Skorp
That guy...
Soul Kitchen Bar услуга катастрофа, првиот пат кога седнавме чекавме 45 минути да бидеме услужени не за нарачката да дојде, вториот пат повеќе од 1 час, трет пат нема ни да има. Ми текна сто пати да станам и да си отидам, ама многу не мрзеше. И тоа ни мени не ти носи ни ништо, креваш раце, мафташ, дури и еден од келнерите се дрзна да ти мафне и тебе назад и пак да не дојде. Едноставно преокупирани се со странци кои им оставаат бакшиш и не ги рецкаат обичните македонски смртници, кои немаат тенденција да остават крупна сума во ресторанот и потенцијален бакшиш. Тие не ни требаат да дигнат глава одма за секунда двајца келнери им се на маса. Џабе е убаво скоцкано внатре, со тој менталитет ништо не правиме. На крај и порачав сметка, и му кажавме на тој дека имаме младинска каричка со попуст нешто, тој ни ја донесе после пола саат нормално искуцана без попустот, со образложение дека веќе однапред била направена сметката.
Мој совет, избегавај го строг центар за храна. Цените плафон, а најбитно... храната е под просек.
Океј нема везе, бараме мени. Цени плафон нормално, другаров вика фурнаринки за мене, келнеров му вика: Не може само фурнаринки, мора главно јадење. Добро, тогаш салата. Е не може ни салата. Ние сироти сите со броени пари, не знам зошто не станавме воопшто.
Поима неам што нарачавме, побаравме соларниче, пошто немаше на нашава маса. Нормално, не донесоа, а двајца келнери прашавме. На крај сами станавме си земавме од други маси. Чаша вода нема шанси да ти донесе, а два саати те мота, да да, сега.
, а се утепуеш од пишување!
