Какво лигле е Конте. Незамисливо ми е доброволно да го напуштиш овој Интер, кој штотуку освои титула, за клуб во слободен пад, ко што е Тотенхем во моментов. Па, дури и да му продадат двајца клучни играчи, а не само Хакими.
Што мисли дека ќе постигне со Тотенхем. Конкуренцијата во ПЛ е брутална во моментов, лигата никогаш не била посилна. А оди да тренира докажани bottlers, со сопственик кој би си го продал сопствениот син ако тоа изгледа како добар бизнис.
На крај, ќе испадне правилна теоријата на самопрогласениот крал на дебатен клуб Кајгана, нашиот драг колега
@Джонтра Вохохолта 
, дека неинвестирањето во ростерот и поголемата плата во Тотенхем се секундарни фактори во одлуката да се повлече како тренер во Интер. Главната причина е што е огромна нарцисоидна пизда. Се вратија добрите тренери во лигата, па за да си ги сокрие тактичките недостатоци, кога ќе игра против нив, од позиција на тренер на шампионски тим, избега во друга лига во клуб кај што му е најкомотно. Каде што пак ќе се презентира како месија и кај што ќе може да ги користи истите изговори, за секоја објективна критика против неговите грешни одлуки. Како клубот ништо не освоил пред него и како он ги прави релевантни пак, ама никој од играчите не му се шампиони.
Со овој Тотенхем, и ФА куп да освои, ќе може да го презентира како најголемиот фудбалски успех во галаксијата.
Али се тоа е water under the bridge. Со среќа нека му е на Симоне. Ако ја искористи приликата како што треба и има малку среќа, оваа работа може да му биде огромна отскочна даска.
Среќа што не сум ја фатил дискусијата за Морати и Сунинг, иначе ќе ме навлечевте и мене на едно опширно излагање. А тоа е последното што фали во темава.
