Ми дојде превисока сметка за Април, 5770 денари, што е скоро колку од лани Декември ( 5800 ), еве ги и претходните сметки за споредба.
Март: 4100
Февруари: 5200
Јануари: 6100
Се јавив во ЕВН, се изначекав за слободен агент да одговори на повикот ( што значи имале многу повици во истиот момент), и откако конечно ми одговорија, им кажав дека сум убеден дека има грешка во пресметаната сума за Априлската сметка и ми кажаја дека состојбата не била прочитана и дека сумата била паушално пишана, па корекција ќе биде извршена во текот на наредната недела.
Зошто го пишувам ова, проверете си ја последната сметка за струја и не ја плаќајте доколку не сте сигурни дека е веродостојна, јавете се или отидете во ЕВН па расчистете си ги сомнежите, не плаќајте за џабе вишок, не дозволувајте да бидете ограбени или па да ја платите
струјата во добропознатата општина што користи струја бесплатно