ЕУРО 2020 - Група Ц (Холандија, Украина, Австрија, МАКЕДОНИЈА)

Македонија ќе се пласира во нокаут фазата како...?

  • Вкупно гласачи
    162
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.740
Поени од реакции
27.733
Сега читам коментари и се смеам, навивачите биле проблем што немало фудбал у Македонија и публика :pos::pos::pos:.
Јас ќе кажам обратно
Доста неочекувано, читајќи го никот.
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.029
Поени од реакции
7.131
Доста неочекувано, читајќи го никот.
Блазе си ти кој за напишаното судиш според никот а не според неговата соддржина, ете демантирај ме дека е така со факти.
А јас ќе ти посочам само еден пример кој може да ти го потврдат доста членови на форумот кој доаѓат од тој град дека е факт и чиста вистина.

Се игра финален натпревар во македонската кошаркарска лига, Куманово - МЗТ Скопје, околу 20тина дечки од мојата група одат за Куманово, јас поради приватни причини не бев таму им се јавувам да прашам како стигнале , како е таму, ми велат имавме супер дочек од кумановци како и обично но нема да навиваме поради тоа и тоа сега влегуваме у сала и ќе гледаме кошарка па се враќаме за Струмица.

Не го гледав натпреварот и им се јавувам по пат како е, велат еве се враќаме ќе ти расправаме што се случи во салата, нема да ти се верува, она ова.

Од 7000 луѓе во салата, западна трибина некаде е 1500 , 5500 симпатизери имат станато на нозе и да скандираат салата да се тресе, ама не за играчите на терен да им дадат на нив поддршка, туку да ја повикат навивачката група да навива бидејќи тие се дојдени да го гледат спектаклот на трибини приреден од нив, а не кошарката на терен.

Ова е само еден пример кој доволно ти збори зошто Македонците одат на спортски припредби, такви примери имаш мал милион.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.294
Поени од реакции
5.582

Да се надовржам, дека од моментот кога Кумани влегоа во бојкот, бројката на гледачи во салата се намали на 1000 макс, затоа што Кумани беа тие што правеа еуфорија во градот без разлика дали се играше против МЗТ или Пелистер тогаш како еден од најслабите тимови во лигата. Многу одамна кога се протестираше против управата на клубот и отидовме на трибина само да седиме со поставени транспаренти без навивање, другите трибини станаа и повикуваа да почнеме да навиваме затоа што клубот е над управата. Толку од таа приказна дека нема публика поради навивачи. Обична публика одеше на финалињата со МЗТ во гости иако знаеш дека може се и сешто да се случи во сред Аеродром си, ама луѓе одеа, практично пола Јане беше од Куманово публика. Премногу оф-топик забегавме, ама како ида е НАВИВАЧИТЕ И СПОРТОТ ИДАТ РАКА ПОД РАКА, за оние што мислат различно убаво пиша некој, МОБ е карши од Градски па уживајте у тишина.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.075
Поени од реакции
6.000
Пред околу 25 години кога на градски стадион требаше да игра Вардар со Слога стадионот дали беше 10% полн,комитите беа поделени на јужна во 2 групи на растојание од околу 100 метри.Навивачите на Слога мислам дека беа на источниот дел.Прашав еден од гледачите што седеше близу едната група зошто се поделени комитите наместо да се заедно и тој ми рече дека едните се СДС а другите се ДПНЕ и дека после утакмицата ќе имало и трето полувреме помеѓу навивачите на Вардар и Слога надвор од теренот.
 
Пројдени се тие времиња меѓу навивачите, сеа фала богу не можеме да дојдеме до квалитетни утакмици да гледаме. Толку години не се собравме да направиме екипа за национален тим што ќе го прати секаде во стилот на Босна и Унгарија што имаат, па и Пољаците секоја чест, ма да таму немаат расчистено кога е национален тим да нема фрки меѓу екипите ама они се друга димензија
 
Се додека кај нас играчи по клубовите стануваат деца на министри,директори,бизнисмени и слично само затоа што имаат пари и изиграваат некаков спознзор и им плаќаат на клубовите за нивните деца да играат а наспроти нив талентирано дете што стварно знае нема да игра само затоа што е сиромашно а родителите му се едни од стечајците фудбал уште долго време кај нас нема да има.Во поранешна Југославија исклучиво талентирани деца испливуваа на површина и затоа тие играчи тогаш беа во иста класа ако не и подобри во однос на нивните врсници од најсилните лиги.Ако ги земеме како пример фудбалерите од Македонија и останатите од другите републики кои постигнаа најголеми успеси ќе заклучиме дека сите потекнуваат од работнички семејства.
 
Trent Alexander Arnold

Stamford Bridge, Fulham Road, London, UK, SW6 1HS
Член од
30 јули 2020
Мислења
914
Поени од реакции
4.146
Во поранешна Југославија исклучиво талентирани деца испливуваа на површина и затоа тие играчи тогаш беа во иста класа ако не и подобри во однос на нивните врсници од најсилните лиги.
Југославија била државиште бе другар. Ова денес е гомно смачкано.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.075
Поени од реакции
6.000
Југославија била државиште бе другар. Ова денес е гомно смачкано.
Еве многу се жалат дека немаме инфраструктура.Дали тие што се жалат дека немаме терени знаат дека порано немаше вештачка трева туку природна и топката на некои места потскокнуваше при додавања помеѓу играчите.Ако почне силен дожд се создаваа помали бари па кога требаше топката да помине покрај такво место застануваше поради премногу вода.Значи играле во многу полоши услови од денес.Градскиот стадион беше гол бетон,на северна имаше клупи од даски како а на страничните само бетон,зимно време се ставаа испод картонски амбалажи од јајца и сите гледачи во ист временски интервал чукаа со двете нозе за колку толку да се загреат од ниските температури кога играше Вардар а публика имаше минимум 30000.Разликата е во тоа што тогаш имавме фудбал и публика а немавме стадиони и инфраструктура а сега имаме стадион по сите светски стандарди а немаме фудбал ни публика.
 
Член од
29 септември 2015
Мислења
253
Поени од реакции
333
извадок од слободен печат

Елмас истрча најмногу, Пандев – втор?!
Капитенот Пандев, како стрелец на голот против Австрија и како играч врз кого беше направен пеналот против Украина, заедно со Димитриевски (му одбрани пенал на Руслан Малиновски во 84. минута и нè остави во игра за реми), се играчите со најдобар ефект на двете досегашни средби. Димитриевски има 11 одбрани на двете средби и осум боксувања. Тоа, од друга страна, покажува дека нашиот голман морал да ги поправа грешките на играчите задолжени да бидат последен бедем пред неговиот гол.

Симптоматично е што во конечната статистика, втор македонски играч според претрчаните километри е речиси 38-годишниот Пандев, заедно со Стефан Ристовски – по 19,9 км вкупно на двата натпревара. Тоа многу зборува дека Аријан Адеми, Енис Барди и Езџан Алиоски, многу важни играчи за Македонија во т.н. маневарски простор во средината на теренот,како креатори на нашата игра, не само што имаа многу помалку додавања од своите противници, туку тие беа и со низок процент на прецизност.

Незнам колку е точно ова сублимирање на Слободен печат, но ќе се сложам делумно со нив.

Според мене треба конечно државата да вложи многу пари во афирмација на фудбалот.
Срамно е за една држава да доаѓаат руски инвеститори и да ни прави терен на најтрофеен македонски клуб.
Треба да се донесе закон каде фудбалот и вложувањето во него ќе стане институција.
Сметам дека тука треба да се смени пристапот бидејќи само со 2-3 играчи од типот на Елмас и Пандев не можеме да оствариме позитивни резултати.

Треба да го искористиме како држава потенцијалот на Пандев, па така ако он вложил во академијата хипотетички зборам 10 милиони евра, државата да му помогне во клубот со најмалку исто толкава сума.

Исто и вложувањата на Шкендија, порано Вардар итн. Ако Самсоненко вложил пример 10 милиони евра, државата да вложи уште најмалку толку.

Голем плус е што Пандев е сега веќе многу почитуван играч и фактор во Италија. Има врски па мислам дека може да помогне со доаѓање на странски клубови и да регрутира играчи.
Мислам дека тоа била и негова идеја со создавањето на Академија Пандев.

На крај она што најмногу ми смета е, тоа што неколку фудбалери не ја пеат воопшто химната.
Тука мислам на Барди, Алиоски и тие другите понепознати албанци.

Колку химната делува мотивирачки се виде на дуелот Италија- Швајцарија.

Во репрезентацијата на Швајцарија делуваше дури и тажно кога се свиреше химната. Никој уста не отвори освен еден црнец.

За разлика од нив Италија ги доби пола меч уште откако заврши химната. А Швајцарија воопшто не е слаб тим, ама нема атмосфера и нема сплотеност.

Разочаран сум од Алиоски, Барди и компанија. Слаба прецизност во додавање, и сето тоа придружено со слаба одбрана.

Секоја чест за Столе Димитриевски, Елмас, Пандев и можеби уште двајца. Се трудат максимум луѓето.

И да за крај според мене.

неможеш да кажеш дека го оставаш срцето на терен за репрезентацијата кога не ја пееш химната.
Алиоски, Барди и компанија треба да им биде срамота што се со запечатени усти.
 
Член од
19 август 2017
Мислења
272
Поени од реакции
872
Мислам, треба да не пуштат даље, заеби бодови, зар само за бодови се игра :)

Последно уредено:

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.476
Некој ако знае да објасни што е со навивачите на Унгарија во црни маици? Цел стадион е во црвено но има неколку групи навивачи во црно.
 
McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.534
Поени од реакции
13.870
Некој ако знае да објасни што е со навивачите на Унгарија во црни маици? Цел стадион е во црвено но има неколку групи навивачи во црно.

Задушница
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
705
Поени од реакции
1.290
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom