Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
@Bafra успеа сите да ги изнервираш на темава. :D

Зошто да му верувам на Филипче? Од релативизирање на состојбата и условите во болниците до лажење за датумите околу пристигнувањето на вакцините. Да имаше грам лидерство во него, во август (18ти мислам) 2020 ќе ја прифатеше руската вакцина. Која политика т.е. мерка му беше на место? Која одлука му беше на место? Кој став му беше усогласен со имунолозите? Мислам на колективниот, ширењето на Ковид19, маските и лековите (како ивермектин)! Согласни се само за вакцините.

Започнаа со карантини на цели градови, продолжија со државен карантин и дозволија за движење без негативен тест!

На економски план, дното е пробиено. Најмалку СДИ во регионот за 2020! Економските пакети им висеа во нефункционалното собрание и донесоа пратеници позитивни на Ковид да гласаат! Платите беа покачени, согласно одредбата за минималната плата и тоа е единствената ставка во плус графата. Струјата и нафтата повторно ќе се покачат. Вработеноста е намалена во приватниот сектор во градежништвото и угостителството. Нормално е да размислуваат за враќање на прогресивниот данок (лично сум против).

Нешто што не треба да се заборави е тоа што речиси цел партиски врв на Сдсм беше на собиранки и прослави. Скоро сите беа или позитивни или во изолација поради контакт со заболен сопартиец!

Срамот доживеа кулминација кога наши државјани одеа во Србија и Бугарија да се вакцинираат. Тоа е најкласичниот доказ за нивната неспособност.

Вакцините што ги има(в)ме, скоро сите беа донација по донација. Срам и брука. Сега Хрватска, Русија и Данска ќе ни донираат вакцини! Се надевам дека ќе има бесплатни патарини и за нивните државјани.

Короната лошо ќе се одрази на младата популација, посебно ако повторно се затвориме на есен до зима. Нема училиште, нема забави, нема кафани, нема ресторани, свадби, веселби, дружби. Ако јас се прашувам, не би поставил рестрикции од таков калибар со оглед на тоа дека имаме вишок вакцини и недоволна волја кај самиот народ да се вакцинира. Што полза од мерки? Така цело време ќе се вртиме во круг.

И како они добро се справија со пандемијата? Немаа ни ограничувања кон приватните болници! Можеа со закани дека нема никогаш повеќе да видат државно парче (па потоа ќе зборувавме за "бизнис логика") да ги симнат на колена. Регулаторната комисија тука потфрли. Луѓе собираа донации за лекување. Тоа е жално. Во други држави, самата власт помагаше на приватните болници и цените беа пристапни. И таа мерка ја имаа во ракав. Вака, приватните болници имаат апсолутно право да си прават свои ценовници.

Пописот и изборите се веќе истрошена тема.

Повторно, на врвот на Европа, но и скоро на врвот на светот сме по црните статистики. Редно е веќе тој клинички да никне како печурка. Чим можевме да изградиме 100тина споменици, можеме и еден современ клинички центар. Дали некој треба да одговара, макар и политички поради состојбата во која се наоѓаме? Апсолутно.

Да бидам искрен, дебатата ви е напорна и тешка за следење. Бесцелно инаетење на двете страни кои слепо веруваат во своите аргументи. Ама јасно е како ден дека народот не беше доволно информиран. Имунолозите, кога не се караат меѓусебно, тропаа глупави тези за ширењето на вирусот. Повеќе прочитав за мерките, вакцините, статистиките на темава од одредени членови на темава, отколку од самите власти, експертите во и надвор од Македонија.

Само не знам зошто го омаловажувате Фаучи. Човекот е на функција од времето на Реган односно има повеќе искуство од животниот век на повеќето форумџии. Ни тој, ни СЗО не се покажаа во вистинското светло. Константост Фаучи немаше, информации и податоци имаше. Бил во контакт со имунолозите од Кина. А отсуствува и транспарентноста околу нус ефектите од вакцините.

На фб, под секој пост има референца од СЗО, што е (n). Не ме интересира ставот на СЗО, сакам да читам без пропаганда. Не барам премногу. :)
 
Јас не разбирам зашто ти идеш контра тврдењето од Фаучи и идеалниот пример со крузерот :toe:
Остај го Фаучи да одмори, за со другите членови од форумов користи го, јас не го спомнав. Одговори на прашањето.
Со кого најдов да објаснувам. Докторките не излегоа на крај, а не пак јас.:)
 
Долго време одбегнував воопшто да ја читам темава, бидејќи претпоставував дека ќе биде полна со умови кои ќе го тупат со некакви си теории на заговор кои веројатно немаат грам логика ниту во нивните сопствени глави, но поради само господ знае кои причини ќе веруваат во истите. Денес, читајќи ги последните седум, осум страни гледам дека не погрешив.

Ноември 2020:
Јас и двајцата мои родители заболуваме од Ковид. Јас (29 години) проаѓам лесно, целата работа не траеше повеќе од 7 или 8 саати вкупно покачена телесна температура и по некоја болка во телото на прилично необични места, утредента буквално бев како нов. Моите родители (59 и 58 години) пројдоа далеку потешко. Омалаксаност и немање енергија за буквално ништо беше најизразениот симптом кој траеше преку 15 денови и кај нив. И двајцата разија пневмонија, кај татко ми нивото на дедимерите беше 10 пати повисоко од нормалното. Среќа ни еден ни друг немаше потреба од хоспитализација. Тој период се случуваше неколку пати да одам со него во воена болница и тоа во ниедно време (на полноќ и подоцна) во работни денови. Сликата знаете која беше? Десетици возила паркирани доле, ги чекаат своите најблиски на кои им била потребна помош, преглед итн. на минусни температури! Ама не биле полни болниците, да, секако! Среќа сите оздравевме и никој немаше никакви последици од сето тоа.

Истиот период кога бевме ние болни три ката под мене - комшии. Заболуваат цело семејство, млад пар (40-тина години) нивните две деца тинејџери како и родителите нивни (70+). Сите проаѓаат лесно, вклучувајќи ги и старите освен мажов од претходно споменатиот млад пар. Здрав, прав, нормален. Недела дена 39 температура константна која никако не успеваат да му ја симнат. Развива опасна пневмонија, сатурацијата му опаѓа, не може да стане од кревет, а слободни кревети во болница Н Е М А. Ама не биле полни болниците, да, секако! Среќа, мајка му е пензионирана медицинска сестра, па повуци-потегни некако го сместија во болница. Лежеше три недели, кога го пуштија немаше сила да дигне флаширана вода од 1L.

Март 2021:
Околу мене заболуваат еден куп луѓе кои за време на есенскиот бран не заболеа. Се случуваше во еден ден да носам храна и лекови кај 3-4 различни луѓе кои беа болни и во изолација. Починува татко на еден мој другар во болница. Едвај му најдоа кревет, надлежните буквално им викаа чекаме некој да умре за да можеме да примиме нови пациенти! Ама не биле полни болниците, да, секако! Лежеше недела дена, првично демек подобар беше, ништо, џабе... го снема човекот.

Април 2021:
Заболува семејството на друг другар. Во рок од 72 саати изгуби тројца членови од потесното семејство, хоспитализирани беа двајца од нив. Некоја недела подоцна, друго семејство кое го знам заболува. Двајцата синови и таткото проаѓаат лесно, мајката хоспитализирана во приватна болница, лежеше преку 40 денови. Последните два дена почнува состојбата да и се стабилизира, да и се подобрува. Утрдента им јавуваат дека во текот на ноќта нагло и се влошила состојбата и починала.

Можам да пишувам уште. Знам уште луѓе кои беа болни, некои лесно, некои тешко, некои кои ја изгубија борбата. Јас стојам на ставот дека ова е една од најлошо изменаџираните кризи во историјата на човештвото! Ова особено го мислам за кај нас во Македонија, циркузијада е мал збор. Од погрешни информации за вирусот токму од оние кои треба да бидат најинформирани, до носење на нелогични мерки за справување со истиот како кај нас така и низ светот.

Но! Да веруваш дека вирусот не постои или па дека не е толку опасен колку што се кажува, дека болниците не биле полни, дека се е дел од некаков си глобален заговор треба или да си глуп, или да си ретардиран, или да немаш грам емпатија за оние кои се осакатени психичики и физички после она што го прошле, или па да имаш некаква скриена агенда. Во секој случај таквите мислења можете да си ги пикнете само на едно место кое мислам дека нема потреба да го спомнам.
 
Последно уредено:
@Bafra успеа сите да ги изнервираш на темава. :D

Гледаш дека се смеат, кај гледаш дека се нервозни, им продужавам живот :D... јас само сум збунет и прашувам врз основа на кои податоци и факти ги дискредитираат резултатите од истражувањето на Фаучи со мислам Кинези исто беа вклучени и заклучоците од идеалниот пример со крузерот. Кога читам дека шансата да преживееме е 99,99% не ми изгледа страшно.

Значи факти потврдени од научници кои со години се во врвот, ама ете теории на заговор сум ширел и сум бил за лечење. Јбг, работава е луд јебе збуњеног. (додуша пријателка ти, испадна донекаде фер, па кажа за влијанието на мерките)
 
Гледаш дека се смеат, кај гледаш дека се нервозни, им продужавам живот :D... јас само сум збунет и прашувам врз основа на кои податоци и факти ги дискредитираат резултатите од истражувањето на Фаучи со мислам Кинези исто беа вклучени и заклучоците од идеалниот пример со крузерот. Кога читам дека шансата да преживееме е 99,99% не ми изгледа страшно.

Значи факти потврдени од научници кои со години се во врвот, ама ете теории на заговор сум ширел и сум бил за лечење. Јбг, работава е луд јебе збуњеног. (додуша пријателка ти, испадна донекаде фер, па кажа за влијанието на мерките)

Да ти кажам само убо беше едно време цел форум те игнорираше. Не да мислиш дека пробуваме да те убедиме и онака е залудно туку ќе налета некој друг ќе прочита некоја твоја глупост па може да поверува. Затоа добро е да има точни информации покрај глупостите.
 
Да ти кажам само убо беше едно време цел форум те игнорираше. Не да мислиш дека пробуваме да те убедиме и онака е залудно туку ќе налета некој друг ќе прочита некоја твоја глупост па може да поверува. Затоа добро е да има точни информации покрај глупостите.

Абе супер што ме игнорирате мене, туку кога игнорираш авторитет како Фаучи и пример со крузерот, некако не е баш повкување на наука. Ама големи сте, се си знаете.

Нема што други повеќе да читаат за короната со толку прележани и вакцинирани, научени на маски, миење раце и држење социјална дистанца нели нема вирусот да има простор да се шири. 500.000 вакцинирани + 200.000 прележани ( а тоа нели значи стекнат имунитет) додај ги младите кои нели ретко симптоми развиваат и тие со јак имунитет, нема простор за паника.

За секој случај сумамед, ако не дај боже во болница заврши некој, слободно по протокол 3 вида антибиотици нека си прими, ако има проблеми со шеќер, нека не се плаши ако му стават кортико (докторите им викале, лесно се средувал шеќерот :facepalm: ), кислородна подршка глејте уште од сега да си набавите, бидејќи може да бидат неспремни, да немаат и после 2год. Тоа во случај ако има место.

Ти сеуште не најде истражување и заклучок од Дростен за смртноста, од оној со водечкиот импакт во науката... штета.:(
 
Гледаш дека се смеат, кај гледаш дека се нервозни, им продужавам живот :D... јас само сум збунет и прашувам врз основа на кои податоци и факти ги дискредитираат резултатите од истражувањето на Фаучи со мислам Кинези исто беа вклучени и заклучоците од идеалниот пример со крузерот. Кога читам дека шансата да преживееме е 99,99% не ми изгледа страшно.

Значи факти потврдени од научници кои со години се во врвот, ама ете теории на заговор сум ширел и сум бил за лечење. Јбг, работава е луд јебе збуњеног. (додуша пријателка ти, испадна донекаде фер, па кажа за влијанието на мерките)
Имаше поделба по категории на граѓани. Не знам за некоја генерална. Сега сме на 4 милиони (да ја земеме оваа бројка како точна) од 8 милијарди жители. Процесот не е завршен, секако. Кај оние над 70 год процентот беше значително повисок, дури се работеше за проценти, а не промил.

БиБиСи спинува за фактот дека има малку хоспитализирани и починати целосно вакцинирани граѓани во УК од Делта сојот. Машинеријата е вклучена на најсилно.

Не ја ни пратам темава веќе, напорна е за читање. А што кажала мојата пријателка ќе мора да читам наназад, претпоставувам. :D
 
Секако промили.


Нема што други повеќе да читаат за короната со толку прележани и вакцинирани, научени на маски, миење раце и држење социјална дистанца нели нема вирусот да има простор да се шири. 500.000 вакцинирани + 200.000 прележани ( а тоа нели значи стекнат имунитет) додај ги младите кои нели ретко симптоми развиваат и тие со јак имунитет, нема простор за паника.

Со репродуктивен број помеѓу 5 и 7 , мисли си дека со 700 000 на 2М ќе имаш колективен имунитет. :icon_lol:
 
208629929_991779124727932_2526231694942905821_n.jpg

C'est pas vrai фејк вести се ова
 
Да не вртам по темава, со кои вакцини боцкаат деновиве кај нас (Скопје), само Синовак или има и Фајзер/АЗ?
 
Да не вртам по темава, со кои вакцини боцкаат деновиве кај нас (Скопје), само Синовак или има и Фајзер/АЗ?
Синовак, Фајзер само за ревакцинација. За АЗ немам слушнато.
 
Уше не стигнале до тоа дереџе нашиве на своја рака да си мешаат коктелчиња :D
 
Ревакцинација со Фајзер им е правило, или како ќе ти се падне?
За Фајзер да добиеш треба да си некој богаташ или да имаш многу јаки врски.

Трето нема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom