Дали западниот свет влегува во декадентна фаза?

Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Добро утро! Ајде сега малку посериозно...

Јас сум фрапирана од вашата лекоумност и лековерност, што ми ја докажува мојата теорија дека немате ни грам критичко мислење и како лесно ја впивате секоја информација дадена на интернет(си знаете кои сте, сте се преброиле преку лајкови и анализирање за мене како родител. Свашта!). Ова ви е показател дека треба да си ги преиспитате идеолошките погледи.

На темата, дури и јас како левичар во неколку наврати имам објаснувано колку презирам woke и cancel култури, или било какви бљувотини кои ги пропагира западот, кои веќе прераснуваат во авторитарност. Сум била напаѓана и прогонувана од други „левичари“ затоа што сум се противела на апсурдот на оваа модерна западњачка пропаганда. Овој мој став го имам бладано милион пати низ темите за феминизам, хомосексуализам, анархија, мигранти, you name it, што ми е уште еден показател колку дебатите се бесмислени доколку не сте спремни да го разберете „противникот“ во дискусијата, туку реплицирате само со контра напад.

Ќе зборуваме за модерната америчка пропаганда, или за одредени политички движења, такви како што треба да се суштински? Некако добивам чувство дека целта на темава не е за плукање само на западњачката пропаганда...

Дали имаме поголем противник? Апсолутно! Лошата економска состојба. Дали ова ги прави другите проблеми, односно обесправување на одредени припадници во општеството, помалку битни? Не. Она што е апсурдно во ситуацијава е токму бледото копирање на западните земји, а не фокусирање на локалниот актуелен проблем.
Тука е и проблемот.Левицата е киднапирана и мутирана до невидени размери.Ова сеа шо се дешава не е Марксизам туку Кроулизам.Проблем е во шо ова лудило шо ги мешаат и децата им ги перат мозоците од мали.Ич не ми е гајле дали некој дома има секс со куче или со питон.Целава оваа гнасна пропаганда ја тераат преку колеџите и училиштата.Замисли на дете да го убедуваш дека нема само машки и женски пол,него дека полот е флуиден?И дека дека таткото и мајката се родител бр.1 и родител бр.2.Значи за детето не си ништо друго само еден обичен број.Како дел од оваа пропаганда е и атакот на белците христијани кој одма се прогласуваат за расисти ,а во последно време и нападот врз евреите.Оваа пропаганда не се дешава случајно туку е платена со огромни пари.Не случајно водачката на БЛМ заработила милионски суми и сеа си купила огромен имот и куќа во населба кај шо доминираат белци.Следи ги парите и ќе сватиш чиво масло е ова шо се дешава.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.667
Тука е и проблемот.Левицата е киднапирана и мутирана до невидени размери.Ова сеа шо се дешава не е Марксизам туку Кроулизам.
Многу моќен овој Кроули :) Мртов, ама моќен... свет да промениш со пишување! Не со војни и крв, туку со црно мастило и добра хартија.

Добро е што процентот на луѓе што знаат да читаат е многу поголем од времето кога тој живеел... може да прочитаат што изнапишал и за светот и за човекот, и за едукацијата на децата и општо за слободата на секоја индивидуа... а не да читаат вакви глупости изнапишани од некој што по се изгледа знае за работите само од форумов.

Детето никој не треба да го убеди во било што (ниту може да го убеди реално), освен можеби да го подучи да има критички ум и да не верува на никој за нештата околу него и она што произлегува од неговото постоење дека е погрешно! Или ако има разилчно мислење за нештата дека е болно или дека е погрешно неговото постоење.
Многу се силите за децата, а за секунда ќе го уништете ако не е онака како што вие сте си создале слика за тоа дете...
Не им ги пренесувајте гневот и омразата ваша на вашите деца... така светот ќе пропадне во омраза и бесцелни војни за глупости.

П.С. Не мора да се плаќаат нештата во пари. Само треба да откриеш што му е вредно на оној што сакаш да ти заврши работа. Го плаќаш со тоа. За тебе може тоа да биде најбезвредното нешто, но кои сме ние да судиме за туѓите вредности? ;)
Ни марксизам ни капитализам вие разбирате... само читам на темава „ова ми смета она ми смета“... кај наоѓате време толку работи да ви сметаат одеднаш во животот, не знам.
 
Последно уредено:
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931

Донекаде е разбирлива таквата перцепција за Кроули, повеќето луѓе не го истражуваат неговото писание бидејќи немаат време можеби ниту таква пракса... па прво погледнуваат што правел ... како живеел.... оргии, бисексуалност, дрога... па тоа " прави како ти е вољата " го читаат како прај си шо ќе ти текне... односно хедонизам, само твојте ќефови се битни.

Верувам дека тоа кроулизам е кажано на база таква перцепција, мора да признаам дека на почеток и јас така го гледав но со твоја помош увидов дека тој сегмент од неговиот живот не е меродавен за него, односно дека е битно што исканализирал од ајвазот, па прави како ти е воља е всушност да ја осознаеш својата суштина за да дојдеш до љубовта...

Но што ако страрус е во право, на еден начин е кроулизам само инспириран од неговиот световен блудничав живот а не од прекрасната порака на ајвазот за Љубов?

Љ.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.667
Има едно четиво „За Едукација на децата“ од Кроули. Нека го прочитаат (бидејќи отекоа со децата и геј и западот и сешто зборување неповрзано само да се оцрни другата страна).
Бидејќи бладање и зборување глупости и постојано сатанзирање на сешто со кое не се сложуваат луѓето - не води никаде. Користење на стари практики за да се дискредитира нечие постоење на Земјата - не бидува.
Цел универзум оставаме на децата, а оние што треба да ги воспитуваат и учат на толеранција - се најнетолерантни и затворени во меур како да немаат контакт со светот.
Сите како ружи во стаклени ѕвона.
 
Ова истото за децата тврдам дека и рисјанството го кажува метафорички преку жртвувањето на детето... Но четивото од Кроули нема да го прочитаат повеќето пошто мислам дека самиот Кроули ви е лошо брендиран..

Односно... постојат прееемногу книги на светов и никој нема да ги прочита сите... па најголем број луѓе - меѓу кои и јас - прво го погледнуваат авторот, гледаат како тој живеел и дали тоа им остава впечаток, буди интерес да ја проучат неговата философија.

Во случајот со Кроули тоа е доста тешко бидејќи световниот впечаток од него е декадентен, па за него е потребен сосем друг алгоритам, да се занемари тој негов живот а да се чита само Ајвазот...

Оргии, бисексуалност, дрога за мнозинството луѓе кои се во структура на фамилија - маж жена деца - делува во најмала рака... одбивно... а мислат дека светот иде кон прифаќање на сето тоа како нормално....

Тогаш е лесно и да се разбере зошто мнозинството на вас гледа како промотори на декадентни вредности кои сакаат да ја уништат фамилијата како столб на било кое општевство, на вашиот обид да ги критикувате другите религии се гледа како на обид да се отргнат луѓето од фамилијарните вредности за кои тие се залагаат... и почнуваат со теории која е целта на сето тоа, а не знаат дека вие самите не го живеете тој развратен аспект на Кроули , самите сте фамилијарни....и го следите Ајвазот со пораката за љубов и осознавање на себе.

Од тие причини јас лично би го тргнал Кроули од Телема а би го акцентирал Ајвазот како битен, пораката за Љубов е компатибилна и со Исус... но знаеме дека реформација на религија е мнооогу тешка работа.

Љ.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.667
Не може да го тргнеш оној што философира во неговите книги како да се дејствува според одредена философија... и не може истиот да не го прави тоа што го зборува и заради тоа да го осудува некој или „да го тргнеш“ бидејќи не ти се допаѓа како личност. Што е битно дали ти се допаѓа некој? Нема да го мажиш/жениш ниту пак ти се бара да го обожаваш.
Се сложуваш со тоа што го зборува и практикува и си бркаш својата работа. Или не се сложуваш и си бркаш пак својата работа.
Не може да се занемари животот на оној што практикува практично философија за која зборува во неговите книги...

Телема и Кроули што философирал никаде не вели да не си фамилиријарен, да си постојано секоја вечер по оргии и сешто... но не ти ниту забранува, како другите религии кои се мешаат насекаде во општеството на човекот... ако тоа ти е волја, бујрум, но никаде не се вели „прави што правел Кроули“. Каде може тоа човек да постигне, ти требаат 3-4 животи :)
Прави што ти е волја е едно, а друго е „нека биде твојата, не мојата волја“, знаеш :)
Кроули бил 200 години напред од денешницата, не пак од неговото време... и сите што глумат тука патријархални, конзервативни - не им го знаеш тајниот живот и што пламти во нивните срца и што мисли раѓа умот. Не ни треба да го знаеме тоа, но не се толку светци и против нештата за кои зборуваат...

Ми се допаѓа кованицата „Кроулизам“: Ние тоа го нарекуваме Кроулијанство и сме строго против сето тоа да се практикува... бидејќи води кон грешка, како кај старите религии што беше грешка!

Реално, оние што зборуваат за декаденцијата тука, претежно и очекуваат end of days :)

Реков еднаш: се чудам каде наоѓаат луѓево време да им смета сешто во светот, и тоа далечни ствари што кај нас како и обично ќе пристигнат на наши 80-90 години старост...
 
Последно уредено:

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.289
Поени од реакции
4.639
...комплексноста на злото се решава само со едноставноста на вистината
..."Лукавкото" може без човека,но човекот без него сеуште не :)
...се додека таа зависност не се задоволи во целост ниту една револуција,политика или сл. не е во состојба да направи промени во нашето битисување
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Многу моќен овој Кроули :) Мртов, ама моќен... свет да промениш со пишување! Не со војни и крв, туку со црно мастило и добра хартија.

Добро е што процентот на луѓе што знаат да читаат е многу поголем од времето кога тој живеел... може да прочитаат што изнапишал и за светот и за човекот, и за едукацијата на децата и општо за слободата на секоја индивидуа... а не да читаат вакви глупости изнапишани од некој што по се изгледа знае за работите само од форумов.

Детето никој не треба да го убеди во било што (ниту може да го убеди реално), освен можеби да го подучи да има критички ум и да не верува на никој за нештата околу него и она што произлегува од неговото постоење дека е погрешно! Или ако има разилчно мислење за нештата дека е болно или дека е погрешно неговото постоење.
Многу се силите за децата, а за секунда ќе го уништете ако не е онака како што вие сте си создале слика за тоа дете...
Не им ги пренесувајте гневот и омразата ваша на вашите деца... така светот ќе пропадне во омраза и бесцелни војни за глупости.

П.С. Не мора да се плаќаат нештата во пари. Само треба да откриеш што му е вредно на оној што сакаш да ти заврши работа. Го плаќаш со тоа. За тебе може тоа да биде најбезвредното нешто, но кои сме ние да судиме за туѓите вредности? ;)
Ни марксизам ни капитализам вие разбирате... само читам на темава „ова ми смета она ми смета“... кај наоѓате време толку работи да ви сметаат одеднаш во животот, не знам.
Па ако читаш шо напишав против сум пропагандата шо им се врши на децата од страна на платениците.Друго кој е тој психопат шо би уништил дете ако си тргне по својот пат?Не измислувај работи и не го испревртувај тоа шо сум го напишал.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.667
Па ако читеш шо напишав против сум пропагандата шо им се врши на децата од страна на платениците.Друго кој е тој психопат шо би уништил дете ако си тргне по својот пат?Не измислувај работи и не го испревртувај тоа шо сум го напишал.
Читнав. За да не ти ги изврува некој тоа што си напишал, два пати размисли што пишуваш... бидејќи можеби на повеќе начини може да прочита човек што сакаш да кажеш ;)
Не мора да се брза...

И не знам кој е тој психопат што би уништил дете, ама по муабетите што читам: ако детето ти е ова или она различно од утврдените „норми“ (што оној што прашува не го одобрува детето да е геј на пример) што ќе направиш, нема да ти е сеедно... некако сомнителни ми се многу луѓе што би направиле со своите деца ако бидат она што тие не одобруваат... ќе се откажат од нив? Што родител е тоа? Паѓа во вода она со „потомството“!
Затоа и сакаат да се крие од децата дека нема геј луѓе, семејството е врв, клетката на општество кое цвета во совршенство, ќе се распадне истото ако се промени формулата... абе ајде :)

Како да не е распад целото општество и вака... каде што едукацијата на било кое ниво е ужас, информации достапни за сите, непроверени и луѓето само собираат ѓубришта од нечии мисли и ги толкуваат колку им е можноста создавајќи уште поголем хаос.
Тоа е декаденцијата на западот: брзи, непроверени огромни колични на информации, а младите научени за ништо да не трошат ни 10 мин од своето време и така добиваат сосема погрешни заклучоци за сешто.
Тоа е декаденцијата која доаѓа и тука.

И да.
Едно е пропаганда, друго е да се има инфо за нештата... пропаганда е да се убедуваат децата дека мора да прифатат дека геј е во ред. НО да се учат дека секој има право да љуби како му е волја - треба да се учат. И да имаат разбирање за тоа... Парадокс? Не е.
Едноставно се учиш она што не си ти и не те интересира, не се заморуваш со истото и оставаш другите да си го гледаат патот. Посебно ако се работи за љубов помеѓу двајца, тројца или N лица кои се полнолетни и разбираат што прават.
Ако те некој заморува без твое одобрување за овие работи и сака да бидеш дел од нивната љубов, е силување и одење против твојата волја. А тоа, не е мудро. :)

Ако со тоа што детето ќе знае дека има геј луѓе, и тоа некако го промени дека и тоа е геј - не е до книгите и што се учи... не доаѓа тоа од надвор.
Може да се лажат родителите исплашени ако децата знаат многу, ќе прават глупости... но тоа е погрешен метод.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Читнав. За да не ти ги изврува некој тоа што си напишал, два пати размисли што пишуваш... бидејќи можеби на повеќе начини може да прочита човек што сакаш да кажеш ;)
Не мора да се брза...

И не знам кој е тој психопат што би уништил дете, ама по муабетите што читам: ако детето ти е ова или она различно од утврдените „норми“ (што оној што прашува не го одобрува детето да е геј на пример) што ќе направиш, нема да ти е сеедно... некако сомнителни ми се многу луѓе што би направиле со своите деца ако бидат она што тие не одобруваат... ќе се откажат од нив? Што родител е тоа? Паѓа во вода она со „потомството“!
Затоа и сакаат да се крие од децата дека нема геј луѓе, семејството е врв, клетката на општество кое цвета во совршенство, ќе се распадне истото ако се промени формулата... абе ајде :)

Како да не е распад целото општество и вака... каде што едукацијата на било кое ниво е ужас, информации достапни за сите, непроверени и луѓето само собираат ѓубришта од нечии мисли и ги толкуваат колку им е можноста создавајќи уште поголем хаос.
Тоа е декаденцијата на западот: брзи, непроверени огромни колични на информации, а младите научени за ништо да не трошат ни 10 мин од своето време и така добиваат сосема погрешни заклучоци за сешто.
Тоа е декаденцијата која доаѓа и тука.

И да.
Едно е пропаганда, друго е да се има инфо за нештата... пропаганда е да се убедуваат децата дека мора да прифатат дека геј е во ред. НО да се учат дека секој има право да љуби како му е волја - треба да се учат. И да имаат разбирање за тоа... Парадокс? Не е.
Едноставно се учиш она што не си ти и не те интересира, не се заморуваш. Ако те некој заморува е силување и одење против твојата волја. А тоа, не е мудро. :)

Ако со тоа што детето ќе знае дека има геј луѓе, и тоа некако го промени дека и тоа е геј - не е до книгите и што се учи... не доаѓа тоа од надвор.
Може да се лажат родителите исплашени ако децата знаат многу, ќе прават глупости... но тоа е погрешен метод.
Јас имам слободна волја и пишувам тоа шо мислам дека е вистина.Ти си тој кој извртува и додава во напишаното.Инаку околу Кроулизмот,има една-По делата ќе те препознаам.Секој од нас е ценет според тоа шо прави и како го живее животот.Затоа можда и на Алистер не го сватиле сериозно.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.667
Јас имам слободна волја и пишувам тоа шо мислам дека е вистина.Ти си тој кој извртува и додава во напишаното.Инаку околу Кроулизмот,има една-По делата ќе те препознаам.Секој од нас е ценет според тоа шо прави и како го живее животот.Затоа можда и на Алистер не го сватиле сериозно.
И Кроули истото го велеше, дека секој има право да пишува што му е волја, да јаде што му е волја, да љуби како, кога и каде му е волја... убави плодови, не?

За да зборуваш за Кроули и „Кроулизам“ како што напиша - ќе треба малку повеќе да научиш за Кроули и „неговите плодови“. Ако го цениш по тоа што љубел, што правел... погрешна патека си тргнал за да го анализираш Кроули.

Бидејќи се ставате да бидете судии (да препознавате плодови, бидејќи бликате со мудрост нели) и на оние со кои имате допирни точки со вашиот универзум, но и на оние со кои немате ништо заедничко - создавате омраза и нетолеранција кон се што вие сметате дека е „болест“. Каде сте тргнале така во новото време?

Барате светот да е постојано ист, непроменлив, по ваше разбирање „совршен“... со ширење страв (беше успешна алатка на времето) дека готово, крајот доаѓа ако почне да се менува нешто... и тука се вметнуваат муабети за децата, најосетливата тема за секој. И тоа подмолно се прави, како готово децата ќе бидат жртвата.

Нека дојде ако е толку потребен крај на сето ова вештачко општество каде што читајќи, реално никој нема толеранција кон никој друг.
Ништо не се знае, се зборува сешто, за било кој или било што... без да се знае барем основата на нештата.

Никако да се разбере дека родителите се тие што ја развиваат декаденцијата бидејќи повеќето денес се родители без да планираат ниту семејство, ниту деца и не ни знаат што со семејството, што со тоа да се биде родител, како да го учи детето, зошто итн итн... тие очекуваат училиштето да го направи сето она што тие како родители мора да го направат за детето (да го истренираат да биде пред се човек) и нормално, за такви проблем е светот што се менува!
Детето ќе учело дека има геј луѓе и готово, го упропастивме детето и неговиот живот :)
Каде така?

Станавте „богови“ кои наместо да си го гледаат својот универзум и да го усорвшуваат, упорно се мешате насекаде и вашата вистина мора да биде сечија - or else. :)
Извинете, но морам да стојам зад слободата и животот на човекот, посебно кога се работи за љубовта.
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
И Кроули истото го велеше, дека секој има право да пишува што му е волја, да јаде што му е волја, да љуби како, кога и каде му е волја... убави плодови, не?

За да зборуваш за Кроули и „Кроулизам“ како што напиша - ќе треба малку повеќе да научиш за Кроули и „неговите плодови“. Ако го цениш по тоа што љубел, што правел... погрешна патека си тргнал за да го анализираш Кроули.

Бидејќи се ставате да бидете судии (да препознавате плодови, бидејќи бликате со мудрост нели) и на оние кои имаат допирни точки со нашиот универзум, но и на оние со кои немате ништо заедничко - создавате омраза и нетолеранција кон се што вие сметате дека е „болест“. Каде сте тргнале така во новото време?

Барате светот да е постојано ист, непроменлив, по ваше разбирање „совршен“... со ширење страв (беше успешна алатка на времето) дека готово, крајот доаѓа ако почне да се менува нешто... и тука се вметнуваат муабети за децата, најосетливата тема за секој. И тоа подмолно се прави, како готово децата ќе бидат жртвата.

Нека дојде ако е толку потребен крај на сето ова вештачко општество каде што читајќи, реално никој нема толеранција кон никој друг.
Ништо не се знае, се зборува сешто, за било кој или било што... без да се знае барем основата на нештата.

Никако да се разбере дека родителите се тие што ја развиваат декаденцијата бидејќи повеќето денес се родители без да планираат ниту семејство, ниту деца и не ни знаат што со семејството, што со тоа да се биде родител, како да го учи детето, зошто итн итн... тие очекуваат училиштето да го направи сето она што тие како родители мора да го направат за детето (да го истренираат да биде пред се човек) и нормално, за такви проблем е светот што се менува!
Детето ќе учело дека има геј луѓе и готово, го упропастивме детето и неговиот живот :)
Каде така?

Станавте „богови“ кои наместо да си го гледаат својот универзум и да го усорвшуваат, упорно се мешате насекаде и вашата вистина мора да биде сечија - or else. :)
Извинете, но морам да стојам зад слободата и животот на човекот, посебно кога се работи за љубовта.
Па и ти се ставаш во улога на судија на Христијаните,нели?А основата на Христијанството е љубов.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.667
Па и ти се ставаш во улога на судија на Христијаните,нели?А основата на Христијанството е љубов.
Ќе одиме офтопик ако поченеме со тоа што е основата на старите религии... од основата до врвот сега, темелите не знам како држат.

Ја не судам христијани или муслимани... исто ми е дали некој оди или не во храмови. Дали е разголен или не во храмовите, дали се моли правило или не...
НЕ се заморувам дали има секс или не пред брак... се заморувам ако преку неговото учење наместо да си гледа својот пат, се обидува да ме ограничи мене (и осуди) повикувајќи се на богови и свети книги. Тоа ќе го критикувам секогаш.

Јас само криткувам учења кои според мене создаваат омраза кон другоста. И во самата срж на сите тие учења е: јас и само јас, ако не сум јас се е погрешно иако имаш право да бидеш ти, ако можам ќе те казнам бидејќи не си јас и не си она што јас велам да бидеш.
Тоа е љубовта? По се изгледа или не си вљубен или имаш лоша слика за љубовта. Земи бхакти јога разгледај, ќе видиш подобро за љубовта...

Истото е и тука. Се е зло ако не е моето. НЕ може така. Мора да се дозволи на секоја индивидуа да се развива самостојно, според своето разбирање и највнатрешно постоење.
Можеби и затоа за многумина сето поврзано со љубовта е во тој контекст: погрешно е бидејќи не е како што јас мислам дека треба да биде. И го накалемија тоа демек „декаденција“, готово - крај на светот.

Не сум судија ниту во мојата философија има судии... ти ги мешаш поимите критикување на едно цело учење со судење на луѓе.... и тоа 90% на форумов се луѓе кои не се ниту заморуваат премногу со самото учење за кое зборуваат, а преку истото се обидуваат да наметнат кај другиот вина, грев, погрешен пат итн итн (седнале христијани и муслимани и расправат како едната и другата религија се погрешни, и нормално како само едната е вистинска сето друго е зло)...

Пак ќе кажам: заради тоа што не се заморува никој со ништо, и се мора да е на брзина и лесно, запаѓаме во подлабока јама на нетолеранција, омраза и неразбирање едни со други.
Тоа е декаденцијата во светот, не геј популацијата.

Не е забрането да се критикува нештото, напишав и погоре дека децата треба да се учат на се, но не да се силуваат да прифаќаат било што, туку да имаат критички став кон нештата. Некому му смета некој да има критички став за работите кои му се пласираат... само не знам кој е тоа :)
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840

Најмалку е битно со што се заморуваш или не, интересен е митот за сексуалната репресија над луѓето, особено жените за кое било виновно христијанството.

Реалноста е дека христијанскиот морал има спасено милиони жени низ историјата.

Гледање на историјата преку призма на 2021 може да носи само заблуди.

Низ минатото, и тоа како била потребна сексуална репресија. Тоа што денес нема потреба од такво нешто е друга работа, но во минатото и тоа како била потребна.

Замислете свет без антибиотици, без контрацепција, без абортуси (освен од бабици кои со гнасните рачишта копале по гениталиите на жената), со ниво на хигиена толку ниско што е несфатливо за денешни услови, без домови за (несакани) деца, без социјална мрежа, тоа била реалноста 214.000 година ПНЕ до некаде пост-1945 НЕ, односно за времето за кое постои ХСС.
Времето во кое човекот може да се заштити од последиците на сексуалниот промискуитет е 0,037% од неговото постоење на планетава.

Промискуитетот во минатото често значел и пат до гроб. Како за мажи така и за жени. Жените биле подложни и на несакана бременост што уште еднаш, често значело гроб. Немајќи социјална мрежа, жената со вонбрачно дете немала скоро никаква шанса да биде згрижена освен ако се смилувале нејзините родители.
Сексот бил значително ризичен потфат и затоа христијанскиот морал бил репресивен.
Инсистирањето на моногамија и рано стапување во брак било значајно поради тоа што на тој начин се остварувала заштита како на мажот, така и на жената.
Во тоа светло може да се гледа на христијанската доктрина за триумфот на душата човекова врз животинските нагони, за самоконтролата како столб на моралот и етиката.
Дури и денес, кога таа доктрина делува застарено, сеуште во себе ја носи практичноста на односот еден маж со една жена поради биологијата. Не знам како и зошто, но секогаш и секаде, тенденцијата е да постојат 50% од двата пола. Дури и после војни и кризи кога гинеле голем број мажи, природната тенденција на нивелирање секогаш била присутна.

Друга практична цел е избегнувањето разводи, финансиски катастрофи, пропаднати семејства, несакани бремености и многу други ситуации кои ги носи развратот со себе.

П.С. си имате тема за ОТО-мото па таму расправајте за Кроли и слични небитни личности на маргините на историјата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom