Тоа се случува кога капитализмот завладева и со културната сфера, сега се е монетизирано, порано имаше Биг Оил, сега имаш Биг Тек и Биг Мјузик и Биг Арт, сите хитови се анализираат со алгоритми и Биг Дата да се најде заразниот кечи тјун кој ќе биде употребен за следниот „нов“ Биг Хит кој ќе лачи допамин, исто така мнозинството од хитовите да ти биле напишани од само двајца песнописци, докажан извор за докажан профит... Денешната мејнстрим музика и филмови се произведуваат фабрички на асембли лајн како автомобилите на Форд, како и се друго во модернизмот, како во
филмот на Чаплин... Литературата чинам отсекогаш била малку критична кон мејнстримот, можеби оти потешко е да се искомерцијализира
На оваа Кока-Кола ли мислиш? БЛМ пред се не е организација, туку е движење кое е подржано од мнозинството американци. Компаниите можеби пробуваа(т) да го јавнат ова движење поради ПР во шорт терм и потенцијална контрола врз движењето лонг терм, едноставно нели се облекуваат во овчjа кожа...
Сите агенции се борат за средства, зошто Наса да биде исклучок? Зошто екскурзијата на една жена на Месечината треба да биде поважна од репродуктивното здравје на милиони жени во Америка? Не е само Наса што се бави со наука, а и мислам сега поважен е енвиронменталниот и енергетскиот сектор отколку вселенскиот. Скоро секој технолошки развој во конзумерската сфера е движен од иновативни приватни претприемачи и инвеститори, државата овде може само подобро да го заштити и координира тој развој.
Во Америка до скоро и немаше левичарство, сета таа економска декаденција е резултат од догматични десничарски политики. Сега со Џо левичарството се враќа назад бејби, with a vengeance
И да секој војник кој не утепал минимум 5 цивили во утепани земји како Афганистан во последните 6 месеци треба да биде отпуштен од работа. Исто и административците, невроните на секоја држава или било каква човечка организација. Непродуктивни паразити.
Целото општество е поларизирано, сега секој предлог што иде од другата страна е „радикален“, затоа е застојот чинам. И да добро знаеш, се почна со бејби бумерите. Сега треба некој друг да им ги чисти *****та. Итс а бумерс ворлд т т т T т т... (ок толку престанувам со анти-бумеризмот, повеќето бумери се срцки <3
(освен оние кои не се)).
Чека малку сега, како ти одреди што е тривијално а што е прогрес? Како може состојбата на историски крајно обесправено бројно малцинство и тотален и тоталитарен општествен шифт во поимање на пол, сексуалност и меѓучовечки односи да се тривијални работи, а 3D принтери, 4K телевизори, 5G интернети и ТикТок да се „иднината на човештвото“? Прогрес кон што? Сурвејланс капитализам? Сајбер воајеризам? Автоматизиран техно-фашизам?
Сеуште упорно се тера со тој модернистички мајндсет, Ауди наративот - vorsprung der technik, додека цела планета се гуши од „човечката економска активност“ и од „прогресот“ кон „благосостојба“, американскиот сон се претвара во американски кошмар, искусната Европа не знае кој пат да фати, а Кина е прогресот - тоталитарна орвеловска дистопија со наци/коми каракеристики, која шири тиранија и во Хонг Конг и во Шинјанг и можеби наскоро Тајван, каде цел свет се умилкува кон мејнленд Чајна, Биг Чајна, за да не им стресе некое ембарго, каде се убиваат научниците кои ја зборуваат вистината за Вухан вирусот - кинескиот Чернобил, каде кинеската влада се обелува со лаги и дезинформации по цел интернет, каде „граѓаните“ се дресираат како кучиња и доброто/послушно куче се става во удобен дом а лошото во рерна. Прогрес да, но кон 451 степен фаренхајтов.
П.С. Hard men make great times weak hard gay times make no babies. Море цел пост ти е клише
Ок тривијални провокации настрана, општо се согласувам со другите работи во постот, но да дефинираш технолошки и економски развој како прогрес а притоа да го игнорираш „развојот“ или според тебе декаденцијата во социјалната и политичката сфера како нешто тривијално некако ме враќа во првата половина на 20ти век. И тогаш голем број веруваа во прогрес и техно утопија и благосостојба, ама уште поголем број се разочараа, од неочекуваната горкосостојба...
Е ова веќе личи на дефиниција, еве јас општо ја прифаќам
Сега малку да се дојаснам. Од овие четири декадентни појави во воведниот пост, сметам дека само хомосексуалноста со сите салтанати и панаѓури е декадентна.
Не сум феминист, и сметам дека има два правци на феминизмот денес, оној животинскиот, хиенизмот, и оној пуританскиот, пурифанизмот. Го подржувам овој вториот и всушност го сметам како соодветен одговор на декадентното децениско сексуализирање на жените во секоја сфера од животот. И да, можеби носење маица со сексуализирана идеализирана жена на неа во професионална средина во која се присутни и колешки можеби не е најсоодветен избор на облека. Нека си ја носи по дома, пред жена му и ќерка му и баба му.
Воке мислам дека не е толку декадентно колку што изгледа. Воке пред се се однесува за црнците во УСА, но би можело да се користи и за други етнички дискриминарни малцинства на пример ромите. Мислам дека Воке движењето е настанато поради најверојатно сеуште присутна општествена дискриминација, иако легално повеќе нема дискриминација. На пример екуалити оф апарчјунити е донекаде дискриминаторски бидејќи не зема во предвид во какво семејство/улица/маало се расте, социоекономска нееднаквост, етничка репутација, пиир прешер итн и потоа се препишуват тие неуспеси лично на индивидуите од тие етнички групи, демек биле мрзливи, немале АјКју, премногу рап во мозокот бла бла... Тоа ствара резентмент и БЛМ... Така мислам Воке е ок со тоа што бара повеќе внимание и разбирање за вакви... полужртви, но не ми се допаѓаат решенијата кои ги предлагаат и обратниот расизам спрема белчо. Значи според мене селф-рајчеснесо на БЛМ и слични е декадентен, но не и самиот Воке елемент.
Е сега искрено не знам што виде декадентно во веганството. Не сум веган, но го подржувам како движење, декадентно е што стигнавме во таква благосостојба што секој може да си дозволи месо колку што сака и имаме неетичко неодржливо производство штетно и за луѓето и за животните и за планетата. Но веганите треба да поработат на аргументите
Можеби нивниот проблем е што самите себеси се сметат за животни, па сега им е шубе да си ги јадат „браќата“. Или пак не можат да различат животно како диво животно во природата, припотомено животно како економски ресурс и да кажам, цивилизирано животно, нон ресурс, како миленик, куче, маче.
Како мачкиното кафе во Ливерпул Или мачкиниот паб во Бристол Me, coming out as мачкар. Ништо декадентно и овде...
Значи сум про-женопуританци, про-расонети, про-тревопасни, но сум анти-истосексуалци. Декаденција левел 75%