Благоја Милевски, доскорешниот селектор на У21-репрезентацијата, е именуван за наследник на Игор Ангеловски и во следните години ќе ја води нашата најдобра селекција, а по ангажманот, сигурно дека ќе следат новитети. Еден од новитетите во составот би можел да биде офанзивец од Австралија во...
www.gol.mk
Интересно е шо Милевски не беше задоволен кога Мрме повикуваше играчи од у21 за во сениори, баш ме интересира сега дали Милевски ќе повика некој играчи од у21 како Тошевски, Антовски и во случајов Чолаковски, или сепак ќе му ги остави на Кантларовски.
Очекувам повик да добијаат - Ердал Ракип, Атанасов, Здравковски, Амановиќ (имал понуда од Панатинајкос наводно овај), Митов Нилсон (заслужено еден од најдобрите голмани во Шведската лига), исто можеби и Фазлагиќ а и некој како Митровски ништо чудно.
Тука како опции исто се и Младеновски, Серафимов, Станковски, баш ме интересира доколку играме 4-2-3-1 дали Алиоски би го играл како крило, а можеби Антовски како лев бек или сепак би ја задржале оваа четворка Алиоски - Муслиу - Велковски - Ристовски, која за мене за со посериозни репрезентации е бајаги ранлива, се виде на натпреварот со Холандија во второ, глата ќе ни ја дупнеа.
Убаво имаше пишано некој во претходните страни, Мрме не игра со 3 штопери дека многу сака, туку гледа недостатокот на квалитет да го надокнади со квантитет, на дуелот во Австрија за наши стандарди добро се држевме, дали 3-4 се на се добри прилики за гол имаа Австријците, додека со Холандија можеше дебакл да ни се деси, и тоа посебно во второ кога запнаа посилно лалињата, ќе видиме, доколку Муслиу и Велковски направат трансфер во посилна лига и ја кренат формата, можда би функционирале подобро во одбрана во иднина.
Да можевме Адеми да го задржиме уште некоја година, па да играме тројка назад Муслиу - Адеми - Велковски ќе беше добро, али Милевски си знае најдобро, сигурно има некој свој замисли, па ќе го видиме од Септември против Ерменците.