Ај сеа коа помина утакмицава да се обидеме со ладна глава да искоментираме. Денеска мислам дека ни се собра се у едно. Од преголема желба да направиме добар резултат, до тремата на првото историско ЕП која евидентно беше итекако присутна, а самото тоа резултираше и поставеноста и играта.И уште еден фактор кој исто така беше еден од клучните а тоа е физичката подготвеност. Искрено,кога ги гледав нашиве на претходните натпревари, па и на оној во Дузбург ми делуваа многу повеќе физички спремни, ова денес беше ептен видливо дека не ја бива работава, и тоа веќе накај 65 минута. Тешки нозе на нашиве, трчање во празно, оставање простор на австријциве да се шетаат и да креираат. Баш она што го најавуваа нашите пред првенствово, дека сме со друг менталитет, дека идеме на победа на секој натптревар, дека идеме да ја играме нашата игра и да напаѓаме падна во вода. Го фуравме спротивното, бранење пред наш гол, комлетно оставена половината австријците да бираат што ќе праат. Пред да падне голот буквално очекував кога ќе ја видам топката во гол. Ај да ги имавме Новески, Седловски и Васовски у одбрана па да дишеш полесно, ама со моменталнава одбрана висеше голот и се деси. Сепак дебито и стравот од грешка на вакво големо натреварување си го направи своето. Мораше нешто да мења Мрме во текот на натпреварот. Ако веќе се браневме мораше да бидеме поуботи при тие неколку контри кои ги имавме. Денешниот фудбал бара брзина, решавање на ситуациите во дел од секундата. Видливо беше дека при продор на некој наш фудбалер австријците одма удвајаат , па чак и по тројца затвараат. Мораше во тие сутиации побрзо да се ослободуваат од топка нашиве, а останатите брзо да се ослободуваат без топка. Е сеа за таква игра секако мора да бидеш и кондиционо добро спремен. Жал ми е што оваа Австрија трет пат не тепа на ист начин, имаш впечаток дека оној Арнаутовиќ и во 90 минута да влезе во 91 ќе ни се прошета во гол. Толку инфериорно делуваат нашиве против него да тоа не е реално. Тоа е што е. Секое деби на вакви големи настани без разлика на кое поле е еден вид школо и искуство за подобри настани во иднина. СЕ надевам дека веќе во наредниот натпревар со Украина ќе биде друга песна, пред се во пристапот. Мора да се опуштат, и да играа фудбал. Стравот од грешки да го остаат на страна и да влезат во надигрување со противникот, пошо тоа е најдобрата комбинација. Со денешниот пристап ем губиш, ем не оставаш никаков впечаток на ЕП. Момците ја имаат целокупната поддршка. Колку и да боли поразов и не е старт од соништата на ЕП, сепак мора да бидеме реални. Денес со оглед на ситуацијата на теренот Австрија заслужи да победи. Беше повеќе директна ( секако заслуга има нашиот дефанзивен пристап), подобро физички спремна, поснаодлива и секако реализаторски подобра. Украина е веќе друга приказна и шанса за подобра игра па зошто да не и победа. Напред Македонија!!