1. Одбивноста на машката стрејт популација кон хомосексуалците е заради помислата дека вториве ги вклучуваат во нивните сексуални фантазии, или не дај боже, би флертувале со нив, што е директно загрозување на нивната безбедна зона. Стрејт мажите, кои водени од хормоните, поголемиот дел времето го поминуваат мислејќи на секс, едноставно знаат дека истото го прават и хомосексуалците. Да се биде во близина на таков, во голема мера е ризик да се биде вклучен во нивните прљави мисли.
2. Стрејт жените (ако навистина има такви), од друга страна, не можат да се помират со фактот дека постојат мажи кои преферираат други мажи пред неа. Тоа е навреда која не се простува. Мажи кои таа не може да ги контролира со своето меѓуножје!? Не, не, не!
3. Бисексуалците, кои по правило се женети, се единствените кои имаат против геј-бракови. Геј-браковите би биле вечно потсетување на нивната “фалична“ хетеросексуалност, нешто за што тие немале храброст да се борат, а за сметка - се прилагодиле на социјалните норми. Сеедно, повикот на природата си го прави своето и ваквите мажишта на крај завршуваат разоткриени со спуштени патолони, на некој темен паркинг, како се оддаваат на смртен грев со друг маж. Геј-браковите би значеле и помал број на расположливи истополови партнери за нив, што секако, е непосакувана работа.
4. На запад, барањата на геј/лезбејските движења за истополови бракови повеќе немаат за цел - еднаквост, туку преку стекнување на ова право, стапувањето во истополов брак и брзо разведување, да се исмева бракот како институција за која нема место во современиот свет. Се работи за влијание од радикалниот феминизам, кој бракот го гледа како проституција и ограничување на женската сексуална слобода.
Во вакви услови, сосема се разбирливи ставовите на борците против истополови бракови, но правото на признавање на истополова заедница не може да ѝм се негира на тие малкумина во геј/лезбејската “заедница“ кои сакаат да се посветат на моногамна долгорочна врска. Решението би било бракот во уставот да се дефинира како заедница меѓу генетски маж и генетска жена, а истополовите заедници, исто така гарантирани со устав, да се нарекуваат со друго име.
5. Невладините организации кои се занимаваат со правата на геј и лезбејската популација, не сакаат решавање на овој проблем. Исто како што еден адвокат не сака судијата да го досуди делото на неговиот клиент, бидејќи така би секнале неговите приходи.
Конкретен пример: една невладина која работи во овој сектор, формирана пред некоја година, со дваесетина вработени, од донации (на странски амбасади) во ревизорски извештај прикажала приходи од 100.000 (сто илјади) евра годишно, кои пари си ги поделиле за плати, патувања и нешто опрема и мебел, а дури и пријавиле профит од десетина илјади евра - пари кои ѝм останале на крајот од годината, а не ѝм требале. Во истиот извештај, пријавиле мизерни 15.000 денари потрошени на летоци и друг пропаганден материјал. 250 евра. Годишно.
И сега, македонската геј и лезбејска популација навистина очекува нешто од вакви паразити?
Па тие за да избегнат решавање на овој проблем, наместо фокусирање на геј и лезбејските права, намерно ја шират “дејноста“ во области како родов идентитет и права на “сексуални работници“ кои немаат ама баш ништо со геј/лезбејски права, брак и посвојување. Целта? Да се испровоцира негативна реакција кај населението, за да можат да покажат кај нивните странски спонзори дека само со уште многу евра и долари можат да се решат овие горливи и “егзистенцијални“ проблеми во уназаденото конзервативно и патријархално мочуриште наречено од нив “Северна“.
Е, овие ваквите до смрт би се бореле да не ѝм секнат странските извори на пари.
6. Прашањето е лесно решливо. Владата предлага закон за истополови заедници, се донесува во Собрание, претседателот потпишува указ, и voila. Нема тука некоја тешка филозофија, ако се сака. Ама не се сака. Ниту оваа влада, која лажно се декларира за левичарска, не сака да го реши прашањето за да не загуби поддршка од мнозинството, кои се закоравени идолопоклоници на Тито и Сталин. Но пак ќе речам, што би работеле невладините на Мила Царовска, ако ова прашање се затвори?