Премногу неспособна полиција имаме ние,теренски само џандарите во униформа шетаат,ама онака лежерно,а баш оние кои се задолжени за таква работа (инспекторите ),си седат во канцеларија и к.. не ги боли за ништо,пошто нели,се е партиски испопикано.
Чекаат на готово да фатат некој крадец и да му ги изначукаат сите дела во тој реон,а може неколку различни сторители да ги извршиле.
А инаку за самата поврзаност на полицијата со крадците,тоа воглавно не е точно,пошто во даден оддел (да речеме одделот за кражби ),има бааѓи инспектори,а со самото тоа и многу различни интереси,така да минимална е можноста за поврзаност и заштита на апашот со полицијата.
Не се нашиве апаши ПИНК ПАНТЕР па да можат да ја подмитуваат така лесно полицијата.
Значи се работи за неспособност,а не за поврзаност како што некои напишаа погоре.
Е сега околу безбедноста на самиот стан,имајте на ум дека 99% од апашите на станови се бивши затвореници,а со самото тоа и професионалци на својот занает.
Идризово е факултет за ваквите професии.За што друго би правеле муабет неколку затвореници во ќелијата ако не за криминал.
Ваквиот тип на апаши многу добро ги знаат финтите на самите безбедносни системи (камери,аларми,брави),начинот на работење на полицијата,самата околина и понашањето и психолигајата на жртвата што треба да ја обработат.
Аларми,брави,камери ќе ве заштитат до одредена мера,барем од аматери ако не друго,ама од професионалци тешко.