Македонска фудбалска репрезентација

Член од
14 јуни 2021
Мислења
165
Поени од реакции
302
Велковски да работи повеќе на телоно, да зајакне мускулатура ќе биде штопериште. Вака кога го гледам со другине дефанзивци, грев ми паѓа, ко детенце е слаб. Има неверојатни физички и технички предиспозиции ама пуста мрза...
 
madrock

Bogey
Член од
23 април 2014
Мислења
613
Поени од реакции
2.015
Петар Милошевски
Со сета почит кон Милошевски мислам дека не сме имале подобар голман од Столе од независноста...

Кога веќе евоцираме спомени...
Кире Трајчев
Кратово-Муеншхеглаудбах 0:0
Баш ми е ко некој комичен лик...:vozbud:
EfwnZoDXsAcOwPy.jpg
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.586
Поени од реакции
5.522
Интересно е на страната на инстаграм и фејзбук на ФФМ, имаат објавено 4 слики од кој 3 од играчи кој сигурно одат во пензија Пандев, Велкоски и Тричковски, додека 4тата слика е од Адеми, имаше некој најави дека и тој ќе се пензионирал после европсково, али во негова изјава ако читаме меѓу редови, делува дека ќе продолжи да игра уште, клучен играч ни е и се надевам дека навистина ќе остани.

„Заминувањето на Горан беше баш емотивно. Не само кај мене, туку кај сите фудбалери, кај целиот стручен штаб, кај навивачите. Пандев е легенда на Македонија и нема што тука повеќе да се зборува. Јас сум сигурен дека многу ќе ни недостига во квалификациите за Светското првенство. Тој беше наш капитен, лидер, а пред сѐ голем човек. Многу ќе ни недостига“, додава Адеми.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.295
Поени од реакции
15.512
Со сета почит кон Милошевски мислам дека не сме имале подобар голман од Столе од независноста...

Кога веќе евоцираме спомени...
Кире Трајчев
Кратово-Муеншхеглаудбах 0:0
Баш ми е ко некој комичен лик...:vozbud:
Прегледај го приврзокот 299691
Столе е максимум просечен голман, а далеку од најдобар голман што сме го имале, брзо забораваме на неговите партии пред првенството.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.624
Поени од реакции
21.908
Столе е максимум просечен голман, а далеку од најдобар голман што сме го имале, брзо забораваме на неговите партии пред првенството.

Еве да ги потсетиме малку...

Смешки ми беа оние вести дека го барале Валенсија и Севиља.
Дечкото е многу несигурен и никако не може да биде лидер. Слабо ја контролира одбраната и многу често прави обратно од правилното.
На пример овој турнир имаше неколку пати каде противничките играчи даваа предолг фор, и Ристовски го викаше да излезе а он остануваше здрвен на линија. Со Холандија мислам дека две вакви шанси им овозможи каде имаше долга топка и он беше најблизу до неа ама пак се реши да остане на линија.
Но севкупно имаше позитивно издание на турниров и беше еден од подобрите кај нас, ама не се споредува ниту со голмани како Олсен, Ливаковиќ, Сомер...
Ваљекано сега обезбеди промоција во Ла Лига и мислам дека ова му е врвот на Столе. Можеби ќе успее да биде и втор голман во некој подобар тим, но ова му е каде-каде подобра опција во моментов.
 
madrock

Bogey
Член од
23 април 2014
Мислења
613
Поени од реакции
2.015
Столе е максимум просечен голман, а далеку од најдобар голман што сме го имале, брзо забораваме на неговите партии пред првенството.
Ок, не викам дека Столе е Буфон, ама е најдобар (или во топ 3) што Македонија го имала... Ако викаш дека е далеку од најдобар треба да наброиш минимум 3 голмани што се подобри, баш ме интересира кои се...
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.783
Поени од реакции
2.726

Nikogas sme nemale dobar golman.
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
704
Поени од реакции
1.290
 
Член од
14 јуни 2021
Мислења
165
Поени од реакции
302
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.586
Поени од реакции
5.522
Интересно е шо Милевски не беше задоволен кога Мрме повикуваше играчи од у21 за во сениори, баш ме интересира сега дали Милевски ќе повика некој играчи од у21 како Тошевски, Антовски и во случајов Чолаковски, или сепак ќе му ги остави на Кантларовски. :D

Очекувам повик да добијаат - Ердал Ракип, Атанасов, Здравковски, Амановиќ (имал понуда од Панатинајкос наводно овај), Митов Нилсон (заслужено еден од најдобрите голмани во Шведската лига), исто можеби и Фазлагиќ а и некој како Митровски ништо чудно.
Тука како опции исто се и Младеновски, Серафимов, Станковски, баш ме интересира доколку играме 4-2-3-1 дали Алиоски би го играл како крило, а можеби Антовски како лев бек или сепак би ја задржале оваа четворка Алиоски - Муслиу - Велковски - Ристовски, која за мене за со посериозни репрезентации е бајаги ранлива, се виде на натпреварот со Холандија во второ, глата ќе ни ја дупнеа.

Убаво имаше пишано некој во претходните страни, Мрме не игра со 3 штопери дека многу сака, туку гледа недостатокот на квалитет да го надокнади со квантитет, на дуелот во Австрија за наши стандарди добро се држевме, дали 3-4 се на се добри прилики за гол имаа Австријците, додека со Холандија можеше дебакл да ни се деси, и тоа посебно во второ кога запнаа посилно лалињата, ќе видиме, доколку Муслиу и Велковски направат трансфер во посилна лига и ја кренат формата, можда би функционирале подобро во одбрана во иднина.

Да можевме Адеми да го задржиме уште некоја година, па да играме тројка назад Муслиу - Адеми - Велковски ќе беше добро, али Милевски си знае најдобро, сигурно има некој свој замисли, па ќе го видиме од Септември против Ерменците.
 
Trent Alexander Arnold

Stamford Bridge, Fulham Road, London, UK, SW6 1HS
Член од
30 јули 2020
Мислења
914
Поени од реакции
4.146
Ги испофрсирафте момците премногу. Премногу јадење говна, ајде можеме ние, најјаки сме, им создаде притисок на играчите наместо сите да бевме полабави и да не форсиравме толку, и нормално дечките изгубија сите 3 меча каде од тие 3 меча имаше само 2 солидно добро изиграни полувремиња. Премногу лупање у груди не е на арно, особено ако идеш на своето прво големо натпреварување ко европско и светско првенство.

И не е само талент, треба да имаш и муда ко Арнаутович, мозок у играта, капитениште ко Кјаер, искуство и уште 300 други работи. Ама до главата на македонскиот народ е, до ништо друго.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.979
Поени од реакции
5.576
Интересно е шо Милевски не беше задоволен кога Мрме повикуваше играчи од у21 за во сениори, баш ме интересира сега дали Милевски ќе повика некој играчи од у21 како Тошевски, Антовски и во случајов Чолаковски, или сепак ќе му ги остави на Кантларовски. :D
Чолаковски нема настап за младите, а ќе биде многу тешко да го добиеме со оглед на неговите добри игри во Австралија. Наводно сакаат да го повикаат за нивната олимписка репрезентација.
Сега ќе може да видиме дали нашите во Австралија стварно се големи патриоти.
 
Последно уредено:
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.783
Поени од реакции
2.726
Чолаковски нема настап за младите, а ќе биде многу тешко да го добиеме со оглед на неговите добри игри во Австралија. Наводно сакаат да го повикаат за нивната олимписка репрезентација.
Сега ќе може да видиме дали нашите во Австралија стварно се големи патриоти.
Zatoa i napisav prethodno deka povik na EP bese idealna opcija za da go obezbedime ama...

Inaku cela Spanija go bara Stole :D
Citav Getafe i Granada se blisku da go angaziraat.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom