Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.440
Поени од реакции
3.698
Ако малце подобро ја анализираме ситуацијата, Интер и со шампионска титула нема ништо добиено на финансиски план.

Моментално во Италија разликата во тоа да бидеш прво место или четврто место е некаде 20/30м +/- во приходи.

Сезонава само од ТВ права во Италија, Интер добил некаде 60М, а само за споредба последниот во Англија има добиено над 110М.

Не беше баш за џабе инсистирањето на Ањели да се направи Супер Лигата, тој беше првиот кој се жалеше на минимални приходи, и покрај тоа што неговиот клуб освојуваше 9 години по ред, иако таа идеја на нас фановите не ни се допаѓаше, на финансиски план сите знаевме што значи, поготово за клубовите од Италија.

Јас мислам дека само Алегри со еден или два излезни трансфери може да ја спаси(титула) следната сезона, во случај тоа да не бидат Лукаку или Хакими...

Ако еден играч треба да се жртвува јас мислам дека тоа треба да биде Лаутаро/Ериксен и еден куп непотребни играчи.

Логиката на управата е јасна, што кур има да инвестираме секое лето по 100М за на крајот да завршиме прво место, и да тонеме финансиски уште повеќе, кога можеме да инвестираме 0евра следните 2години, и пак да завршиме топ4.

пс. Само арапи би не средиле на финансиски план, кинезиве крпат се додека не најдат поволна прилика да го продадат клубот за добар кеш.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.315
Поени од реакции
15.549
Не ми се верува дека го обвинувате Конте.

Ни еден, ама буквално ни еден саглам тренер кој освоил титула нема да седи и да гледа како му го размонтираат тимот. Догодина кога ќе биде 4-ти или 5-ти, ќе му заврши договорот, цената ќе му падне, па ќе си ја чука главата. Вака со освоено Скудето може да бира каде сака да оди.

Да добиеше Конте излив како и обично и да решеше дека си оди без разлика на се, ќе беше друга приказна. Човекот има повеќе од добра причина да си оди, секоја дискусија околу тоа е излишна.

Не верував дека ќе дојде ден да го бранам Конте ама јбг...

Џонтра, да земе сега министерот за паника да те цитира или ќе се извиниш сам? :cautious:
Не си у право.
Да му беше тиња сезона ќе го избркавме и ќе си земаше плата додека лока коктели на плажа у Џенова заедно со Спалети.
Ако си добар тренер заврши втори во конкуренција со Салемакерс, Иличич, Ељиф и Мекини па барај си работа.

Единствено верувам дека лани било договорено да се истурка сезонава и да си оди спогодбено, затоа е небитно во моментов, инаку требаше да си остане и да си го истера договорот професионално или некој да го плати ако сака да го ангажира.
 
Член од
13 јануари 2021
Мислења
85
Поени од реакции
71
Deneska najaveno e sredba Marrota/Alegri,Veruvam deka vise e dogovoreno dodeka go imame Marrota ne treba mnogu da se sekirame
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.972
Поени од реакции
9.514
Ако се точни шпекулациите дека Макс потпишал преддоговор со нас у февруари со кој му се забранува да потпише за друг тим пред 31ви Мај, мислам дека јасна била работава уште многу порано и Марота сигурно има план. We shall see.
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.040
Поени од реакции
1.164
А да го втариме Гасперсон?
Запата замена за Лукаку, и онака исти се...
Лукаку за сиромашни
 
Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.646
Поени од реакции
7.295
FB_IMG_1622108789570.jpg

Јасно е Конте зошто си отиде, новиот тренер. :pos:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Не ми се верува дека го обвинувате Конте.

Ни еден, ама буквално ни еден саглам тренер кој освоил титула нема да седи и да гледа како му го размонтираат тимот. Догодина кога ќе биде 4-ти или 5-ти, ќе му заврши договорот, цената ќе му падне, па ќе си ја чука главата. Вака со освоено Скудето може да бира каде сака да оди.

Да добиеше Конте излив како и обично и да решеше дека си оди без разлика на се, ќе беше друга приказна. Човекот има повеќе од добра причина да си оди, секоја дискусија околу тоа е излишна.

Не верував дека ќе дојде ден да го бранам Конте ама јбг...

Џонтра, да земе сега министерот за паника да те цитира или ќе се извиниш сам? :cautious:
Ќе се извинам кога ќе го размонтираат тимот и кога кинезите ќе не продадат.
До тогаш никад нема да се извинам пошто тренерот си заминал во својот добро познат метод и начин на работење. Со квичење.

:misticen:
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.822
Поени од реакции
23.031
Алегри близу Јуве.
@Syn на апарати. :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Алегри близу Јуве.
@Syn на апарати. :D
Аааа па баш он на апарати. Лани лето кога сведовечвме на првото Контево лигавење кога му зборевме со Стек дека Алегри е боље опција, не правеше од гомна подоле.
И сега одеднаш се претвори у страствен фан на Алегри.

Дај го Гаљардо и не замарајте. Секако милијарда пати боље опција од мртвиве тренери што се спомнуваат, Сари, Синиша и уште некој, ако воопшто остана таков.
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.040
Поени од реакции
1.164
Многу е вежно кој ке биде тренер, ама најважно е да не се растури тимот.
Ако веќе мора некој од стартните 11, тоа нека бидат Ериксен и Перо.
Продажба на било кој друг е катастрофа.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Ќе се извинам кога ќе го размонтираат тимот и кога кинезите ќе не продадат.
До тогаш никад нема да се извинам пошто тренерот си заминал во својот добро познат метод и начин на работење. Со квичење.

:misticen:
Не прави се на Тошо. Да го продадеа немаше потреба да се извинуваш, и треба да го продадат ако немаат пари да финансираат, само што бараат милијарда евра па никој не им дава. Јас ви викав уште од тогаш дека немаат пари овие и дека ќе се продаваат играчи, вие цврчевте нешто, 300 милиони влегле, фондови некакви, Газета лажела, Ио на апаратима... во реалноста Сунинг уште од лани ни порачаа сами да се финансираме, така ќе биде и годинава, така ќе биде и секоја наредна се додека Жанг мали не ги спакува куферите и не се врати кај татко му. Само продажба на клубот не вади од гомна.

Сега нешто гневот го насочуваш кон Конте ама не е до Конте овој пат (за жал). Не е ова еден од неговите изливи, кажано му е дека ќе се распродава, можеби уште лани.

Да се разбереме, Сунинг има објективни, реални проблеми, никој не го спори тоа. Проблемот е какво решение ќе најдат.

Прво, дали им фалат 80 милиони или многу повеќе? Ако се 80 немаше потреба од драми, 50 од ЛШ ќе влезат, публика ќе се врати за брзо време, 100 непотребни играчи имаме за продавање итн. Јеботе, Аусилио ја продаде Примавера пред неколку години за 50 милиони.

Второ, ако мора да продаваат, имам разбирање за тоа, ама кого ќе продаваат? Ако му мислат добро на клубот и ако покрај бизнис интересите сакаат клубот да задржи некаков чекор, тогаш ќе го продадат Лаутаро и евентуално Ериксен, послаби ќе сме ама ќе се преживее. Ако наместо нив чепнат кај Хакими, Лукаку, Барела, Шкринијар, Де Фрај и Бастони, тогаш помирете се дека се е бизнис и дека такво ги боли за клубот.

Многу сте во denial mode влезени, уште тогаш ви реков. Еве сега последно, Конте имал излив, иначе у реду била работата, Алегри ќе дошол... Wake the f*** up!
 
Па јас заради ова наоѓам кривица и кај Конте. Ај да беше некој друг тренер па некако таквиот потег да ми ставеше до знаење дека стварно работата кај газдите е на шкрипец.
Ама Конте како познат плачко, реши да си отиде.

Еве и ова да е точно, и да си отиде Лаутаро и Ериксен и сите други небитни. Конте нема муда да остане и да се бори, да створи нешто, некој резултат у такви услови. Поготово што и лигава не изобилува со којзнае каква конкуренција.
Никој не го ни тера да го одбрани Скудетото, никој не бара од него ЛШ да освои. Демек он е многу запален за Интер па сака све најдобро за клубот да иде напред и да освојува ама газдите го лимитираат па он огорчен од тоа одлучува да си отиде.

Нејќе да работи у такви услови, готован е, нејќе да има притисок а од друга страна сака да наметнува притисок со јавно коментирање.
Нејќеше да почека, се излингури и тоа е тоа.

Некој спомна нејќел да работи у вакви услови за да не си ја расипе репутацијата. Како бе така.
Па каква репутација моментално ужива Конте во светската јавност еве? Опасен тренер за домашни првенства - тоа стои, мотиватор бла бла.
Тотално фијаско што се однесува на турнирски натпреварувања. Конфликтен човек, плачко, егоист, никад у живот нема признаено сопствена грешка, све него другите му се криви. Не издржува нигде повеќе од 3 години.

Еве баш да видиме кој голем клуб ќе го земе следно.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.387
Поени од реакции
85.320
Дечки да не ви се мешам, ама во сите постови го спомнувате Ериксен за продавање.
Која екипа би го купила и за колку пари би било тоа? Доволно за да се решат проблемите? Тешко
Колкава плата зема кај вас? Ќе прифати помала на друго место?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom