Охрид

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
ЛЕГЕНДИ се. Да ги немаше ќе требеше да се измислет. Сношти ги откорнале конусине за велосипедската патека на Димитар Влахов, и ги остајле така. Вози ти утре со точак по патекава.
ED8E8160-6100-404E-B028-F6153228BDE6.jpeg CAE25D83-9CA7-467B-844E-FF402C9228CE.jpeg
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.793
ЛЕГЕНДИ се. Да ги немаше ќе требеше да се измислет. Сношти ги откорнале конусине за велосипедската патека на Димитар Влахов, и ги остајле така. Вози ти утре со точак по патекава.
Охриѓани знает да возет точаци и без конуси зато :sneaky:
Автоматски споено мислење:

Советов на Општина Охрид си закажал седница на Совет и што ѓавол ме тераше да отворам да видам што дневен ред имаат. Усвојување на годишни планови за вработување во Нискоградба, во Јавно претпријатие Билјанини Извори, во Охридски Комуналец и слично.
Потоа се сетив дека ни доаѓаат локални избори :свиркам:
Ако ги собереме сите вработени административци на локално ниво, веднаш може да аплицираме за влез во Гинисовата книга на рекорди, во категорија „Најмногу вработени по глава на жител“.

Па после ќе се чудиме зошто сме плаќале сметка за дождовна вода. А како се тргнати, кај и да е, ќе ни лупнат данок на вдишан воздух. По што нашиов не е обичен воздух, Унесковски е :icon_mrgr:
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
ЛЕГЕНДИ се. Да ги немаше ќе требеше да се измислет. Сношти ги откорнале конусине за велосипедската патека на Димитар Влахов, и ги остајле така. Вози ти утре со точак по патекава.
Прегледај го приврзокот 296204Прегледај го приврзокот 296205
Полиција би требало да го најде. Невозможно да не е снимен со некоја камера
 

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
696
Поени од реакции
1.554
Полиција би требало да го најде. Невозможно да не е снимен со некоја камера
Не се од вандали откорнати, вчера вечер поминав ги боеа пешачките , и зато ваљда ги откорнале и овие... Ама зошто ги остале. Лудило...
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Не се од вандали откорнати, вчера вечер поминав ги боеа пешачките , и зато ваљда ги откорнале и овие... Ама зошто ги остале. Лудило...
Македонски синдром, познат како “Не е моја работа”.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.793
Абас Емин секој втор ден нема вода, закопана, недокопана, 15 Корпус, машинерија, мајстори, задрано, недодрано, булевар Јане Сандански хорор, тротоар на улица АСНОМ и слично. Кај сврти се, раскопано. Почни едно, остави на половина, започни друго. Во моментов сме раскопани како Багдад.
Зошто е толку тешко да се има ред, започни една страна, заврши, па започни друго. Вака на сите страни расфрлани, се започнато, ништо недовршено. И зошто секоја година се чека да дојде лето, па да ги нацртаат машините на сред град. Во најголемите гужви.

Инаку според теоријата на мојот комшија дневните температури драстично се покачиле минатава недела затоа што „овие скопјаништава не может да се надишет од вАздухов шо го имаме, чист планински, езерски и зато дишет два пати појќе. Вдишвет кислород, а издишвет диоксит. :icon_mrgr:
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Абас Емин мојт да се номинират за улица со најмногу шахти на метар квадратен. Шо прает не ми е јасно. Цик цак требит да возиш за да избегниш шахта издигната 20 цм над асфалт.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.793
Абас Емин мојт да се номинират за улица со најмногу шахти на метар квадратен. Шо прает не ми е јасно. Цик цак требит да возиш за да избегниш шахта издигната 20 цм над асфалт.
Емке ти реков јас Мелбурн имат помалку шахти од Абас Емин :icon_mrgr: . А ова цик цак возењево е наменски напраено. Жителите на Абас Емин ги спремет за рели нешто во стилот на Дакар :vozbud:
И уште ако доаѓа кола од спротивна страна, тогаш имаш тргни - застани. Побрзо до Струга ќе стигниш, отколку од Абас Емин до Железничка
 
Член од
18 март 2019
Мислења
430
Поени од реакции
1.967
Ај ке пробам да разберам се, ама ова никако не можам да си го објаснам, зошто, како, каде, кога...??
Улицава беше здрава, рамна, чиста, немаше една ебена пукнатина и и влегоја рандом од никаде за еден ден и за 150 метри и ебаја мајката.
Многу прашања ми се вртат во глава за овај зафат и или јас сум глуп, или тој што го смислил е генијалец. Зошто побогуууу само 1/3 лента е асфалтирана, ако веќе асфалтираш зоштооо??
Од рамна улицава сега ја напраја на 2 нивоа со новиов и стариов асфалт. И класика ѓубрето пред куќи им го остадоја на луѓево.
20210525_201957.jpg
 
Последно уредено:

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Ај ке пробам да разберам се, ама ова никако не можам да си го објаснам, зошто, како, каде, кога...??
Улицава беше здрава, рамна, чиста, немаше една ебена пукнатина и и влегоја рандом од никаде за еден ден и за 150 метри и ебаја мајката.
Многу прашања ми се вртат во глава за овај зафат и или јас сум глуп, или тој што го смислил е генијалец. Зошто побогуууу само 1/3 лента е асфалтирана, ако веќе асфалтираш зоштооо??
Од рамна улицава сега ја напраја на 2 нивоа со новиов и стариов асфалт. И класика ѓубрето пред куќи им го остадоја на луѓево.
Прегледај го приврзокот 296379
Не можам да дефинирам, која е улицава?
Сумнњав на Марко Нестороски ама не.Никко не ми идат на памет , срамота :unsure:
 
Член од
18 март 2019
Мислења
430
Поени од реакции
1.967
Не можам да дефинирам, која е улицава?
Сумнњав на Марко Нестороски ама не.Никко не ми идат на памет , срамота :unsure:
8 Септември кај ТипТоп хемисконо, позади Минимаркет 2 раскрсници.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.793
Не можам да дефинирам, која е улицава?
Сумнњав на Марко Нестороски ама не.Никко не ми идат на памет , срамота :unsure:
А бе и јас се скапав чудење, каде е оваа улица, де познато, де непознато. Си велам да прашам, дан е срамота :icon_mrgr:
 
Член од
18 март 2019
Мислења
430
Поени од реакции
1.967
А бе и јас се скапав чудење, каде е оваа улица, де познато, де непознато. Си велам да прашам, дан е срамота :icon_mrgr:
Како викет оние на паркинзине..
"Ако прашај си, за прашвење не се наплаштат" :D
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
За колектор дојде сметка од 500 ден.Значи плаќаме нискоградба,водовод и колектор.Избори се ближат се најавуваат нови партиски вработувања.Мора да извает плати и за нив.И после пак општината презадолжена и така во круг.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom