ЕУРО 2020 - Финале | Италија - Англија | 11.07.2021 (21:00)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион на ЕУРО 2020?


  • Вкупно гласачи
    161
  • Гласањето е завршено на .
Сега сум подготвен. Чувствувам дека имам уште многу што да дадам. Ќе се вратам за неколку месеци, ама сакам да мислам дека вечерва сите заедно ќе спринтаме. Си замислувам како Брајан Кристанте, првиот соиграч кој ме тешеше после повредата, како крева во раце нешто многу повредно и позначајно од мојата глава.

 
Ретко се случува да има големо фудбалско финале а јас да сум неутрален. Ама по синоќешното финале на Копа Америка и титулата на Аргентина, апсолутно ми е сеедно кој ќе освои ЕП вечер. Најбитно што ќе се гледа во друштво со пиво и мезе.

Италија покажа најмногу на првенството ако го земеме во целост. Изненадија колку се добро координирани како екипа. Манчини без разлика дали ќе освојат за мене е тренер на првенството. Не е мала работа да го кренеш тимот вака после пропуштено СП.

Англија главно низ годините не сум ја сакал. На последното СП во Русија ми беа некако симпатични, зашто немаа некои очекувања а стигнаа далеку. Сега немам некои посебни симпатии, но по толку години чекање нема да ми биде криво ако освојат. Башка мислам се претера со хејтање кон нив, кое е претерано и неоправдано.
 
Уште не го кракнаа составот на Англија како на секоја досегашна утакмица?
 
Темава најголем флоп на форумов со оглед на тоа каков build up се очекуваше и најавуваше за финалево.

Се истрошија дискусиите во Фудбалски трансфери за Грилиш и преценетоста на Англиските фудбалери, и во претходната тема кога Рики ги потроши сите провокации и почна со "драгонски" хумор.
 
Уште не го кракнаа составот на Англија како на секоја досегашна утакмица?
3-5-2 или 3-4-3 (зависи Маунт каде би играл)

Трипие место Сака, другите 10 исти
 
Се истрошија дискусиите во Фудбалски трансфери за Грилиш и преценетоста на Англиските фудбалери, и во претходната тема кога Рики ги потроши сите провокации и почна со "драгонски" хумор.

А стварно, што е со Драгонот, знае некој? Добар е физички/здравствено? Го снема нагло...
 
Дали знае некој кај може да се гледа финалето асално во центар негде? Имам гости од Романија, па да ги носам некаде на пиво низ центар.
 
Не сум во можност да го гледам финалето, но се надевам дека групата пензионери, земјоделци и стечајни работници од чизмата ќе извојува победа врз големите професионалци од островот.

Ако успеат во тоа, конечно ќе се помирам со фактот дека Манчини е добар тренер и дека најверојатно не сме го сфаќале сериозно заради глупата фризуричка, која никако не ја смени па и со тоа ќе мораме да се помириме.

Ако победат Англичаните, честитки за Саутгејт, сосема позитивен лик е човекот и сакам кога такви воспитани и фини луѓе прават успеси.

Forza Italia секогаш, но немам никаков анимозитет кон Англичаните.

Бидете мирни, утре сакам да гледам хајлајтси и да читам дискусии, не да разгледувам пријави.
 
Прејако ќе биде ако го откажат финалево, зашто оргиве ги нарушиле Ковид протоколите.

 
Ретко се случува да има големо фудбалско финале а јас да сум неутрален. Ама по синоќешното финале на Копа Америка и титулата на Аргентина, апсолутно ми е сеедно кој ќе освои ЕП вечер.

Ти си сврши вчера, сеа празен си. Нормално да ти е сеедно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom