Фан Клуб: Арсенал

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Одлично што победија денес и ја продолжија добрата серија. Штета што не влегоа оние шутеви на Парти и Габриел кои завршија во пречката ќе беа убави голови за око. Нема зошто да се разочаруваат за тоа што не се пласираа во Конференциската лига и онака прашање е колку време ќе опстои тоа натпреварување. Повеќе треба да им е криво за пропуштените 2 бода против Фулам и 3 бода против Евертон, кои можеа да им обезбедат барем ЛЕ.


Кога сме кај засилувања прочитав дека се заинтересирани за Буендиа, Берге и Закариа. Инаку сметам дека треба да му дадат шанса на Вилок, иако Стив Брус е решен да одвои добра сума за него. Како и да е очекувам дека повеќе играчи ќе го напуштат Арсенал, а ќе дојдат 2 или 3 засилувања.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.535
Поени од реакции
5.767
Kjuti nema da se machime LE sledna sezona. Po moe, brkanje na site starci od timot, vrakjanje na Wilock, i prvotimski statis na ESR.
Auba ne prelazha za site pari, ama kje mu se dade ushte edna shansa. Laca odi na prodazhba, sigurno kako i Wiliam. Ochekuvam i Belerin da si zamine.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Првиот дел од сезоната бевме ужасни, откако почна да игра ЕСР таму околу нова година сме втори по освоени бодови во лига.
Како што е пишано погоре, трети сме по број на примени голови.

Значи нешто функционира, ама ептен е нестандардно тоа.

Треба летово да го одработат како што треба, и со оглед на тоа дека ќе играме само лига и куп, треба да бидеме сосема солидни кандидати за ЛШ.

Од трансфери се надевам да си одат следниве:
Белерин
Лака
Вилиан (дај боже да го дадеме негде)
Нелсон
Нкетиа
Колашинац
Гендузи
Тореира
Вилок (ако се извадат добри пари затоа што нема да игра кај нас)
Најлс
Мавропанос

Воедно да не се продолжи позајмицата на:
Рајан
Одегард
Себаљос

Од сите овие горе, треба да можеме да извадиме колку? 140 - 170 милиони?

Дополнително во последна година од договор ќе влезат и Чемберс и Ел нени, ако не се во план за продолжување нека бркаат работа и они.

Инвестирај ги сите пари во:
Грилиш
Бисума
Десен бек
Замена голман
Замена лев бек

Промовирај неколку млади играчи да играат во купот.

Стартна 11ка може комотно да биде иста горе-доле секој викенд во ПЛ со мали ротации.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.622
Поени од реакции
12.434
Laca odi na prodazhba
Зошто? Најди ми подобар играч од Лака што е спремен да игра по 45мин макс а сепак да е супер алтернатива ?
Побрзо би го продал Оба, него ли Лака.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Зошто? Најди ми подобар играч од Лака што е спремен да игра по 45мин макс а сепак да е супер алтернатива ?
Побрзо би го продал Оба, него ли Лака.
Последна шанса да се извадат пари за него, во спротивно ќе оди без пари следно лето.
Договор ако потпише кај нас ќе сака сигурно како последен добар да извади пари како и сите играчи на 30 години.

Ќе бара сигурно 3 год на 200к+ плата

Инаку Ауба нема да се нафати да го купи никој у моментов, слаба сезона, 32 год ќе има за месец дена, огромна плата.
Помина возот со него, ќе остане кај нас до крај и тоа е тоа
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
За Колашинац заинтересирани се Шалке и Лацио. Лаказет мислам дека не е во добри односи со Артета, барем така ми изгледа. Инаку од Бетис имаат одличен бек како слободен играч, да се паметни ќе го ангажираат.


Screenshot_2.png
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
Шубаво ќе си се падневме со Силекс или Струга...Тимовиве глеај ги бе хахахах кој нормален од УЕФА помислил дека ова е добро.

1621810313814.png
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Бидете малку реални. Со овој тим на Арсенал, не Артета, Свети Артета не може да се пласира во ЛШ следната сезона. Ако не се донесат 3-4 екстра квалитетни фудбалери пак ќе заврши Арсенал 7-8 место. Сити, Јунајтед, Челзи, Ливерпул, Лестер, сите имаат поквалитетен состав од Арсенал во моментов.
Ти биди малце пореален и оптимистички да гледаш на работите. Еве последен месец, полабав распоред, имаше Артета доволно време да го спрема составот, па нанижа 5 победи во низа. Од боксинг деј па наваму само Сити драстично повеќе поени собра од нас.

И како тоа Пепе беше за нигде, а ја заврши сезоната како најдобар голгетер. Имавме состав, само касно го најде рецептот Артета. За Парти уште сметам дека ќе има успешен мандат, му треба само добар партнер во средината и Артета да најде начин како да ја изгради играта околу него.

Со засилување на десен бек, креативец во средината, класичен ДМ и неколку бек ап играчи, ќе имаме пристоен состав.

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ти биди малце пореален и оптимистички да гледаш на работите. Еве последен месец, полабав распоред, имаше Артета доволно време да го спрема составот, па нанижа 5 победи во низа. Од боксинг деј па наваму само Сити драстично повеќе поени собра од нас.

И како тоа Пепе беше за нигде, а ја заврши сезоната како најдобар голгетер. Имавме состав, само касно го најде рецептот Артета. За Парти уште сметам дека ќе има успешен мандат, му треба само добар партнер во средината и Артета да најде начин како да ја изгради играта околу него.

Со засилување на десен бек, креативец во средината, класичен ДМ и неколку бек ап играчи, ќе имаме пристоен состав.

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
Уште да почнуваше на боксинг деј сезоната и таман ќе беше.

Иначе убо е оптимистички да глеаш, ама ти тро појќе имаш претерано со оптимизмот...

Артета касно го нашол рецептот, чунки завчера дојде у Арсенал, башка од преквчера е у тренерски води и знаеш малце така на почетокот ко да не знаеше каде е...

Нанижал 5 победи... ако Арснал прераснал у мидтејбл тим (шо не дека не сме длабоко навлезени у таа патека) па сеа треба да се фали со победи над: Брајтон (16ти), Палас (14ти), Челзи (4ти-добро ај ова еве е успех), ВБА (19ти), Њукасл (12ти), тогаш не знам шо да кажам...

Тоа Пепе шо ти е најдобриот голгетер само по себе треба доволно да кажува за сезонава. Сите знаеме како играше Пепе цела сезона, така да статистикава не е дека го прави нешто магичен...

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
551
Поени од реакции
1.016
Да не се продужи договор на Рајан затоа што Лено е супер-човек и никако не може да се повреди? Рајан е одличен голман, сигурно подобар од оној скакулецот Рунарсон или како и да беше.
Јас би му дал уште една шанса на Гендузи, ама веројатно го продадоа веќе.
Пепе се надевам дека конечно (коооонечно) си ја најде формата и ќе гледаме вакви прошетки низ одбраните и голови од него следната сезона, ако не се оправи до декември шут карта додека вреди нешто.
Парти катастрофална сезона имаше, ама би рекол прва сезона промена на средина, можеби и јазична бариера придонесоа по малку. Следната сезона нема да има на што да се вади, веќе добро ја познава лигата, темпото на игра, соиграчите.
Одегард (или како и да се чита веќе) не е баш труп, има фудбал во него, плус млад играч е. Можеби уште една позајмица со можност за откуп би била добра и за него и за Арсенал. За разлика од Себаљос кого би го пратил уште одма во Шпанија.
Артета можеби има добри идеи и замисли за тактиката, ама спроведувањето беше 0 сезонава и тоа е целосно негова кривица. Си го познава тимот, негово е да ги припреми тактички и да ги реализира своите идеи на терен.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Шубаво ќе си се падневме со Силекс или Струга...Тимовиве глеај ги бе хахахах кој нормален од УЕФА помислил дека ова е добро.

Прегледај го приврзокот 296083
Што му фали бе, за местење и разигрување на играчи топ е. :)
Буквално Интертото vol.2
Околу трансферите, да не ме сфати некој погрешно или да мисли дека е провокација, па да ми се нафрли, не знам како Грилиш би завршил во Арсенал моментално. Особено кога во последниот период се вртат шпекулации дека и Сити покажува интерес.
Арсенал овој прелазен треба да се ориентира на играчи од типот на Бисума (кој го посакувам и во Јунајтед), кои се квалитетни, но не се толку експонирани и со пренадувани цени.
Иначе, сеуште е во клубот одговорен за трансфер политика оној дебилот што лупна 80 милиони за Пепе и испра салам пари?
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
Околу трансферите, да не ме сфати некој погрешно или да мисли дека е провокација, па да ми се нафрли, не знам како Грилиш би завршил во Арсенал моментално. Особено кога во последниот период се вртат шпекулации дека и Сити покажува интерес.
Арсенал овој прелазен треба да се ориентира на играчи од типот на Бисума (кој го посакувам и во Јунајтед), кои се квалитетни, но не се толку експонирани и со пренадувани цени.
Иначе, сеуште е во клубот одговорен за трансфер политика оној дебилот што лупна 80 милиони за Пепе и испра салам пари?
Грилиш флертува со Арсенал веќе неколку години уназад. :D А не знам и оти не би завршил, ако Сити не сака да го купи, мислиш поарно е во Астон Вила од Арсенал? Рачунај, во Арсенал сигурно ќе му лупнат 250-300к плата.

Иначе дебилот што лупна 80м е Раул, не е веќе тука.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
До пред 3 недели ставовите за Артета беа дека мора да си отиде и дека уште утре треба отказ да му биде врачен, а сега гледам дека се прават планови што Артета требало да прави за следна сезона и дека малку се омекна после 5те победи, па да искажам мое мислење. Во 80% од тие натпревари играта беше иста како и кога губевме, крајно неатрактивна, фудбалот беше досаден, голем број од головите беа индивидуален квалитет (Елнени, Пепе х2) или противничка грешка (ЕСР). Ретко кој гол беше од убава акција (Мартинели со Оба), а такви голови сме давале порано по 3-4 на натпревар, секој натпревар.

Артета уште од старт, сфатил дека тимов нема креативност и цело време се труди да постави дефанзивен пристап на игра, односно дел од тактиката е да даваме голови на индивидуални квалитети, да си чекаме трпеливо шанса, дур сме коска во одбрана, преферира победа од 1:0 пред победа од 4:3. Да бидеме искрени, ова му се оствари во 80% од сезоната, тргаше на лошо кога имавме Давид Луиз, Џака синдром, а само еднаш ми текнува каде што сме биле тотално дефанзивно растурени во лигата(против Астон Вила), може имало уште 2-3 пати максимум.

Тоа што би ми сметало многу е ако Артета или било кој тренер што дојде на негово место, би продолжил да гради ваков дефанзивен Арсенал, со 2 креирани шанси на натпревар и со голови од индивидуални квалитети. Треба головиве на Пепе да се само шлаг на тортата, а не секој натпревар да очекуваме такви голови. Треба да изобилуваат голови од тимски акции, на контри, со тап инс, од што се одело по конец. Јас таков фудбал воопшто не видов, и не ми е сеедно да сме 8ми без таков фудбал, или 8ми со таков фудбал.

А околу табелата, ете може немаме квалитет за 8мо место, имаме за 6то,7мо, па не треба да си ја маваме главата од ѕид и да си правиме бајрам дека подобро нешто заслужуваме. Сити, Ливерпул, Јунајтед, Челси, Лестер се тимови што се подобри водени од нас, како тим сите функционираат подобро од нас. Тотенхем исто очекуваав да е во ова друштво, ама веројатно распад систем му се дешава и завршува нивниот најсјајен период во историјата. Освен ако нема огромни промени во играчкиот кадар, таргетирање играчи креативци кои ќе им биде кажано да негуваат напаѓачки фудбал, континуирано со наш посед и да висиме околу противнички шеснаесетник наместо во наш, тогаш не би требало и следна сезона да има драстични промени околу табелата. Топ4 пак би било мисловна именка. Се мислам дека ниту тренерот ќе му текне да врати напаѓачки пристап, ниту ќе има играчи како Казорла, Росицки, Ремзи и Вилшер за да гледаме пак убав фудбал.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
До пред 3 недели ставовите за Артета беа дека мора да си отиде и дека уште утре треба отказ да му биде врачен, а сега гледам дека се прават планови што Артета требало да прави за следна сезона и дека малку се омекна после 5те побед
Па се разбира се прават планови кога сите знаеме дека нема да го избркаат :D
Автоматски споено мислење:

Треба да изобилуваат голови од тимски акции, на контри, со тап инс, од што се одело по конец. Јас таков фудбал воопшто не видов, и не ми е сеедно да сме 8ми без таков фудбал, или 8ми со таков фудбал.
Па има доста утакмица каде што игравме ваков фудбал, ама тоа не е у наративот. ВБА,Челзи првата, С.Прага away, Лидс, Вулвс, Њукасл... вака неколку што ми паднаа на памет. Сигурно има уште 10 :D
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Па се разбира се прават планови кога сите знаеме дека нема да го избркаат :D
Ама пак помек е ставот, да беа 5 порази по ред или 4 порази со 1 победа, досега ќе имаше мислења “Клубот никогаш нема бел ден да види под Артета“, “Не пишувам на форум дур не се избрка Артета“. А сега гледам доста е омекнато, само не сакам да се мисли дека нешто е сменето во играта поради тоа што имаме 5 победи во низа, пошто не е. Сега Пепе се пробудил, лани и прехлани Оба беше, далеку од добра игра во секој случај.
Автоматски споено мислење:

Па се разбира се прават планови кога сите знаеме дека нема да го избркаат :D
Автоматски споено мислење:



Па има доста утакмица каде што игравме ваков фудбал, ама тоа не е у наративот. ВБА,Челзи првата, С.Прага away, Лидс, Вулвс, Њукасл... вака неколку што ми паднаа на памет. Сигурно има уште 10 :D
Додај ги и во група ЛЕ и толкава е бројката. Од 50 натпревари, 10 сме играле таков фудбал, значи 20% добар фудбал, 80% лош, дефанзивен и досаден. Е сега тие 20% се против клубови од долен дел на табелата или против тимови што првпат слушаме за нив + Лампардовиот Челси кој беше распад систем. Далеку од некоја позитивна статистика или нешто што би наговестило дека Арсенал се враќа во нормала.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom