Паднавме физички и Мрме тотално ја утна со измените. Костадинов е непостоечки играч, нема што да бара натерен. Требаше да си влезе напаѓач место Трајковски (овој па 5 конти добри заеба). Или бар Спировски да влезе, колку толку е стабилен дефанзивно. Бејтулаи тотален промашај. Едино нешто што го правеа овие од Австрија, беа центаршутеви, стсви стопер, прсти го Ристовсли десно. Губиме и го става Тричковски бе. Човекот има 100 години, не може да оди, никаков придонес за пласман на првенствово, стави некој што може да брка, да врши притисок, имаш помлади играчи. Вака он и Пандев во фор тотално некорисни.
Нити се посрамивме, нити треба сега да се плука по играчите. Реално, сите репрезентации се поквалитетни од нас и тоа доста. Нека играат за душа, само без никакви притисоци и Мрме да си игра со 3 штопери, а Рисотвски десно. Николов е играч помалку на таа позиција. И нека пушта ко замени помлади играчи, а не Тричко, Велковсли, Хасани и слични пензионери кои со ништо не заслужиле да бидат на европсково. Бар помладиве ќе гризаат на терен, се поталентирани и далеку повеќе би придонеле.
Нема што сега да паѓаат, глава горе само. Самиот пласман на првенствово е доволен за историја.