Јавно експонирање на децата преку социјалните мрежи

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.917
Поени од реакции
25.318
Нема да должам многу, ќе преминам на прашањата кои ме интересираат:
Дали сметате дека експонирањето на децата преку социјалните мрежи е добро или лошо? Опасно можеби? Зошто?
Првенствено би сакала да добијам одговор од родители, но секое мислење е добредојдено.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.292
Лошо. Кратко речено детето не е способно да донесе одлука дали сака или не сака да биде експонирано и тоа треба да биде повеќе од доволна причина. Не сум родител ама поаѓам од себе, на пример сега моите да имаа полни ФБ профили со слики од мене како мал. Уффф :neetaka:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Да, опасно е особено ако си некој со длабок џеб или на висока позиција.

Јас би прашал нешто што го замараше чика Карлин, дали родителите имаат троа сенс дека никој не сака да гледа по 5 слики од нивното дете на дневна/неделна база или ако ги сретнеш да слушаш секој детал од растењето на нивното дете? Отвораш фб и младиве родители ти го преплавиле News Feed со 50000 слики од бебиња/деца и се што истите направиле на дневна основа.
Let me tell ya something, folks... nobody cares about your children, okay?" Nobody cares about your children. I speak for everyone. I've been appointed by the rest of the group to inform you we don't care about your children – that's why they're your children, so you can care about them and we don't have to bother.”
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.917
Поени од реакции
25.318
Да, опасно е особено ако си некој со длабок џеб или на висока позиција.

Јас би прашал нешто што го замараше чика Карлин, дали родителите имаат троа сенс дека никој не сака да гледа по 5 слики од нивното дете на дневна/неделна база или ако ги сретнеш да слушаш секој детал од растењето на нивното дете? Отвораш фб и младиве родители ти го преплавиле News Feed со 50000 слики од бебиња/деца и се што истите направиле на дневна основа.

Јас се колнев дека нема да сум една од овие, ама... :D Ставам слики првенствено затоа што и двајцата сме одвоени од родители, пријатели и роднини, повеќето не го ни сретнале воопшто детето, овака ми е најлесно да им споделам до каде сме со развој.

За ова што го кажува Карлин, од страна на неродител целосно ќе се согласам, ама сега ДОБРОВОЛНО следам мајки, особено кои имаат бебиња што се околу возраста на син ми, жени кои секојдневно ставаат слики од децата, пишуваат што им јаделе, како им јаделе, дискутираме за теми околу развој, воспитување, исхрана и слично. Значи не е само сликата како слика, туку и учиш нови нешта. А и откако станав мајка, некако почнав да сакам и туѓи деца. :D
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.467
Поени од реакции
9.925
katastrofalno loso. i forsiranje na socijalni mrezi, i od najrani godini forsiranje
na site mozni kursevi - sport, muzika, jazik, i so drugo ima na meni.

imam vpecatok, dek dobar del od roditelite, preku decata sakaat/probuvaat da nadomestat raboti so
ne gi napravile vo svoite zivoti, ne zamarajki se mnogu dali decata go sakaat i go mozat toa.
imam golem broj prijateli, koi se taze roditeli.
za zal, pogolemiot del vleguvaat vo opisot na temava.
mal del, sekoja cest, znaat da smalata dozivljaj i da postiraat sliki povremeno.

ne gledam nekoja direktna opasnost od ova, osven so na roditelite gledam
kako na iskompleksirani licnosti, sto vo idnina za deteto bi bilo potencijalno problematicno.
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.740
Поени од реакции
2.271
Не можам да ја разберам воопшто потребата од такво нешто. Повеќе ми се чини дека е некој глобален тренд, кој се шири со неверојатна брзина. Според мене е лошо, бидејќи се загрозува приватноста како на родителите така и на самите деца. Опасно може да биде од повеќе аспекти, затоа што живееме во време каде што материјалите од самите деца (слики и видеоснимки) често знаат да бидат злоупотребени.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Јас се колнев дека нема да сум една од овие, ама... :D Ставам слики првенствено затоа што и двајцата сме одвоени од родители, пријатели и роднини, повеќето не го ни сретнале воопшто детето, овака ми е најлесно да им споделам до каде сме со развој.

За ова што го кажува Карлин, од страна на неродител целосно ќе се согласам, ама сега ДОБРОВОЛНО следам мајки, особено кои имаат бебиња што се околу возраста на син ми, жени кои секојдневно ставаат слики од децата, пишуваат што им јаделе, како им јаделе, дискутираме за теми околу развој, воспитување, исхрана и слично. Значи не е само сликата како слика, туку и учиш нови нешта. А и откако станав мајка, некако почнав да сакам и туѓи деца. :D
Ставање на слики на социјалните мрежи на дневна/неделна основа и повеќе пати во денот е опасно и за возрасни, а не само за деца.
Не разбирам која е потребата да се става се што правиш денес на социјални мрежи, имаш луѓе на кои да им го отворам профилот во 10 минути може да научам: каде работат, со кого работат, каде биле, со кого биле, кои им се пријатели, кои им се роднини, дали имаат редовни навики да прават одредена работа. Од аспект на обичен човек ова не е страшно и да може да го проверам, ама имаш луѓе кои можат истото да го злоупотребат за криминални цели.

На најблиските јас им праќам слика во порака ако навистина сакам да знаат нешто дополнително, сигурно немате повеќе од 10 души кои нависитна ви се блиски и ги интересира вашиот живот во детали.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
Можда е глупо да се експонираат, ама поглупо е да се става слика од нив, а преку лицето да се стави смајли. Демек, да не го фатат уроци или што?
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Нема ништо лошо у тоа некој да постира слики од неговото дете, ниту да зборуе за истото. Кога луѓе стануваат родители (ја не сум, ама така ми вели комон сенсот) сакаат да зборуваат за тоа пошто тоа им е битно. На пример, алпинисти постираат слики од планини и нивните достигнувања бидејќи тоа сакаат да го споделат, со тоа се гордеат. Мене може да не ми е гајле за нивниот алпинизам и иам право да им шибнам unfollow или да не искачам со нив ако ме замараат. Ако ми е интересно, ќе им ги следам сликите и ќе зборуем со нив за тоа. Исто е и со децата.

Дали е опасно. Зависи. Зависи каде живееш, кои ти се пријатели на фб/инста, кои ти се опциите за приватност... И што ако објавиш слика од твоето бебе? Како фрикот ќе добие поголема шанса да го злоупотреби тоа и да му наштети? Океј, фрикот знае како изгледа бебето. Да не ја објавиш истата слика, како ја намалуеш шансата фрикот да направи нешто? Е сеа, ако имаш дете што го оставаш само дома, имаш сумњиви фб пријатели и објавуеш информација што ќе им помогне на идиоти да напраат некое срање, треба да пазиш, комон сенс е и тоа.

Од аспект на тоа дека децата се мали и не може да одлучат дали сакаат да бидат објавени... Тоа е фер поента, иако не веруем дека таква објава значително ќе им го заебе животот подоцна, веројатно нема. :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.650
Поени од реакции
34.078
Kako so staream se pomalku raboti me nervirat taka i ova. Da ne si praeme americki filmovi, opasno bilo, privatnost ovo ono...kako nabuban odgovor za nesto sto zvuci pravilno po ova prasanje. Ne mi smeta i mi e vo red objavuvanje. Jas sum za uste bebinja da imaat profili.

Mene mi smetaat mamickite i tatinjata sto deteto im stanuva character trait. Sea sum mamicka i nema veke postiranje drugi raboti. Kako lugje so nemaat 2 sliki staveno cela godina ama stom stapnat na prv krak u grcija 2 meseca posle se reobjavuvaat isti sliki so slightly smeneta poza. Vo red e da si dosaden lik. Ne se site skroeni za polni profili. Ako pred toa si bila dosadna ne me preotovaruvaj so tvoeto grdo dete po 200 sliki na den samo oti sega imas sto da objavuvas.

Turi edna slika nedelno. Napraj mu profil. Objavi nesto tvoe. So tebe sum se zasledil ne so bebeto. Spodeli ekonomska statija. Komentiraj na politicki portali. Ne se gubi. Vprocem site bebinja se grdi i ne e nekoja posebna pricina denes da go postiras vo site mozni kompletcinja sto ste gi dobile na poklon. Ic nejkam deca ama ne mi smeta objavuvanje, stavam srcinja se dodeka ne zamaras i e vo normalna granica. Jas moeto ke go objavuvam najverojatno ednas u godina, ako i tolku, stfu grdo bebe, go get your own followers.

@DaedaIus ako e isti postov sisaj
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Не сметам дека е опасно, само што мене лично ми е непотребно.
Зависи најмногу од родителот. Ако ставал истиот по 100 слики месечно од него, селфиња, кафиња, мафиња, пак ќе става слики и од детето. Имам вакви по фб, имам и од оние што не знам како им изгледа детето.

Ете на фемина форумот, комотно може да си дискутирате за јадења, кашички, облека, воспитување и каде родителите може да си се дружат на тој левел, меѓутоа е анонимно и не мора слика од детето да се става насекое.

Е сега, кај нас не знам дали има такви родители, али на јутјуб може да се најдат канали каде децата се третирани ко вработени. Канали за што јаделе децата денес, што домашни имале, како спиеле, итн, децата се снимани по цел ден, родителите си прават реално шоу дома. Тоа ми е претеризам и некоректно кон децата.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Kako so staream se pomalku raboti me nervirat taka i ova. Da ne si praeme americki filmovi, opasno bilo, privatnost ovo ono...kako nabuban odgovor za nesto sto zvuci pravilno po ova prasanje. Ne mi smeta i mi e vo red objavuvanje. Jas sum za uste bebinja da imaat profili.

Mene mi smetaat mamickite i tatinjata sto deteto im stanuva character trait. Sea sum mamicka i nema veke postiranje drugi raboti. Kako lugje so nemaat 2 sliki staveno cela godina ama stom stapnat na prv krak u grcija 2 meseca posle se reobjavuvaat isti sliki so slightly smeneta poza. Vo red e da si dosaden lik. Ne se site skroeni za polni profili. Ako pred toa si bila dosadna ne me preotovaruvaj so tvoeto grdo dete po 200 sliki na den samo oti sega imas sto da objavuvas.

Turi edna slika nedelno. Napraj mu profil. Objavi nesto tvoe. So tebe sum se zasledil ne so bebeto. Spodeli ekonomska statija. Komentiraj na politicki portali. Ne se gubi. Vprocem site bebinja se grdi i ne e nekoja posebna pricina denes da go postiras vo site mozni kompletcinja sto ste gi dobile na poklon. Ic nejkam deca ama ne mi smeta objavuvanje, stavam srcinja se dodeka ne zamaras i e vo normalna granica. Jas moeto ke go objavuvam najverojatno ednas u godina, ako i tolku, stfu grdo bebe, go get your own followers.

@DaedaIus ako e isti postov sisaj
Абе океј е тоа, тебе ти се грди бебињата, некој нејќе профили што се досадни, друг сака нешо трето. Некој обожава да постира за мушички у Амазон. Секој си има свој вкус и преференци. Тие ќе си објавуваат што сакаат (ако сакаат по 200 слики од бебето дневно), ти ќе им шибнеш анфолоу/анфренд и сите се среќни. Луѓето не праат профили на Фејсбук за да ги задоволат твоите сензибилитети и потреби, а и ти не треба да ги тераш.
Ја разбирам дека ти смета, ама никој не ти го тура бебето со сила у фаца. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom