За прв пат после долго време морам да гледам фудбал со наши коментатори и сега разбирам како ви е вам, напатени души... Значи не се трпи она, овие луѓе поим немаат како да коментираат формации, тактики, и буквално се што се случува на терен, па верглаат цело време апстрактни работи како: сега треба да се одбраниме, да издржиме, па ако се отвори простор да нападнеме, да се протури некако таа топка напред, Арнаутовиќ играл во кинеска лига па ајде статистики за учинокот во кинеската лига на сред натпревар, па високи биле Австријците, Барди да дадел гол од слободен...
Тоа е, кога не знаеш да коментираш што се случува на терен си правиш вербална гимнастика цело време.