Синиша и Фонсека се опции?
Ова испадна full-blown распад на клубот, само 3 дена откако го кренаа трофејот.
Очигледно ова не чекаше, без разлика дали Сунинг ќе го продадеа клубот, или не. Зошто и плановите на фондовите кои сакаа да откупат мнозински пакет од акциите, беа горе-доле слични како овие што сега ги гледаме дека се имплементираат. Веројатно не биле задоволни од цената која им била понудена, па одлучија да го задржат клубот додека не се променат финансиските околности. Иронично, со вакви радикални планови, ако е точно тоа што го читаме, единствено што можат да постигнат е уште повеќе да ја потонат вредноста на клубот. Највредни assets на Интер во моментов се играчите, а нивната вредност е тесно поврзана со перформансот на клубот на терен. Јасно е дека не го разбираат многу спортов Сунинг.
Од ова што остана на лагер, очигледен избор е Сари. Не знам зошто уште има дилеми. Се друго што се споменува е апсолутно ѓубре. Ако веќе сакаат да одат до ѓубре опции, подобро нека го пробаат Станкович, можеби ќе искочи талентиран тренер. Михајлович, Фонсека, Земан знаеме дека се срање.
Ја лично, во ваква ситуација, би одел со Сари и би го жртвувал Лукаку. Да, најдобар играч беше минатата сезона, ама никогаш нема да биде подобар од тоа што беше минатава сезона со Конте, ни некогаш ќе има поголема цена. Плус, веројатно е дека ќе изгуби многу од мотивацијата со друг тренер и повеќе ќе наликува на Лукаку од Јунајтед.
Не знам зошто се инсистира дека Интер нема тим за фудбалот на Сари. Одбраната е создадена за игра со топка, Хакими играше фудбал со посед во Дортмунд, а Барела Брозович, Ериксен и Сенси се играчи, чиј стил на игра и карактеристики се природно комплементарни со фудбалот кој го практикува Сари. Лаутаро исто.
Ја би ги земал Белоти и Џеко/Жиру како замена за Лукаку. Заедно со Лаутаро и Санчез, прават сосема добар напад за топ 4.
Во средина да земат некој профил како Де Пол и останатите две места во ростер да ги пополнат со Гаљардини и некое дете.
Аут, Коларов, Јанг, Дамбросио, Весино, Лукаку, Видал, Перишич, Пинамонти. Плус, да го откачат и вишокот, Наинголан, Марио, Далберт, Лазаро, Салседо и сл.
Формација 4-3-1-2 и ќе се молиме некој лев бек да извадат од некаде, или Бастони да може да покрива на таа позиција.
Таков тим би бил сосема доволен за топ 4 финиш, можеби и поминување на групна фаза во ЛШ, што веројатно ќе биде целта следната сезона. Одбрана на титулата, изгледа како исклучително тешка задача од оваа перспектива.