Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Се држат затоа што така им рекле. И јас се вакцинирав вчера и ми рекоја држи го памучево некоја минута дури седиш на столон. А луѓе ко луѓе слушаат што им се кажува. Тоа не ги прави нив глупи туку тие што им кажуваат така, а и тебе шо се смееш со нив.
... јас не реков „глупи“ тоа ти сам заклучи, луѓе ко луѓе во 21 век со толку инфо на Нет од било која област, не би требало така да реагираат, а јас реков дека „се чудам“, а не дека “се смеам“ твои заклучоци ми наметнуваш како моја реакција, мене ова ситуација ми е трагична толку да не сме едуцирани не е добро!

... по вакцинирањето држи ја ватата на местото на боцкање, ако по правило после вакцинација местото на убодот не треба ниту да се тересе, ниту да се стега, а најмалку треба да се помине повторно со вата намокрена со алкохол, па одозгора да се држи, може само некој ханзапласт да се залепи онака и ништо друго!
 
Да не има некој инфо , која вакцина се аплицира деновиве во А1 Арена ? Ако е Синовак да не одам за џабе ???
 
Nekoj znae koja vakcina ke ja davaat vo Jane Sandanski slednata nedela?
 
Да не има некој инфо , која вакцина се аплицира деновиве во А1 Арена ? Ако е Синовак да не одам за џабе ???
Џабе нема да биде сигурно,али е послаба
 
... пандемија е прогласена во декември 2019 со коронавирусот, цела година сите болници работеле токму како што пишавме само инфективните оддели , а све друго затворено, за да ти ги памтиш отварањата на неколкуте клиники во фебруари и март 2021 кога имаме навала на многу заразени и се отворени помошни оддели за да се сместат пациентите па во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле имало интернирано со ковид 25 пациенти, на ГАК имало 6 хоспитализирани ковид позитивни пациентки, на Интерните клиники имало 36 приеми со ковид позитивни, поради зголемениот број на пациенти кои имале потреба од хоспитализација, отворени се и ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло, но тоа не значи дека се наполниле болничките кревети и тоа зборуваме за месец фебруари/март 2021, што не е случај за цела 2020 година, не знам зашто толку кратко памтење се има.... и да посебни кревети на други клиники во 2021 иако можеби имало место на инфективна е поради ВИП личности кои се третирале изолирани од другите обични смртници на инфективна, не знам зошто не сум јасна? :toe:

...ама да се каже дека сите клиники биле полни болнички кревети во 2020 година нема смисла, греота за тие што починале од последица токму од затворени клиники и немање мој термин и прегледи за своите хронични болести!
Грешка си, пандемија не е прогласена 2019 година, туку 11 март 2020 година. 2019 за првпат беше идентификуван sars-cov-2.

Бијонс не знам зошто се инаетиш чоек со мене како со мало дете и ме убедуваш во нешто што прилично сигурна сум дека не е така како што кажуваш. Еве и поконкретно ќе ти кажам, станува збор за периодот ноември/декември/јануари 2020/21 година (тоа беше и перидот кога хирушките клиники не беа претворени во ковид центри - а дали и како си бркале работа таму стварно не знам и не ни е тоа тема на муабет), кога имав и близок човек хоспитализиран таму (на орл) и се информирав од мои луѓе, па да не речам малтене ко со свои очи видов што се случува. Е после тоа на извесно време се намали бројот на инфицирани и ги затворија дел од интерните клиники (први беа очно и орл), за да после коа почнаа +1000 дневно да бидат, пак да ги отворат. И тек тогаш ги отворија и хирушките клиники и КОЗЛЕ се наполни и се планираше претворање на ковид центар на физикална медицина и рехабилитација. До тука сум сигурна и тврдам, од тука натаму веќе се дистанцирав малку по тоа прашање и не можам да тврдам ништо.

:pos:едно зборуваат, друго самите прават, а во трето веруваат, ама пред јавноста истапуваат во еден единствен пакетич координирани,
да се потсетиме, самиот Филипче кажал ,,само до 2000 заразени со коронавируси се очекува во пикот со првиот бран,
... ејјј министер да даде јавно таква констатација, па уште би бил релевантен извор :facepalm:
Па релевантен извор е кога е во прашање дневната статистика на инфицирани во државата. Не ме интересира какви се неговите претпоставки, министер е и должен е да објавува секојдневно за бројот на инфицирани. И му верувам јебига.
 
Исто така, од коа беше редуциран бројот на (авионски) летови се јави пораст на заразени лица. Од друга страна коа дојдоа штрковите нагло се намали бројот на заразени лица, а следствено и починати.

Заклучок: Прелетите влијаат обратно пропорционално врз ширењето на короната. :icon_lol:

Така е смешко.
Врска научните тврдења за смртноста баш би сакал исто така видам твое мислење, врз основа на што се смееш, т.е. ги побиваш тврдењето од Фаучи и резултатите од крузерот ??
Врска смртноста нешто научно ова она...
Јас пак ќе се повторам (бидејќи си поткована со знаење за разлика од Ронче целофанче и Вотче ботче):
- Врвен научник од најмоќната држава во светот, на чело на највлијателната и најспремна здравствена организација, направил истражување со други научници и дошле до заклучок.
- имавме идеален пример да се испита колкава е смртноста од Бетмен на крузерот.
https://www.nature.com/articles/d41586-020-00885-w

Гледам Асеко не даде одговор врска ова, двајцата слатко си се насмеавте, ама еве за нас без дипломи, не знам зашто би ви било тешко да одговорите како влијаат овие фактори врз здравјето (или не знаете или одговорот не ви иде во прилог на претходните глупости што ги тресевте):
Страв, затворен во 4 ѕида, нервоза, маски 24/7, нефункционирање на здравството, не примање на потребните терапии, ненавремена дијагноза и откривање на проблеми, труење со антибиоитици и други непотребни лекарства, ред други мерки, сигурно се за подобар имунитет и долговечен живот.

Пандемија врз основа на што се прогласува, постоја правила некои кои треба да бидат претходно исполнети или кому иде ?
 
@Bafra ме мрзи чоек, ме мрзи да се објаснувам, посебно кога едно исто го трубиме со месеци наназад. Накратко да ти кажам, влијае на здравјето секако. Никој не сака да има пандемија, да сме ограничени во секојдневието, да носиме маски и да живееме 'хипохондрично' , ама ете кога ти е животот во прашање твојот и на најблиските ќе свириш по правилата на другите (одговорните), затоа што е заразна болест во прашање. И не е само тоа, луѓето страдаат и од други болести и имаат можеби проблеми многу посериозни од коронава. Значи сите сакаме да му дојде крајот. Сите сакаме да шетаме низ светот, да искачаме по кафани и ресторани, да правиме свадби, родендени, крштевки....на сите ни е преку глава.

И не знам веќе зошто се објаснуваме. Океј, спротиставени мислења имаме и тоа е тоа. Фактичката состојба е таа, повеќето аргументи одат во прилог на тоа дека вирусот постои, се шири брзо и голем број животи згаснаа. Дискусиите за тоа дали маските штителе или не мање више, кога имаме човечки жртви. Никој тебе не може да те натера ни да носиш маска, ни да се вакцинираш ако не сакаш. Ама престани да не правиш будали сите што сме одлучиле да се однесуваме спротивно од тебе.
 
Така е смешко.
Врска научните тврдења за смртноста баш би сакал исто така видам твое мислење, врз основа на што се смееш, т.е. ги побиваш тврдењето од Фаучи и резултатите од крузерот ??


Гледам Асеко не даде одговор врска ова, двајцата слатко си се насмеавте, ама еве за нас без дипломи, не знам зашто би ви било тешко да одговорите како влијаат овие фактори врз здравјето (или не знаете или одговорот не ви иде во прилог на претходните глупости што ги тресевте):
Страв, затворен во 4 ѕида, нервоза, маски 24/7, нефункционирање на здравството, не примање на потребните терапии, ненавремена дијагноза и откривање на проблеми, труење со антибиоитици и други непотребни лекарства, ред други мерки, сигурно се за подобар имунитет и долговечен живот.

Пандемија врз основа на што се прогласува, постоја правила некои кои треба да бидат претходно исполнети или кому иде ?
Абе види, две работи се битни тука.

Првата - се смеев на твојата неспосодност да разликуваш корелација од каузалност. Муабетот за маските е поприлично излитен.

Втората - Ако ова е описот на ситуацијата во која си бил ти:"Страв, затворен во 4 ѕида, нервоза, маски 24/7..." мислам дека е време да побараш помош. КБТ прави "чуда" за вакви случаеви. Во последниве година и пол не сум слушнал за друг човек кој носел маски 24/7 или бил затворен во 4 ѕида. Загриженост, внимание, несигурнос - да, страв и нервоза не баш, освен кај оние шо имаа некој кој им завршил во болница.

Барај помош на време.
 
Тоа е тоа, ти им викаш Фаучи тврди ова, резултатите од крузерот се овие, тие те праќаат да се лечиш, ги прашуваш кои правила треба да бидат исполнети за да се прогласи пандемија, бидејќи не туку така може да се прогласи, мукла.
Научно нема што.:cuc:

Благодарам @Сталкерот и @Aceso за вашите научно издржани одговори, (вака Ронче целофанче одговара, од вас очекував нешто попрофесионално) сигурно Фаучи е стар и сенилен, па не знае што заклучил во истражувањето. Кога вие со дипломите вака размислувате и одговарате, блазе си ни, нема зима за нас.

Првата - се смеев на твојата неспосодност да разликуваш корелација од каузалност. Муабетот за маските е поприлично излитен.
Смеј се, кога ќе бидеш фатен во лага неколку пати, кога нема да знаеш што да одговориш, што друго ти останува...
Смеењето е здравје, драго ми е што сум причина за некој да е поздрав, за разлика вашите размислувања. Тешко на тие што бараат и очекуваат помош од здравството во Македонија.
 
Тоа е тоа, ти им викаш Фаучи тврди ова, резултатите од крузерот се овие, тие те праќаат да се лечиш, ги прашуваш кои правила треба да бидат исполнети за да се прогласи пандемија, бидејќи не туку така може да се прогласи, мукла.
Научно нема што.:cuc:

Благодарам @Сталкерот и @Aceso за вашите научно издржани одговори, (вака Ронче целофанче одговара, од вас очекував нешто попрофесионално) сигурно Фаучи е стар и сенилен, па не знае што заклучил во истражувањето. Кога вие со дипломите вака размислувате и одговарате, блазе си ни, нема зима за нас.


Смеј се, кога ќе бидеш фатен во лага неколку пати, кога нема да знаеш што да одговориш, што друго ти останува...
Смеењето е здравје, драго ми е што сум причина за некој да е поздрав, за разлика вашите размислувања. Тешко на тие што бараат и очекуваат помош од здравството во Македонија.

Ама Фаучи рече ...
tenor.gif
 
Едно прашање до @Bafra .

Добро, познаваш ли некој од тие 5-6 илјади што починаа од коронава онака во средни години (ете не земам пример постари), релативно здрави прави пред тоа?
Ако не познаваш тогаш разбирам зошто цело време контра одиш.
 
Ако не познаваш тогаш разбирам зошто цело време контра одиш.

Јас не разбирам зашто ти идеш контра тврдењето од Фаучи и идеалниот пример со крузерот :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom