На сликата/колаж, опфатени се неколку ситуации од нападот на Нетс, од првиот меч, се гледа како Грифин најчесто е сам, уште во прва четвртина за само 3-4 минути игра има 5-6 прилики, во моментот кога дивјаците Ирвинг или КД солираат и одат на влез/се дигаат на шут, и тоа преку 2-3 играчи/во гужва!
Кратко клипче и неколку моменти од серијата Бакс/Нетс:
---------------------------------------------------------------------------
Брук Лопатарот го пердашат редовно, дефанзивно спор е во било кој дел од терен/ситуација - Прва ситуација, 35 секунда (на периметар) 52 секунда,
На пнр остава многу простор, се коцка сакајќи да покрие голем дел од теренот, скапо ги чини Бакси (1.36 1.43 4.02 4.29 5.40 5.56 6.20 )
Нападов на Бакс - 0.41 1.00 2.16 6.05,
Одбранава на Бакс 0.24, 2.30 4.36, 4.43
Одлична одбрана на Нетс 0.10 , 2.16 5.50
Анте MVP-то, на првиот меч, на 2.15 минути до крај на трета четвр. за две минути прави толку глупости (за џабе ли е MVP?!), типични за него, блеска со сите негови слабости во играта, период кога и Нетс резултатски се одлепија, и тоа :
на 2.38 две слободни со ред промашува,
на 3.22 губи топка на дриблинг (рачиштата на Клакстон)
на 3.33 шутира(промашува) во очај за три,
на 3.43 чекори прави (ништо ново) ........
4.20 КЛАСИКА -Фаул во напад на Анте не му свират, како го собра Херис...
Грифин не е за потценување, не го есапат на периметар за закана -0.30 , 4.13
============================================================================================================
Тројката на Бакс-Анте/Брук/Крис веќе три години заедно игра, а на Нетс КД/Вујкото/Џо играат 2-3 месеци......Во оваа скратена и така турбулетна сезона, за сите екипи во лигата а посебно за Нетс, со така набиен распоред, при толку промени во стартната постава (15+ различни петорки) што ради експериментирање/повреди па и поради континуиран прилив на нови играчи во текот на регуларниот дел (ја претераа!), Нетс во дуелот со Бакс играат како да овој тим има континуитет од 3-4 години, а Бакси како да се склопени пред некој месец!
Прост е рецептот (на хартија)- Го сведеш ли себичлукот на минимум и дружина од феноменални индивидуалци го покажува бргу својот потенцијал.....Импресивни и во нападот и во одбраната Нетс.
Такер како стартер кај Бакс во серијава-борбен и одличен 1-1 дефанзивец, без дилема, АМА никаков ефект нема во одбранава на КД- предаторот, кој очигледно сака да покаже дека и по година пауза тој е царот во лигата, веќе 5-6 години ( и е!!), и никој не може да го чува 1-1, што сака прави на теренот, со таква леснотија. Елениве ги одра, собра копита/кожа/опашките, роговите, ништо да не се фрли....паштета ги направи ...Абе јас по маркетиве паштета од елени немам начекано, зошто не носат кај нас, скапа ли е ?!
Од друга страна, во нападот присуството на Такер прави многу проблеми и на онака стагнантен напад ( со Анте "плејмејкерот") со оглед дека Такер не може ни топка да води и 4 години во Рокетс во корнер фаќаше мувла (негово омилено катче и прибежиште на теренот) и го гледаше Харден како игра 1-1 и зависеше од неговата милост, да шибне по 1-2 тројки......таа му беше улогата офанзивно, ама и тој му е плафонот!
Кога еден Мидлтон е очај, а веќе 4-5 години е офанзивно и најкомплетен играч 1-1 во тимот ( и најбитен играч во екипата , а не Анте!), лимитите на Такер офанзивно се далеку попроблематични, за 25 минути по една тројка само да плесне(ако ја плесне) е премал придонес за стартер, посебно кога играш против динамит екипа како Нетс, претрупана со одлични индивидуалци !Едноставно, далеку подинамичен играч поентерски им треба на Бакс во дуелот во стартната, место Такер, да биде попристојна серијава.
Анте, Лопез, Такер немаат шут од дриблинг....Кеј Ди со рачиштата на Мидлтон одбрана (со Клакстон тандем).....а играш против динамична артилерија како КД/Ирвинг/Џо ...Џо очигледно игра со многу самодоверба покрај овие два, елитна шутерчина/снајперчина од движење/преку блокови на периметар, топ5 лигава во овој сегмент.
Харден во серијава е благослов за нападов на Нетс што не игра, да ја тупи на периметар а и премногу талент е тоа во исто време на терен, тешко за менаџирање.....Грифин може, а и треба да го користат повеќе како шутер од место, на моменти ќе има по некое бунарче, ништо страшно, неговата неконстантност во шут од дистанца не е голем грев, во денешната ера, кога цела лига плеска храбро бунари.
Себичлукот е најголемиот предизвик и непријател за Нетс ....инаку ги вртат како рингишпил Бакси.
На следниот клип, нетипично флуидната игра на Нетс, ма феноменално движење на топка, во 5-6 секунди топката низ 5 играчи мине.
Во денешната ера, кошарката поедноставна (а во истовреме и толку ефикасна) и не може да биде.....просто мераци!