баш на српската нова тие што коментираат не се на нивото. истите се од спорт клуб, ама втор ешалон на коментатори, барем од тие неколу преноси што слушнав, не сум го чул пример вишко да коментира. ама самото тоа шо е српски нас не "пали".
исто глеав пренос и на нова бих, хрт 2, секаде нивото на коментатори е паднато, ги нема тие стари коментатори и таа стара школа. и таму негативни коментари има за нивните коментатори.
калински нека ми извини освен тоа што има таков глас за коментатор и што везе поезија во преносите другото што треба да го има за коментатор е далеку под нивото.
стерјов, драган и тони се добри, ма да овие двајцата забегаа во последно време со малце вмешување политика во преносите.. ама убаво звучат коа коментираат.
милковски нека си тера со карате федерација, нека не замара со коментирање. не знам како паднала одлуката на него да оди во букурешт ама ајде..
од новите, владко има место за напредок само му фали преноси. дамјан едноставно нема глас за коментирање, нека отвори спортски сајт нека си пишува статии.