- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 4.059
- Поени од реакции
- 6.540
Woke и cancel култура, SJW, safe spaces, политичка коректност...
Сведоци сме на се поголема инвазија на припадници на овие "идеологии" кои земаат се поголем замав во т.н. Западен Свет. Проблемот не е да се имаат ставови, туку кога истите тие се форсираат во законодавствата на државите и формалните организации. Во Норвешка говор на трансфобија во ПРИВАТЕН...
forum.kajgana.com
Феминизам!
Движење,дружење,асоцијација... Што е тоа? Како гледате на тоа? Дали станува збор за егоистички ставови? Анархија, разединување... Поразлични ли се феминистките од нормалните жени? За што се залагаат? ...или едноставно сметате дека тоа е аномалија на општеството?
forum.kajgana.com
Веганизам
Веганизам е етичко движење за укинување на било каква експлоатација на животните и нивна употреба за исхрана. За разлика од вегетеријанството кое е само начин на исхрана која исклучува употреба на месо и јајца, веганството е начин на живот и филозофија. Освен етичките и здравствените причини...
forum.kajgana.com
Хомосексуалност (општо)
Зборот хомосексуалност во превод значи истополност и е скована од грчкиот префикс homo( во значење “исто”) и латински корен sex. Зборот го сковал унгарско-австрискиот новинар Karl-MarijaKertbeny.Хомосексуализмот е едно од најпретресуваните прашања во 21виот век.Постојано во медуимите слушаме за...
forum.kajgana.com
Поаѓајќи од овие теми, може да се забележи тренд на ирационално однесување, почнувајќи на индивидуално ниво и завршувајќи со закони и прописи кои уредуваат сосема ирационални моменти.
Дали западниот свет полека но сигурно, влегува во декадентна фаза?
Таа декаденција нормално и ја извезуваат во средини кои не припаѓаат на западниот свет, како што е Балканот и РМ како дел од него.
Започнувајќи од "нормализацијата" на ненормални сексуални поведенија, култот дон домашни миленици и нивна примена како супститут за свое потомство, промискуитетот како "женска борба за слобода", измисилувањето десетици "полови и родови", доминацијата на политичка коректност по секоја цел, величањето на небитни настани, ревизија на историјата и уште многу други појави кои последниве 15-20 години масовно се појавуваат на запад, укажуваат на постепено влегување на богатите западни општества во декадентна фаза.
Дали после неколку генерации немање грижа околу основните егзистенцијални прашања, луѓето започнуваат да се губат во немањето цел на постоење, немање голем непријател (Третиот Рајх, СССР), немање голема генерациска криза, па затоа ги чеша каде не треба и започнуваат со измислување на проблеми каде што тие не постојат?
Куд плови овај брод, која е конечната цел на промотерите на наведените појави?
Колку и какво е увезеното влијание на западната декаденција во нашата средина?