Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга,
сега пополека одминува овој ден, јас сметам дека треба по малку да си уживаме во животот, не треба во секое време да мислиме за она што најмногу не загрижува. Некогаш кога ми е тешко, ќе си помислам на уште потешко и така си продолжувам натаму, па си викам не е товар па да го дигам.
И така сега, седнат да одмарам по малце и да си се опуштам, си ги пуштам Биоритам и сиот се ќефосувам, оти имаат до некаде и интересни песни, но и тој што ги пишувал знаел што да напише.
,, За милион бакнежи, знам ќе бидеш моја ти, за милион бакнежи ќе те купам знаеш ли..." ,, Играј мори Данче, играј да те гледам, се со златни дукати јас ќе те редам, тие да ти светат еј на грло бело, кога ќе го извиеш ти тоа вито тело..."
 
Не можам здив да земам и да одморам од животниве проблеми(жива смешка се, во споредба со други), а на моменти се чувстувам како да сум скроз неподготвен за ситуациите кои ќе ми следат.

Позитивен човек сум по природа...но пополека го прифаќам фактот(или пак станувам повозрасен), дека се потешко и потешко ќе биде и тоа дека секогаш ќе има нешто што ќе ме мачи и остава без спиење навечер

Да завршиме со нешто позитивно...песнава врв
 
Драга,кога еден домашен пријател,медицински психолог(пред 15.г),ми го лупна дека имам покерашка фаца???
Ја не ни знаев што е тоа во моментот,а не ни знам ниту сега,
од нивните институции осеќам само мирис на „прдеж"(гравче без истурена„прва").
Не сум јас некој Џејмс Бонд,само едноставен човек,кој ја познава класичната музика,а повеќе од тоа се познава, се приметува преку мојот контакт со сите могучи композитори и моментални(и бивши),професори и композотори.
 
Последно уредено:
Драга,
кога Елвира (Мишел Фајфер) му се обрати на Тони (Ал Пачино) со: види што истоварил банана-бродот овојпат во Скарфејс 1983, укажувајќи на тоа дека и е јасно дека е Кубански бегалец - I felt that. Nevertheless ја освои, ама на крај кога виде дека му нема спас, дека и таа самата тони со него, го остави.
Тогаш тој самиот и се она што го имаше изградено пропадна.
Со неа почна и со неа заврши неговата приказна.
Жениште.

0376d80ab71b298b4cc3fcb27b00ead4.gif


e94a1c1019c4da5160e87b0ea9c2d9a4.gif
 
Сабота...

Падна договор да правиме една журка у стан, само балканско друштво. Македонци, Срби, Хрвати и по некој Босанци. Одбрано друштво можеби 20тина на број, сите позитивни и насмеани. Договорот беше секој да спреми нешто од дома и да се донесе алкохол. Успеав да бидам херој на вечерта и за прв пат направив brownies со канабис. Лу-ди-ло. Со џоинт идеа перфектно. Првпат бев у фаза да не знам како се викам од трева. Имаше некоја босанка диџеј што пушта тука музика по дискотеки и беше страшно добра. Лошо беше што на журката се појави колешка од работа и се запознавме у поинакво светло, а демек не бевме такви.
Негде на полноќ се изгубив и не ни знам што се случуваше. Не знам како ама се разбудив со рана на факинг пупка.... веројатно следна журка ќе скокнам.

Сабајлево си почна супер со трчање па филмче и требаше лабав ден да биде со кулирање по дома, ама имав one of those days каде што се иде против мене. Почна од правењето смути. Исецкано можда кило овошје, и да ставам млеко, скиснало станало павлака. Отиде се у канта. Тргнав да правам бекап на еден хард диск, почнале бед сектори да се јавуваат, а друг на залиха тука нема за да го заменам, битни податоци ми се од работа. Тргнав да го мијам хаосот од смутито, се скршило некое делче доле од цевката, се поплавив. Потрошив 20 крипи. Инстантно отидоа на перење, но... одводот од машината се затна и тоа ми исфрли вода. Тргнав до маркет, ама доле сум заглавен од 2 камиони на икеа пошто некој се сели и не можам да излезам со кола.
Се вратив дома нервозен спремен онлајн нарачка да правам, не можам новчаникот да си го најдам со картици и документи. Ок у кола бил.
Моментално сум у состојба да ако се запали станов, да фрлам бензин и да му помагам пошо I don't give a fuck anymore.
 
Ја кога читам често ми се дешава да видам различно од тоа што пишува.

Еве Комита пишал „ со рана на пупка“, мене ми се виде „со рака на путка“. Си викам Good for you mate, само напред. После препрочитав. :(
 
Кајги, кога сум во шантава состојба, кога разочараност од животот ќе ме навјаса, си наоѓам утеха читајќи го ова.......

:(

Деца, не се нервирајте многу, живејте го животот...гледам колку многу време губите за небитни работи и додека се завртите, веќе сте стари:(
 
Сите "Леле, ова со дресовиве ептен заебана работа бе како вака ја утнаа работата!!"

Чек, не сте свесни дека минимализмот е во мода и дека логоата ги менуваат федерации на Англија, Шпанија и слично и дека само е прашање на време кога ФФМ ќе го смени своето лого во некој минимализам стил и дека новото лого ваљда ќе биде нешто како:

1622397834784.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom