Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Да се надеваме дека во постот на овој наш член не е вметната, од кој знае кои причини, суптилно објавена страшна вистина.

Сабота...

Падна договор да правиме една журка у стан, само балканско друштво. Македонци, Срби, Хрвати и по некој Босанци. Одбрано друштво можеби 20тина на број, сите позитивни и насмеани. Договорот беше секој да спреми нешто од дома и да се донесе алкохол. Успеав да бидам херој на вечерта и за прв пат направив brownies со канабис. Лу-ди-ло. Со џоинт идеа перфектно. Првпат бев у фаза да не знам како се викам од трева. Имаше некоја босанка диџеј што пушта тука музика по дискотеки и беше страшно добра. Лошо беше што на журката се појави колешка од работа и се запознавме у поинакво светло, а демек не бевме такви.
Негде на полноќ се изгубив и не ни знам што се случуваше. Не знам како ама се разбудив со рана на факинг пупка.... веројатно следна журка ќе скокнам.

Сабајлево си почна супер со трчање па филмче и требаше лабав ден да биде со кулирање по дома, ама имав one of those days каде што се иде против мене. Почна од правењето смути. Исецкано можда кило овошје, и да ставам млеко, скиснало станало павлака. Отиде се у канта. Тргнав да правам бекап на еден хард диск, почнале бед сектори да се јавуваат, а друг на залиха тука нема за да го заменам, битни податоци ми се од работа. Тргнав да го мијам хаосот од смутито, се скршило некое делче доле од цевката, се поплавив. Потрошив 20 крипи. Инстантно отидоа на перење, но... одводот од машината се затна и тоа ми исфрли вода. Тргнав до маркет, ама доле сум заглавен од 2 камиони на икеа пошто некој се сели и не можам да излезам со кола.
Се вратив дома нервозен спремен онлајн нарачка да правам, не можам новчаникот да си го најдам со картици и документи. Ок у кола бил.
Моментално сум у состојба да ако се запали станов, да фрлам бензин и да му помагам пошо I don't give a fuck anymore.
 

Одобрена и Синовац од страна на СЗО, ова е вакцината што треба да стигнат 500к дози до 10ти месецов според најавите на Филипче
 
Живеам за денот кога ќе заврши оваа патетика наречена корона,која беше само одлика на човековата глупавост и алчност.
Како бе така бе,карантини,затвори,казни,маски,параноја на велико,неосновани стравови...
А за што ?
Еден куп луѓе останаа без работа,се живее во некоја заблуда,тие што заболеа беа манипулирани и од доктори и од медиуми,си испофрлаа еден тон пари за лекови,ние здравите да не правиме муабет...Носи маска како некоја стока,криј се од џандари кога ќе ја заборавиш.
Повеќе мислам дека од маскава заболев.
Не велам дека не постои,туку неосновано се наддаде работата,мислиш најстрашниот вирус на планетата дошол.

Последниот ден на коронава ќе запалам еден свечен џоинт (не двојка,дупло, четворка) и магаре ќе се направам додека не го испушам,да исповратам,да халуцинирам,ама...Како слободен човек ќе се почувстувам.

Ебате тоа короната,ебате...
 
„Во месец јуни ќе пристигнат околу 110 илјади вакцини преку Ковакс системот и 80.000 преку нашиот директен договор со компанијата Фајзер“, изјави вечерва министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето на емисијата „Топ тема“.
Тој наведе дека во моментов за вакцинација се пријавени 180.000 граѓани кои што чекаат да добијат термин и 40.000 од тие се над 60-годишна возраст.


На овие над 60 год ќе им даде Астра Зенека, додека Фајзер би требало да бидат за тие под 40 што останаа невакцинирани.
:semolam:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Dom
Ај еден брз ОДГОВОР ако може
Нели од денес официјално на отворено не е задолжително маска?
Гледав копилиња во плаво сабајлето со тетратки во рака чекаа жртви да казнат за маска.
 
Ај еден брз ОДГОВОР ако може
Нели од денес официјално на отворено не е задолжително маска?
Гледав копилиња во плаво сабајлето со тетратки во рака чекаа жртви да казнат за маска.
Од утре важи тоа.
 
„Во месец јуни ќе пристигнат околу 110 илјади вакцини преку Ковакс системот и 80.000 преку нашиот директен договор со компанијата Фајзер“, изјави вечерва министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето на емисијата „Топ тема“.
Тој наведе дека во моментов за вакцинација се пријавени 180.000 граѓани кои што чекаат да добијат термин и 40.000 од тие се над 60-годишна возраст.


На овие над 60 год ќе им даде Астра Зенека, додека Фајзер би требало да бидат за тие под 40 што останаа невакцинирани.
:semolam:

Не заборавај и 500 000 од Синовак (е тогаш ке биде интересно со оглед дека не е баш популарна оваа вакцина :) )
 
Би требало да има избор. :unsure:

Типично за кај нас ке биде:за обична раја ке биде синовак а за тие со врски и богата раја се знае Фајзер :)
 
Типично за кај нас ке биде:за обична раја ке биде синовак а за тие со врски и богата раја се знае Фајзер :)
Не се секирај коа ќе видат дека тие вакцинирани со Фајзер 2 дена се ко прегазени а со кинеската ништо, за обратното ќе фаќаат врски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom