Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Го искачив најтешкиот врв на Шара Кобилица и тоа ама ден одбрав.Имав среќа што невремето не ме фати на врв.Самиот не верувам дека успеав,уште еден доказ дека не постои тешко и не можам,прашање е само колку тоа нешто го сакаш
a32da581c6e4a609c34d5a2ce45d7500.jpg
515a92a255c16f645c6a301018101c00.jpg
2d53aaf4348ca960c140b932d6038cad.jpg


Sent from my SM-A325F using Tapatalk
 
Дк,

Се тече, се се менува, само тетката на скопски аеродром уште вика "Се молат патниците да пристапат кон воздухопловот"
воздухопловот
воздухопловот
воздухопловот
:facepalm::facepalm::facepalm:
 
Драга,

Кафето е мојот хероин, по него копнеам со очај на уличен наркоман. Шолјата кафе мора да исполнува одредени критериуми за да ја задоволи мојата потреба за кофеин. И така ми се фаќаат две за добро утро, едно за добар ден и едно за добра ноќ. :)

Туку сакав да кажам дека многу им се восхитувам на оние кои што се дебелокожци и ништо не си земаат при срце. А ја сум толку брзоплета некогаш на муабет, па отпосле си овертинкувам и често пати сама себе си го сјебувам денот for no particular reason. Ех да бев помалку мекуш и ништо да не ме тангира. :sleep:
 
Моментално ја пијам третата различна врста на пиво што ја иам у фрижидер. Од шетање низ Германија се преселив у Чешка, а најверојтно преку Холандија ќе завршам у Македонија.
Прееска ја исправ колата, и само што завршив со чинот наречен пребришување со еленска кожа, заврна.
Интересен домаќин сум морам да признаам, ене ја ушљакана и тажна. Ме боли кур.
Пред некое време ви кажав дека напраив сообраќајка или како што јас милувам да кажам, удес. Минимално оштетување иам кое никад нема да го напраам а за кое добив 400 евра од осигурителна компанија и истите пари уеврени и спремни за на одмор. hhhh
Прееска приметив дека ми е напукната шофершајбната, има една језива линија која најверојатно никад нема да биде санирана ако помине на технички на крајот од месецов.

Ги слушав финците пак, сеа се пребацив на некојси ирски панк. Ако не искочам од дома најверојатно ќе завршам на ламинат уз мелодиите на големиот Синан Сакиќ или некој сличен.

Татко ми завчера избушил вода у двор, нашол вода, извадил вода или као и да се вика тоа... ене го сеа пресреќен го полива дворот односно го поплавува, пресреќен и горд. Ми вика дои да видиш колку е ладна, и доека ми течеше вода низ раката се занесе у објаснувањето дека уште била матна па коа ќе се избистри ќе биде топ, ќе може да се пие, тука ќе ставал мрамор, ова ќе праел, она ќе праел. Како да му кажам дека ништо не разбирам и ништо не ме интересира. За леб ќе трпам ако некад останам сам.

И така.

Очаен пост.
 
Ако приказната го има мачорот во чизми, јас дома го имам мачорот во кломпи. Секогаш предната и задната лева нога му се во едната кломпа, а десната предна и задна нога во другата кломпа. И така си тера со години без разлика на годишното време. Како мал во патики се пикаше, сега ова му стана навика. Не знам од каде толку мерак за обувки. :D
 
Драга, некогаш некој работи поарно да не ги научив. Секогаш ко ќе ја слушнам песнава ми иди на ум Вулводинија ... :facepalm:

 
Драга,
Му го прочитав постот на Џонтра.
Се препознав.
Ме мавна депресија. Неам пиво а ни желба да тркнам до продавница.

И да, сакав да перам кола, заглавив у Копачка и дождот ми ја испра.
 
Urlam vo kancelarija

No, godina ipol rabotejki od doma zarem bi bilo flex?

Se smeam pred monitori nekako go nema udarnoto. Ne znam zosto se logiram i jas ponekogas.
 
Драга уште ги мислам крадците што ми влегоа дома што среќа имаа при бегање во таа темница да не бутнат еден од 11 сандаци со пчели да се офајдат бе.

Sent from my SM-J600FN using Tapatalk
 
Прва журка каде ќе морам да се сретнам со подалечната рода на домаќинот, каде ќе бидеме презентирани јас и син ми. Си купив бел ф'стан и сега сум во дилема, дали да комбинирам со кремови штикли и да го исфурам фенси стајлингот до крај, или да вметнам мои обележја, да шибнам црн чипкан корсет на половина и да искомбинирам со готски чевли?

Муж ми не е од корист, секако ме сакал...
 
Драга,

Ако некогаш се оженам со цурата што ти ја спомнав пред некој ден, ќе го викнам и Џонтра на свадба.

Не зашто ми фали кум, имам кум, али Џонче ќе биде ликот што ќе ги кажува адетите на свадбата. Го знаеш оној лик што на секоја свадба е присутен и сè видел и сè знае.

Знае дури и кој бил прв кокошката или јајцето. Е тој.

Ја сум имал 50 години, а он постар од мене 3-4, викаат постари треба да се слушаат, па да го послушам за адетиве. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom