создадената антитела од вакцината, што мислиш делта сојот како настанал,
...инаку, врз база на ова сознание за мутациите, се испитува можност на создавање на синтетски добиен ,,лажен,, коронавирус кој не е вирулентен, а ќе ја заземе улогата и ,,ќе го излаже,, и ќе го спречи вирулентниот вистинскиот коронавирус, ама тоа отом потом!
 
Последно уредено:
...грешка си, мутации на коронавирусот настанува токму од вакцинираните

зошто лажеш? сите мутации се настанати пред да почне вакцинацијата. Ју ар фејк њуз. Фејковача.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom