Да баш му текна на најугледниот спортски турски медиум нас да не лажИ. Супер што си постирал за долговите во кои се наоѓаат најголемите турските клубови, па чисто сеа за споредба препрати во колкави долгови се топ 10-те европски клубови, каде истите се мерат во милијарди. Кога се големи клубови во прашање, сосем вообичаено е да бидат во долгови, а особено нараснаа кај сите изминатиов период.
А зашто тоа мора да бидат играчи од Турција. Може едноставно Вардар да им биде база каде ќе собираат играчи од регионов или пак од Африка/Ј.Америка, кои воопшто не ја ни виделе Турција. Па ако некој од нив им фати очи ќе си го соберат за џабе во Фенер, како што беше случајот со Елмас. Слога како прво не ни имала никогаш остварено званична соработка со Галата.
Така да не избрзувајте со заклучоци, пред да се дознае вистинската причина за намерите на Коч. Сигурно не е младинци да праќа.
На Коч, чија фамилија тежи преку 10 милијарди долари и е најбогата во Турција, до хотелчето во Парк му дошло сигурно. Ептен круцијален момент е тоа за нив...