- Член од
- 4 март 2011
- Мислења
- 699
- Поени од реакции
- 704
Знам дека коментаров ќе навлечит многу хејт и негативни риплаи, ама мимо то се работит за мое лично мислење и доживување на Охрид. Мене Потпеш ми беше најубо дур немаше кафана, дури беше дивурија и џунгла, кога ловевме змивчиња како деца таму и ги чувавме во кутии од кибрит. Ајван плажа ми беше баш место за смирување со прекрасен поглед на Охрид под сенките на огромните дрва. Како плажа никогаш не беше од омилените за охриѓани, ама рака на срце и сега ретко кој ојт таму за плажа, за капење. Наместо плажа, се напрајја угостителски објекти - ноќни клубови (навистина преубо опремени и модерни), но целта беше да бидет плажи, а не по цела ноќ од таму Охриѓани да се превршчвет в кревет со криците од Аца Лукас и сличните на него, за сметка на газдите шо ги полнет џебојте. Ако беа плажи ќе работеа како секаде - до кај 20:00 часот и ќе беа скромни шанкој шо служет пијалоци, сладолед и храна, а не велелепни објекти распослани преку цела плажа. "Плажа" на која жените одет дотерани, нашминкани, со високи потпетици, а мажите со златни ланци да ги прошетет стомачните мускули и депилираните нозе! "Плажа" на која не се ојт заради водата и сонцето, туку да се бидит виден и да видит некој "битен". Пулите се, чудите се.
Колку и да не признаваме, градот туристичкиот бум го доживеа во минатиот век, кога плажите беа диви, ко од Бога дадени, а природата недопрена, кога единствената галама на плажите беа штирците и веселите дечиња, кога секој можеше слободно и бесплатно да ја посетит која сакат плажа на охридската ривиера, кога непречено можеше по обала покрај езеро да се ојт од Ј'но до Канео. Посебен доживљај беше чекорењето по калдрмата во старион дел, Охрид ко беше град на стари занаети, кожари, опинчари, сладоледџии и бозаџии, точакџии и сл., хотелине ко имаја по неколку илјади квадрати средени дворој со трендафили и зеленило. Сега калдрмата ја заменија со бекатони, зеленилото со згради и бетони, а трендафилите со диво поставени маси од кафичите, а ние се занесвиме колку сме ошле напред, колку сме се модернизирале, слепи и глуви да видиме и послушаме дека се појќе тониме во урбанистичкиот хаос, во кичот и шундот. И на крај, горди сме шо од едно мало гратче со душа денес напрајвме еден голем панаѓур!

Последно уредено: