Serie A 2020/21

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    129
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.133
Поени од реакции
2.655
На ПСЖ не им требаше итно голман во изминативе 2 сезони пошто го имаа Навас којшто е одличен. Затоа и за Донарума нудеа мали и смешни суми/трампи.
Да немаа класа голман од рангот на Навас, тогаш и 40-50 милиони на 1 година од истек на договор ќе му понудеа на Милан ко ништо.
А верувај дека и 80 + милиони ќе можеше Милан да извади за Донарума ако Донарума продолжеше да брани на високо ниво во наредните 1-2 сезони. И нормално ако Милан го врзеше со 5 години договор.
Не ме зезај големиве тимови ќе искешираа 80+милки ко ништо за да си ја обезбедат таа голманска позиција во наредните 10 години.

Едерсон со 2 години бранење во Бенфика Сити го платија 40 милиони.
Можеш да замислиш колку би платиле за Донарума следната сезона? Ако има 6 години стандардно бранење во Милан + одлични настапи за Италија на Европско и Светско на само 23 години?
Очигледно се погоди изминативе година-две никој голем клуб да не бара класа голман (освен Челзи, но и они после Кепа не можеа веќе да фрлаат многу пари за таа позиција). А и факт е дека со добра игра цената на Донарума само ќе расте, така да не ти ја сфаќам логиката дека би вредел само 50-60 милиони.

Баш ме интересира колку мислиш дека би отишле Облак, Куртоа и Тер Стеген моментално?
Абе Кике, Донарума бараше 12 милиони по сезона. Плус Мино мислам бараше провизија 15-20 милиони за да продолжат договор(нека ме поправи некој ако не е така).
3 сезони ти се 36 милиони плус провизијата доаѓаш до околу 50+ милиони (+замарање и буцкање на Мино секоја година). И ќе го продадат за 80 милиони да речеме. За 30 милиони разлика нејќат да го трпат Мино пошто сите го знаат, нема да имаат раат од него. Помалку од 30 милиони ги чини новиот голман со трансфер и плата. Е на него во иднина може да заработат поише ако сакаат.
Дете што израснал во клубот и добил шанса и капитен да биде и го чекаше статус на легенда, реши за 2 милиони евра поише на 22 години да си погази све. Нејќел 10 милиони на 22 години, сакал 12:facepalm:
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.647
Поени од реакции
48.643

Не беше само за платата. Едноставно Италија ја нема таа привлечност што ја има остатокот од Европа, поготово ПСЖ. Во било кој Италијански клуб , во догледно време ќе игра максимум осминафинале Лига Шампиони и тој пласман за самиот клуб ќе е ок, во ПСЖ осминафинале се гледа како трагедија, узбуни се дигаат, тренери летаат.

Настрана форсот и досетките, Џиџо ефективно никогаш не бил фудбалер на Милан и тоа им беше јасно дадено до знаење уште пред 4 години при последната сапуница. Нема равенка во која Милан би излегол ќар со 20те милиони за Раиола што висат како гиљотина. Едноставно, Раиола се постави како матичен клуб на Џиџо и си бара пари за откупот и Милан одигра добро што не дозволи да бидат влечени за нос.
Допрва ќе гледаме вакви ситуации, нова генерација фудбалери-примадони, без никаква приврзаност кон клубовите и воглавно под негова капа, се почесто ќе силуваат бесплатни излези од клубовите за што поголеми плати и провизии.
 
Заклучивме дека кариерата му ја води Мино, додека Донарума очигледно нема свое мислење. Има играчи што го откачија Мино пошто за него глеа некогаш место за клиентот. Чудно само ПСЖ се јави за него. Без разлика што повеќето клубови имаат голмани(Јунајтед мислам сакаше да се откачи од Де Геа), не се пропушта ваква прилика без пари. Ама никој не сака да си има работа со Мино.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.647
Поени од реакции
48.643
Заклучивме дека кариерата му ја води Мино, додека Донарума очигледно нема свое мислење. Има играчи што го откачија Мино пошто за него глеа некогаш место за клиентот. Чудно само ПСЖ се јави за него. Без разлика што повеќето клубови имаат голмани(Јунајтед мислам сакаше да се откачи од Де Геа), не се пропушта ваква прилика без пари. Ама никој не сака да си има работа со Мино.
Нема тоа сакале-нејќеле. Тоа ќе биде од сега натака. Моќта се префла кај прекупците и фудбалерите. И другите агенти ќе го следат тој пример и ќе биде новото нормално .
Ама ете, Гери Невил не сакаше Супер Лига и заедно со Арапите на Чеферин го спасија фудбалот
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.985
Поени од реакции
9.572
Ај сеа да повториме, никој не вика дека милан требало да даде 12М по сезона + бонуси за свињата, ама требало Малдини да мисли прошло лето и да му извади 30М минимум, а не да ми рачунате ќар од плата и провизии.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.876
Да повториме, нема тим кој му е потребен голман и за истиот да даде 10+ годишна плата.
Гледам се испотепаа минатото лето тимови да платат 30+ за голман кој има уште една година од договор, а Малдини не го даде.

Ако така се вадеа и вие ќе земевте 80мил од Хакими, а не само 20 мил :ROFLMAO:
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.133
Поени од реакции
2.655
Ај сеа да повториме, никој не вика дека милан требало да даде 12М по сезона + бонуси за свињата, ама требало Малдини да мисли прошло лето и да му извади 30М минимум, а не да ми рачунате ќар од плата и провизии.
Лани никој не го побара мислам иако се знаеше дека има уште една година договор. Плус го оставија и се пласираа во ЛШ. И сакаа да му продолжат договор, ама мангупчево до крај одложуваше пошто мислеа на кран Милан ќе попушти и ќе ги дадат парите. А Милан си купи голман у меѓувреме.
Битно е дека си замина без пари, ама уште побитно е дека не попуштија пред лошите услови од Мино и Донарума во момент кога никој не очекуваше. Малдини едноставно реши да се откачи од Мино по секоја цена. Не им треба таков играч и таков агент.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.565
Поени од реакции
5.608
@xxixka Де Геа го спомнав ради платата. Пример ми беше голман со висока плата.
Донарума сакаше 12мил годишно.
За 3 године од сеа имаш скоро 60 мил потрошено на него, Мино само сере низ новине дека е незадоволен сега бара 15-16мил годишно, има само две три екипе на светов што можат да му ја дадат таа плата и ред други работе.

Колку мислиш дека ќе понудат 120?

Едноставно се виде што човек, и дали сега дали за две три сезоне ќе си заминеше. Милан реши дека најдобро е сега да го пушти и да се заштедат и пари и нерви и време.
И не дека е заменет со Кордаз или Миранте, Маињан беше најдобар голман у Франција лани и имаше најголем број клин шитови у Европа.

И ја као фан сум сосема супер со таа одлука, ако за нешто ги бива Евреинов и Американците тоа е финансискиот дел, људите си ја знаат работата
Другар, Донарума на 22 години (да знам замарам со годините) е класа голман, и ако продолжи вака ќе стане еден од најдобрите во свет ако не и најдобар. А од 18-25 години и нема некоја конкуренција.
60 милиони за да имаш ти СВЕТСКА КЛАСА голман во наредните 3 години се НИШТО пари за голем клуб којшто сака да освојува трофеи. Се надевам дека ме сфати што сакам да кажам.

Брат, какво штедење пари жити се? Нели финансиски стабилен клуб е милан? Па Светска Класа голман и можеби најдобриот голман во Италија го пуштија за 0 евра. Дај не ме заебавај жити се.
Па и Интер заштеди 80-90 милиони на Хакими ако гледаш така на плата + трансфер сума така? Или за Интер ќе маваме хехе а за Милан што го изгуби најдобриот голман во лига за 0 евра ќе збориме дека е стабилен финансиски и дека заштедил?

Брат не ме сфаќај погрешно, НАЛЕТ од таква „заштеда“ и за Интер и за Милан. Хакими и Донарума злато вредат, многу млади а веќе светска класа играчи со повеќе сезони изиграни на високо ниво. И Интер и Милан изгубија ПРЕМНОГУ. Тури му пепел ти на такво „штедење“. Гледајки го Фан Клуб Интер чудно ми е како вие од Милан толку лесно го прифаќате ова и ги голтате тие муабети за „штедење“.

Французинот е добар голман, добро се покажа но е ДАЛЕКУ од Донарума да бидеме реални сеа. Се надевам дека ќе ви се погоди и дека ќе има добра борба за титула со добри дерби утакмици. И нормално многу хејт и постови пред и после дерби. :D

Абе Кике, Донарума бараше 12 милиони по сезона. Плус Мино мислам бараше провизија 15-20 милиони за да продолжат договор(нека ме поправи некој ако не е така).
3 сезони ти се 36 милиони плус провизијата доаѓаш до околу 50+ милиони (+замарање и буцкање на Мино секоја година). И ќе го продадат за 80 милиони да речеме. За 30 милиони разлика нејќат да го трпат Мино пошто сите го знаат, нема да имаат раат од него. Помалку од 30 милиони ги чини новиот голман со трансфер и плата. Е на него во иднина може да заработат поише ако сакаат.
Дете што израснал во клубот и добил шанса и капитен да биде и го чекаше статус на легенда, реши за 2 милиони евра поише на 22 години да си погази све. Нејќел 10 милиони на 22 години, сакал 12:facepalm:
Во превод Милан требаше да го плати Донарума 20 милиони.
- 20 милиони за 22 годишен голман којшто веќе е СВЕТСКА КЛАСА се ништо во денешно време.

- 12 Милиони евра по сезона за СВЕТСКА КЛАСА ГОЛМАН на 22 години се големи пари но секој сериозен тим би ги платил за да задржи таков таленти и таков потенцијал.

Не заборавај дека врз Донарума и Тео ти можеш да инвестираш и да градиш тим за во наредни 10 години да гази и доминира низ Европа и Италија.

Ти ги гледаш парите како пари, што би ги дале на период од 3 години.
Да, 36 милиони се многу пари за плата, ама па и Донарума е светска класа голман.
Да, 20 милиони се огромна провизија за Агентот ама пак, за 20 милиони нема да најдеш ни 30 годишен СВЕТСКА КЛАСА голман.

Ме сфаќаш сеа што ми е муабетот цело време?
Милан ако е стварно толку стабилен како што пишувате тогаш тие 20 милиони ќе му ги платеа на агентот, ќе дадеа 5 години договор со 12 милиони по сезона и ќе беа обезбедени со многу млад, светска класа голман којшто во наредните 5 години може да стане и најдобар у свет.

Зашто уопште некој мисли за продавање? Не сака Милан да се врати на стари патеки? Сака да остане тим што се бори за топ 4?
Па самото тоа што ќе имаш и 3 години светска класа голман е огромен плус за клубот.

Маинган е добро голманче, ама е ДАЛЕКУ од светска класа. Затоа и толку ефтино го земаа Милан. Чекај, ќе видиме како ќе се покаже во Италија и како ќе се вклопи во тим.

Абе брат, па на толку финансиски стабилен Милан зар му биле проблем 2 милиони плус по сезона? :D (океј форсам тука).

Шала на страна, глупи ми се муабетиве со колку се заштедило. Па земи продај ги сите добри играчи и пушти деца од младински, знаеш колку ќе заштеди Милан така?

Од фан клуб Јуве што да кажат? Дај да ги продадеме Дибала и Роналдо да заштедиме 200-300 милиони?
Што треба ние од Фан Клуб Интер да кажеме? Еј заштедивме над 100 милиони од Хакими? Дај сеа и Лукаку и Лаутаро да ги продадеме па ќе иаме над 300 милиони заштеда во наредни 2 сезони? Па дај бе дајте ни го Тео во Интер за 0 евра што има везе, колку ќе заштедите у наредни 4-5 сезони од него? :D

Како сакаш кажи, голем пропуст на Милан е тоа. Макар и му ги дадеа парите на Донарума па после го продале/трампале за одличен играч. Вака Милан искача во загуба. Замени светска класа голман којшто има само 22 години ( значи ептен млад и цената само ќе му расте) а донесе просечен добар голман од Франција како негова замена. Ќе се види следна сезона како стојат работите и дали било паметно да се даде Донарума за ич пари. Т.е да се изгуби донарума за тие 2 милиона плус на плата што ги барал. За Хакан исто ќе видиме дали било паметно да не го задржите и дали е куроболие од играч што не вреди ич. :)
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Ова дискусија нема крај! Како неутрален посматрач на ситуацијата, мое мнение е дека Милан паметно изигра. Остајте продавање к*рци палци, Донарума не му треба на Милан сега. Треба да се троши на врвна класа голман плус екстраалчен агент, а од друга страна едвај ЛШ изборуваат.
Да е Милан во ситуација на Сити, па го изгубил Донарума, да му правите сеири, вака колку ти е чергичето, толку пружање ноџињата.
Генерално Серие А е во голема криза ради милион причини, короната плус. Еден Јуве се коцка со животот, не од каприц сигурно. Интер после освојување на титула, у финансиска криза, вие Милан го таргетирате, чувај боже!
Турчинот само за подебавање можете да го користите, Шумоликовски да беше на негова позиција, подобри бројки ќе имаше. Само сакам на Интер да им се погоди. Да беше Перикле, чур што ќе го земеа!
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Каки курац Чалханоглу

Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.026
Поени од реакции
36.807
Ај сеа да повториме, никој не вика дека милан требало да даде 12М по сезона + бонуси за свињата, ама требало Малдини да мисли прошло лето и да му извади 30М минимум, а не да ми рачунате ќар од плата и провизии.
Пак заборавате дека минатото лето беше толку мртво со пандемијава што апсолутно никој не сакаше да понуди ништо специјално за Џиџо и Хакан плус ризикот да ги изгубат на фри многу повеќе им се исплатеше него да ги дадат за 40м комбинирано, со тоа што останаа уште сезона откако Милан почна да игра добро и клубот влезе у ЛШ - целта е делумно остварена.

Го потценувате Мино, Милан 3 години пробуваше да продолжи договор, 3 години имаа затворена врата од нив, што повеќе требаше да направат? Да лажираат потпис негов?
На Мино и Џиџо највеќе им одговараше да си одат на овој начин и апсолутно ништо не можеше да се напраи да се смени, не е Мино ко Ванда курвата па ајде ќе ја измалтертираме за нов договор и да ја откачиме инстантно, никој му нема досеа така напраено, нит па ќе му напраи.

Еве и Јуве мака мачи 3 години со Дибала, истите муабети се вртат по медиуми, блиску до нов договор и пак ништо нема, сеа може за 2 недели ќе продолжат договор со него ама мачно е во последно време, се повеќе и повеќе играчиве гледаат да си одат ко слободни агенти.

Не верувам дека некој при здрав разум би негирал дека Милан нема изгубено ништо со заминувањето на Донарума, детето е веројатно топ3 голман за наредни 10 години минимум, веќе 2-3 сезони влага и во топ5 според мене ама тоа е тоа, ќе мора некако да се надокнади неговото отсуство.

Вие титула освоивте со голман што не е ни топ10 у свет, еве и да е топ10 би влегол на тоа 10то место, едвај, значи се освојува или се праат успеси и без тоа само треба другиот дел од тимот да ти штима.

Факт е дека цел фудбал во Италија е многу погоден од кризава, вие барем треба многу убаво да знаете со оглед на тоа каков раст ви бележеше клубот со Сунинг и какви муабети се прават сега, далеку од фаворити за титула најверојатно, а тоа требаше да биде под дифолт така.

Има уште 2 месеци за трансфери, ниеден тим од овие топ6 нема комплетирано состав освен можеби Аталанта, не верувам да менуваат тие премногу, другото е све work in progress, ќе видиме како ќе заврши трансфер периодот па ќе полемизираме кој влага а кој искача од топ4.
 
interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.440
Поени од реакции
3.698
Го потценувате Мино, Милан 3 години пробуваше да продолжи договор, 3 години имаа затворена врата од нив, што повеќе требаше да направат? Да лажираат потпис негов?

На Мино и Џиџо највеќе им одговараше да си одат на овој начин и апсолутно ништо не можеше да се напраи да се смени, не е Мино ко Ванда курвата па ајде ќе ја измалтертираме за нов договор и да ја откачиме инстантно, никој му нема досеа така напраено, нит па ќе му напраи.
Нема што да го молиш 3 години, во таква ситуација или го продаваш инстантно или го паркираш на клупа(ризично и за клубот), па сами ќе те молат да продолжат договор.

Ретко кој професионален играч може да си дозволи 6 месеци на клупа да седи, поготово ако смета дека вреди и дека заслужува да игра прва постава, но сето ова се прави на 2год пред истек на договорот а не последната година, иако ова не е добро ни за клубот бидејќи се разбира дека при таква ситуација и цената ќе му падне драстично, но да бидеме реални Донарума заслужи така да му прават, поготово што на 18год го направија најплатен голман во Италија, и пак си кидна за подобар живот во Франција :D

ps. На Де Фрај, агент му е Мино, и ако не се лажам играчот има договор со клубот до 2023, баш да видиме Марота како ќе ја реши ова ситуација, пред некој месец прочитав дека барал многу поголема плата, нема да ме чуди ако нашите годинава го продават, или па во јануари.
 
Не продолжи официјално Де Фрај пред некое време? Ко да прочитав дека е веќе официјално тоа за некоја плата од 4.5м годишно.

Иначе нормално дека така се прави ама пак ко што пишав Милан не беше во толку добра ситуација каде очајно бркаше ЛШ па да може да го даде Донарума така и да не се осетат последиците од тоа инстантно.

Вака и тој и клубот го добија тоа што го сакаат(делумно) и тоа е тоа, ќе видиме французинов од Лил како ќе се погоди.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom