Македонска берза

Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Шо збориш ТЕНДО една вкрстена трансакција со 11 акции и сеа треба не знам што? Едно ќе кажам, на таа акција нема да изгубам, а колку ќе добијам тоа времето ќе си каже.

Секој случај не сум за жалење поготово после денешната објава на Макпетрол Теас. Дивиденден принос 550%, па тоа не го дава ни Apple :)
Па да, мала е трансакцијата, но таа е единствена трансакција во последната година можеби и повеќе. Нити пак има некој интерес за купување.
А во тоа време кога сум пишал секој ден поминуваа транскации по цена од 7.000 - 9.000 денари.
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Нема интерес и нема да има. Фирмата е превземена и нема да дели дивиденда следните 5 години. Зошто некој би купувал?

Мене ако ме прашаш тоа е шанса за секој што има малку подолг хоризонт. Оти на овие цени акцијата е скоро па гратис.
 
Па кога сум го пишал постот имало интерес и можел лесно да ги продадеш на 80% повисоко.

Сега на берзава имаме акции кои се скоро гратис и акции кои се најскапи во Европа во соодветната индустрија во која работат.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.784
Поени од реакции
5.058
Па кога сум го пишал постот имало интерес и можел лесно да ги продадеш на 80% повисоко.

Сега на берзава имаме акции кои се скоро гратис и акции кои се најскапи во Европа во соодветната индустрија во која работат.
small cap има ефтини large cap има скапи. Проблем е ликвидноста.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.457
Поени од реакции
1.883
small cap има ефтини large cap има скапи. Проблем е ликвидноста.
Ларџ кеп станале такви едино поради канализирањето на кешот на оние „што сакаат да заработат повеќе од каматите на депозитите“ во нив, а не поради некојаси квалитативна причина. Се пумпаат индексирани акции и уште 7-8 неиндексирани кај коишто се работи маркет-мејкинг. Без тоа никој нормален не би купил ОКТА или МТУР или ТТК, а гледаме дека нема скоро никаков интерес за барем десетина многу поквалитетни акции.

Оваа шема ќе функционира сѐ додека се впумпуваат кеш и кредити за купување акции, а вклучените страни „ходлаат“. Нпр. Гранит има акции во КМБ вредни над 16 милиони евра, па би било весело да се види кој ќе земе кредит да подметне грб да им ги откупи доколку малите акционери извршат притисок врз раководството да не вложува надвор од основното работење и да ги продаде акциите по сегашните максимални цени и да им подели по 300+ денари дивиденда. Меѓутоа, малите акционери трпат и толерираат грабеж од страна на раководствата коишто како испреплетени црева си ги чуваат олигархиските позиции заради натамошно експлоатирање на затуцанава северџанска раја.
 
Да се нештата поинтересни изгледа Комерцијална Банка (Да! Банката!) почнала да купува акции од Гранит. :vozbud:
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.457
Поени од реакции
1.883
Да се нештата поинтересни изгледа Комерцијална Банка (Да! Банката!) почнала да купува акции од Гранит. :vozbud:
Цревата дополнително се преплетуваат. Има ли некој пилот у таа НБРСМ и КХВ да отиде и да им го разбуца тој брокерајот?? Не е можно да е дозволено да се контактираат големи депоненти пред истек на депозити заради купување акции, да се даваат лажни и шпекулативни очекувања од инвестирање у акции, да се одобруваат кредити за купување акции и да се инвестира во акции со банкини пари. Токму вакви неодговорни високоризични работи доведувале до финансиски кризи.

Треба рајава на клоци од регулаторите да ги избрка неспособните партиски га.олижачи и паразити што толерираат вакво ризично шпекулативно однесување и стрижење на "инвеститорите" со провизии
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Да се нештата поинтересни изгледа Комерцијална Банка (Да! Банката!) почнала да купува акции од Гранит. :vozbud:
Zosto i ne bi koga samo od proizvodstvo na struja Granit za tri godini inkasirala 11 miliona evra cista para nema krediti i ima idnina so ogled na toa sto sme selska idila za gradezna operativa :)
Ama neli bese najpodceneta ovaa akcija togash zosto samo dva trojca ja kupuvaat pokraj tolku mnogu maheri na forumov zarem ne e kolacheto Granit koe sto e sledno dq se donese na realna vrednost pa ako sakaat golemive gazdi od praistorijata da si ja socuvaat neka se fatat podlaboko za dzebot !!!
Moj tiket e Granit i ocekuvam tula da se razgoti bitkata mnogu brzo !!!
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Па кога сум го пишал постот имало интерес и можел лесно да ги продадеш на 80% повисоко.

Сега на берзава имаме акции кои се скоро гратис и акции кои се најскапи во Европа во соодветната индустрија во која работат.
Па да ама оваа цена последна е нереална, те наштимана за да се улови нешто во матно. Плус мојот стил е да направам валуација на компанијата и да тргувам околу таа валуација. Досега добро ме служело и не планирам да менувам.

За пример, на последната тргувана цена СПАЗ има п/б 2,6 и п/б 0,13. Нека ме демантира некој дека цената е нереална! Штом ќе отиде на 15К, по која цена беше превземена, тогаш ќе разговараме.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.457
Поени од реакции
1.883
Член од
19 октомври 2012
Мислења
317
Поени од реакции
277
Точно како швајцарски часовник стига нова вест за раст на цените на становите. Којзнае дали е доцна да купам некој и јас да заработам кога ќе влеземе во ЕУ и ќе стигнат инвестициите
Купи бе Грими, не за да заработиш, него за да се раскомотиш повеќе :)
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Точно како швајцарски часовник стига нова вест за раст на цените на становите. Којзнае дали е доцна да купам некој и јас да заработам кога ќе влеземе во ЕУ и ќе стигнат инвестициите
Ајде купувај побрзо на Чифлиганец парички му требаат за нова тура на акции. И измери таму колку квадратни метри ќе купиш и спореди со имотниот лист.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.457
Поени од реакции
1.883
Купи бе Грими, не за да заработиш, него за да се раскомотиш повеќе :)
Наместо да умртвам шеесетина илјади евра за стан од педесетина квадрати во Скопје, дури и во ова време-невреме можам да ги вртам со 10-15% поврат годишно, т.е. 6-9.000 евра.

Ист таков стан земав под кирија во најубавиот и најмирниот дел од Козле, 50 метри од куќата на Анѓушев, за 9.000 денари месечно, такашто пеејќи плаќав 1.800 евра годишно, т.е. 3% од вредноста на станот.

Исто така, уште пред неколку години пишував на друга социјална мрежа дека со оглед на тоа што високоградбата како бизнис е чист криминал, воопшто не би ме чудело такви матни ликови на финансиски и математички неписменава раја да и' утрапуваат барем 2-3 квадрати помали станови, а таа воопшто и да не знае да ја пресмета точната површина. Ова се испостави како сосема точно по сторијата што излезе со Чифлиганец.
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
Купи бе Грими, не за да заработиш, него за да се раскомотиш повеќе :)
Цената на станот - 2.000 еур/м2

Можноста да излезеш од купатило гол после бањање - бесценето :D

*Еве му на Чифлиганец бесплатен маркетинг :pos:
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
435
Поени од реакции
537
Цената на станот - 2.000 еур/м2

Можноста да излезеш од купатило гол после бањање - бесценето :D

*Еве му на Чифлиганец бесплатен маркетинг :pos:
Подобро е 2000 еур/0.9м2 :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom