Si procitala dali e isto da posvojat i surogat?
Dali isto imaat sansi da dobijat, procedurata i sve propatno ili go svede cel muabet na navidum izbor kako pomegu mars ili snickers? Mars bidvajki altruist pocist od bog a snickers joseph fritzl.
Dali gi osuduvas oti ne se dovolno altruisti ili gi osuduvas kako misoginisti oti ima uste eden maz poveke vo ravenkata pa e samo logicno?
Kolkav procent se gej parovite sto idat so surogat vo celiot problem na prodavanje na zenskoto telo? Zarem ne e znacitelno pomal od klasicen par sto izbiraat surogat? Zaso ne gi zamaras vodeckite 99%? I mnogu lizgava tema ti e prodavanjeto na teloto, dali ti ako odis da kopas na niva u svajcarija go prodavas svoeto telo? I zarem ne e nesto sto sekako bi se slucuvalo samo sto vaka imaat drzavna zastita i poveke prava surogatite? Bidejki e, so znam, svoj izbor, nivno telo i sve toa?
Не е исто. Ако ги видиш статистиките од Британија, ќе видиш дека не тешко да посвојат дете. Ама штосот беше дечињата од домовите да имаат посреќно детство...барем така се движеше наративот.
Лично зборувам општо против сурогат мајчинство, независно од посвоителот дали е хомо или хетеро. Едно е да си го дадеш трудот под наем (работниот однос се формира меѓу сопственикот на трудот и капиталот, а телото е еманација на личноста), но сосема друго е детето (кое е субјект во правниот поредок) да биде предмет на купопродажба. Зборуваме за човечко суштество со одредени права, а не само за мајката.
И телото не може да се даде под наем!
Притоа, не значи дека оние кои пристапуваат кон посвојување преку сурогат немаат дете или деца. А тука е и правниот проблем кога мајката (или родителите) одлучат да не го предадат детето! Проблемот не е едноставен.
"Мое тело, мој избор" е глупава парола, па и самиот си свесен дека не функционира во пракса. Од религиските права, до вакцинацијата.