Сто пати е пишано за песнава, направена е за ЕУРО 1996, што се играло во Англија. Демек "football's coming home", пошто Англија го измислила фудбалот, а сега ќе го организира Европското.. Интересна и catchy песна, со доза на хумор, која нема никаква самобендисаност и која после тоа фановите продолжуваат да си ја пеат на фудбалските натпреварувања.
И тоа ја пеат баш каков навивачка песна, без апсолутно никаков дисреспект спрема никој. Си имаат хумор енглезите во секоја песна, "Ten German bombers in the air" кај што ги дупат германците за WW2, "
Don't take me home", итн, итн... И има милион песни што "си ги преработуваат", односно го изменуваат текстот на вистински песни, еве како што е "
Southgate you are the one", или Ирците кога пееја "Will Grigg's on fire". И во ниедна од овие песни ја нема ароганцијата што сите мислите оти ја има, чисто навиавчки песни со кои си прават забава и пијат по еден тон пиво..
...од друга страна ние пееме "едно име имаме" и "никогаш северна" и тоа не само на репрезентативни утакмици, туку и на прослави на европски титули на Вардар, еден тон спорт има во песниве