Ме интересира
@Mondonico и
@Scirea што имаaт да кажaт по повод назначувањето на Алегри
Што да кажам брат.
Оваа сезона со назначувањето на Пирло толку многу управата на Јувентус го спушти критериумот, се насанка со почетник доверувајќи му прва работа во животот како тренер на тим во транзиција, што во еден момент посакуваш само побрзо да ја исправат таа глупост, па макар го назначиле и Валтер Мацари.
Ќе ти скокнат интерашите дека сезонава кај Јуве не бил проблемот толку во Пирло колку што ние претставуваме, составот не го бивало и ќе земат да ти ги бројат фудбалерите вакви онакви и во еден момент може и да помислиш дека се во право.
Јас не тврдам дека составот е којзнае колку добар, има ограничувања, ама она што го играа сезонава дефинитивно е одраз на некадарноста на Пирло да управува и тренира ваков тим. Пребавен во одлуки за промена, ужасен тактички, чудни решенија само во неговата глава, нејасна поставеност на теренот и што ли уште не беа сам мал дел од работите кои може набрзина да ти ги кажам.
Е сега, кога сме на чисто колку многу сакав да го променат Пирло, да се префрлиме на Алегри. Дали се согласувам со одлуката да го вратат? Искрено да. Многу подобро решение од било кој друг млад и непроверен тренер или некој од типот на Инзаги, Гатузо или Фонсека. Ако бирав, би го одбрал Зидан од опциите што се споменуваа, нормално Конте ако беше во игра и толку. Сите други добри тренери се недостапни и невозможни, а кои би ги одбрал пред Алегри.
Во основа, моето мислење за него не е ни малку променето. Алегри имаше на располагање во еден момент предобар состав, не успеа да го искористи. Не ми е мака што загуби 2 финалиња, мака ми е како ги загуби (особено она со Реал бруката), мака ми е што во Серија А играше како да вози фиат, а имаше ферари, мака ми е што сето тоа му се прогледува низ прсти поради резултатите, кои ќе ги имаше било кој друг макар и просечен тренер. Воопрочем, со тоа што Сари освои Скудето, далеку после пикот на Јуве (кој беше 2014 - 2017) кажува доволно.
Алегри имаше еден огромен пад 2015та година, кога необјасниво во октомври Јуве имаше 3-4-4 (победи - нерешени - порази) скор и се наоѓаше на 10то место. Тимот со најдобар состав во првите 10 кола изгледаше како очајна збирштина на фудбалери кои првпат играат заедно. Тоа му беше веќе втората сезона, така да не беше ниту нов, ниту изненаден. После тоа нормално, заиграа како што треба (пред се' ефикасно на резултат) и очекувано ја освоија титулата. Многу луѓе таа сезона ова го претставуваат како успех, за мене беше само исполнување на очекувањата според квалитетот, а ужасниот старт, резултат на тешка неспособност.
Таа сезона беше и оној фамозен двомеч со Баерн, каде пак на некој начин неуспехот (де факто испаѓање) му се препишува како успех, демек со Баерн „едвај“ испаднал.
После тоа финалето во ЛШ наредната сезона со Реал, па 17/18та двомечот со Тотенхем каде само заради индивидуален квалитет се пласираше Јуве, па срамниот пораз од Реал 0-3 на домашен терен. Исто и овде имаше феномен, загубивме 0-3 дома, после тоа „несреќно“ испаднавме на Бернабе и уште еден неуспех (испаѓање во 1/4 финале) се претстави како успех за Алегри, сме дале 3 гола против Реал на гости, што да ти кажам. Тој феномен се повтори наредната сезона против Атлетико, само овде имавме среќа што поминавме понатаму (2-0 пораз во гости, 3-0 победа дома), за после тоа да испаднеме како од шала против Ајакс. Последната сезона, мислам дека и на управата на Јуве им стана јасно дека Алегри некако како сам да ги спушташе очекувањата и квалитетот, па правеше пресврти (некогаш недоволни, некогаш доволни) за истото да се претстави како успех.
Нејсе, со паметни потези на трансфер пазарот и задржување на Дибала очекувам борба за титула. Ако ништо друго, Алегри знае да игра максимално на резултат против помалите екипи.