Ресторани - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Iris
  • Време на започнување Време на започнување
Ја размислував и Визиана, а освен Чардак не знам друга таму, освен во Љубанци ама не ми се допаѓа таму
ми текна ко на голем :)
 
ми текна ко на голем :)
Сум го слушнал, ќе го погледнам, фала
 
Бев денес у Форца, после година дена и да ви кажам право, сега бољи им беа јадењата и пиењата од пред тоа. Сум имал со нив issues, ама ипак сметам дека понудата им е океј.
Имаа две понуди за лосос и ги нарачавме двете. Едното (тоа со кајун пепер) беше феноменално, а другото беше малку пресолено.
Ми понудија едно Пино Гри од Фриули, а ја сакав едно локално португалско (Џампер мислам дека се викаше) и ја одбрав нивната понуда. Мислам дека не се заебав.
Коктелите и десертите исто мислам дека им беа бољи од порано.

(или ја одамна не сум бил у ресторан)

Ми дозволија да си нарачам коктел и за дома!!!
Според мене сеуште најдобар ресторан со најдобра кујна во градов.
 
Да препорачате добар ресторан за мала фамилијарна прослава (10 луѓе), со добра храна и убав амбиент, за надвор стриктно.
Ми го препорачаа Ореов Лад, бил некој да каже нешто?

Стоп биртии!

Гледам дека ти даваат предлози и за надвор од Скопје. Ако веќе и тоа ти е опција би ти ги препорачал Бакал и Електра Гарден во Тетово.
 
Во Тоскана бев, после 14 години (долго време не работеше).
Добро е, можеби малку скапо за некого, ама вреди.
 
Во Тоскана бев, после 14 години (долго време не работеше).
Добро е, можеби малку скапо за некого, ама вреди.

Го меркам местово долго време, мора со резервација или не?
Имаат стандард мени или како ни е расположен шефот?
 
Го меркам местово долго време, мора со резервација или не?
Имаат стандард мени или како ни е расположен шефот?
Ни тогаш, ни сега нема мени.
У ствари има мени, ама е само про-форма.

Ти доаѓа куварот и ти раскажува што е, како е. Исто така нема хартиени салфети.

Тие две работи ги имам видено во ресторани во странство.

Ваљда има улога тоа што сопственикот/шефот сака да ти сервира само од тоа што му е најдобро во моментот. Инаку, за референца кон цени можеш менито да го користиш.

Јас сега кога бев, а исто и пред 14 години, не одев со резервација.
 
Препорачајте место во Скопје каде што може да се јаде добро ребро во фурна
 
Кажете ми убав ресторан во Скопје каде што има голем избор на вегетаријански јадење за со девојка излегување на вечера. Некој што не мириса на скара а е поинтимен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom