Позајмување пари на идиоти

Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
Ме потсетивте дека пред 5-6 год позајмив 500 денари за такси за да се вратам дома и од тогаш го немам видено типот :( а го мислам секое мое идење во мк, само ептен не се дружиме за да го побарам. А живот ми спаси тогаш, тапа сум :(
Не се секирај кара миа. Пошто е без намера тоа аутоматски кармички се избалансира со паричките шо ти си ги дала, а не си ги добила назад. ;)
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.186
Поени од реакции
13.821
Не се секирај кара миа. Пошто е без намера тоа аутоматски кармички се избалансира со паричките шо ти си ги дала, а не си ги добила назад. ;)
Верувај знам како да си добијам СЕ назад! А и знам дека дечково ми ги опростил само што не се трпам ја самата кога должам. Може поради тој став луѓето знаат како со мене и позајмувањето :)

исто ко со каснењето. Макс 5 мин инаку сум напната, ќе чекам ама да не ме чекаат. Си знаат другарките и немаат гс да закаснат :D
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.754
Поени од реакции
4.524
Непишано правило кога позајмуваш пари очекувај да не ти ги вратат.

П.С До 500 евра може на жими мајка се над оваа сума црно на бело.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
514
Поени од реакции
514
Многу ми сте јаки со муабетите ни барам пари ни позајмувам, и како сте сите морално исправни личности кои барем еднаш биле заебани од некој преварант. Околи вас само коцкари и пропалитиси, а вие сите некрстени праведници.

Бидејќи животот е толку едноставен, и никогаш не би ве донел во ситуација да побарате пари на зем, или да дадете.

Живеете со луѓе и околу луѓе, многу се покомплицирани работите од ни барам ни давам. Јас многу пати сум дал пари на зем, некогаш и големи суми, исто така сум знаел да за назајмам по 4-5000 евра. И само да знаете, многу побргу ќе позајмите пари од тие кој со презир ги нарекувате коцкари, од колку од домаќини луѓе. Од такви ми се сере.

Има една приказна за еден покер играч кој го сметаат за најталентиран во историјата, се викаше Stu Ungar. Некогаш се шетал со некој пријател низ Вегас навечер, и му пришол непознат човек кој му побарал пари на заем. Овој брцнал во пантолоните и му дал 1000 долари. Овој заминал, и пријателот му рекол како може на непознат човек да му даде 1000 долари. Стју му одговорил, да го знаев ќе му дадев 5000.
Јас сум тој тип на луѓе, не барам - не давам заем, ако ми треба пари ќе си земам кредит и толку, нема што да ме разбира цело Скопје дека ми требаат пари.
Али зошто не давам, затоа што најверојатно нема да ми биде вратен заемот, не сакам да си расипам другарски однос. :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.325
Поени од реакции
26.270

А зошто си сигурен дека не би ти вратиле пари?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.882
Поени од реакции
36.932
Како бе така се срамите да си ги побарате парите назад или чекате дужникот да се свестел :LOL:

Една опомена, втора опомена, после на среде именден или слава му го спомнувам долгот пред сите:D
Автоматски споено мислење:

А зошто си сигурен дека не би ти вратиле пари?
Многу високо мислење има за другарите:LOL:
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.606
Поени од реакции
2.680
Кога пријателот ти барат пари на заем имаш две алтернативи ,ако му позајмиш пари на пријателот ги губиш и парите и пријателот,ако не му позајмиш го губиш само пријателот.Па бирај.
 
Член од
15 мај 2021
Мислења
125
Поени од реакции
302
Долгот е гадна работа, тежи на душата. Многу малку луѓе се способни да должат и да бидат потполно равнодушни. Како вие сите овде налетавте на такви луѓе навистина не ми јасно.
Автоматски споено мислење:

Кога пријателот ти барат пари на заем имаш две алтернативи ,ако му позајмиш пари на пријателот ги губиш и парите и пријателот,ако не му позајмиш го губиш само пријателот.Па бирај.
Генијална реченица, што велеше еден мој професор, од ризницата на народната глупост.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.358
Поени од реакции
18.473
Како бе така се срамите да си ги побарате парите назад или чекате дужникот да се свестел :LOL:

Една опомена, втора опомена, после на среде именден или слава му го спомнувам долгот пред сите:D
Автоматски споено мислење:

Многу високо мислење има за другарите:LOL:
Ја сум таков човек, незгодно ми е да барам пари одкако ќе позајмам. Наместо да се срами он, се срамам јас а него кур го боли веројатно :) Така да генерално не давам големи суми, тоа што сум го дал сум го прежалил при самото позајмување.
Автоматски споено мислење:

А зошто си сигурен дека не би ти вратиле пари?
Од мое опкружување, најчесно баш тие што бараат заеми се луѓе во кој имам најмала доверба дека ќе вратат.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.325
Поени од реакции
26.270
Од мое опкружување, најчесно баш тие што бараат заеми се луѓе во кој имам најмала доверба дека ќе вратат.
Една работа е да даваш пари на секоја будала, друга работа се другари.

И да, ако некој зема 300 евра плата, ти побара 2000 евра и ти рече дека ќе ти ги врати за 3 месеци, треба да си ретардиран ако мислиш дека е возможно. Ако ти се парите за давање, ќе го седнеш, ќе направиш фин муабет, и ќе му кажеш дека ќе го почекаш 2-3 години, за да не се срами и избегава за кафе.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.647
Поени од реакции
8.232
Имам колега му отплаќам лизинг, 99% сум сигурен дека никогаш нема да ми ги врати! Он си прави филм дека кај е да е ќе се снајде, ама јас од лично искуство знам дека нема да ја биде! Да му го земам возилото, за чур ми е, да го оставам шу знам.
Не можеш да бидеш паметен, можев да го откачам, ама у тој момент не можев да му речам не.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Една опомена, втора опомена, после на среде именден или слава му го спомнувам долгот пред сите:D
Сум пробал и на овој начин и џабе е, овие луѓе не се замараат што мислат луѓето за нив.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.487
Поени од реакции
13.701
Како бе така се срамите да си ги побарате парите назад или чекате дужникот да се свестел :LOL:

Една опомена, втора опомена, после на среде именден или слава му го спомнувам долгот пред сите:D
Автоматски споено мислење:

Многу високо мислење има за другарите:LOL:
Ќе ти рече ти имаш, до тие ли пари ти дојде :D
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.146
Поени од реакции
11.781
Имам колега му отплаќам лизинг, 99% сум сигурен дека никогаш нема да ми ги врати! Он си прави филм дека кај е да е ќе се снајде, ама јас од лично искуство знам дека нема да ја биде! Да му го земам возилото, за чур ми е, да го оставам шу знам.
Не можеш да бидеш паметен, можев да го откачам, ама у тој момент не можев да му речам не.
Секогаш возило може само од себе да се запали заради неисправна инсталација ;)
НО, за да се случи тоа треба да си идиот, а да беше идиот воопшто немаше да се согласиш да му позајмиш пари.

Така да, луѓето кои позајмуваат пари БЕЗ намера да ги вратат воопшто или да ги вратат на време го прават тоа однапред пресметувајќи КАДЕ можат најдобро да удрат на емоции и кој тоа може најлесно и најбрзо да им даде пари.
Откако ќе ја преминат таа граница, тогаш одат на следна т.е. позајмуваат од секаде но таквиот може да го разбереш веќе од други и да знаеш дека свесно влегуваш во ризик.

Се' се сведува на тоа дали сакаш да ризикуваш одредена сума. На секој скоро му се случило и за жал или за среќа си знае на што е со таа личност во иднина.

Исто, ретки се но ги има и такви кои кога ќе земат пари од тебе се јавуват и ти кажува види се препрачунав и навистина не можам да ти ги вратам парите. Не сакам да ми замериш и нема да ти ѕвонам или да те барам додека не ти ги вратам - едноставно се срамам. Таквите во принцип враќаат.

Не има секакви, работата е луѓе сме и треба да се помагаме во рамките на нашите можности, а тоа дали некој ќе те заебе... секој може да те заебе за било што, но ако те заеба повеќе од еднаш тогаш немаш право да се буниш.

Така да, во твојот случај, не жали по вложеното, едноставно си сакал да помогнеш и го искористиле тоа.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.358
Поени од реакции
18.473
Една работа е да даваш пари на секоја будала, друга работа се другари.

И да, ако некој зема 300 евра плата, ти побара 2000 евра и ти рече дека ќе ти ги врати за 3 месеци, треба да си ретардиран ако мислиш дека е возможно. Ако ти се парите за давање, ќе го седнеш, ќе направиш фин муабет, и ќе му кажеш дека ќе го почекаш 2-3 години, за да не се срами и избегава за кафе.
Види у тие другари, иам луѓе со секаков карактер и различни финансии и располагање на финансии. Ја секогаш располагам со плус заштеда. Таков човек сум, така се осеќам помирно кога имам некаква заштеда. Има другари, што се знаеме од мали и се константно во минус. Вози дупло поскапа кола од мене, дупло поскап телефон, и тој е ликот што ќе ти побара пари на позајмица, а не некој лик како мене во друштво. На крајот кога ќе дојде моментот да побараш, ти си тој со вишокот пари што не ти се хитни и греота е да го замараш испозаглавен, иако реалноста е дека сам се заглавил. Може и 5 години да го чекаш, освен ако не си го сврти животот 180% нема да ги видиш парите назад. Затоа викам зависност на кој позјамувам, најчесно бара тој што 9/10 нема да врати. Исто е и кај роднините.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom