И сам не си убеден во ова, ама нек ти буде! Инаку знаеле америте до кај е со сила Јапонија, шоуто е со цел за дефинитивно загосподарување на целиот Пацифик. Воедно порака до сите други, ситни ексколонијални сили да знаат кој е господар.
Никако не можем да го прифатам сценариото: Абе овие жолтиве преку чур ми се, дај да им фрлиме едно две атомски и да им плачеме мајчето за навек!
Пред некој ден гледав документарец баш за ова. Прикаската беше следна:
Јапонија веќе била ослабната, но военото крило ни под разно не се предавале. Неколку стотици Амерички бомбардери го пеплосуваат Токио (мислам дека беше). Военото крило кое фактички владеело со Јапонија, повторно кажуваат нема предавање. Се мобилизира цело население, од 7 до 77, ги спремаат за очекуваната инвазија од америте. Првиот бран 600.000 амери, а после него на друг остров уште ц.ц. 1.000.000 јенки да се истоварат.
Јапонците имале посебна единица (ко во СФРЈ) за ако се слушне дека некој Јапонец е против царот/војската и смета поарно е да се предадат, одма апсана и камиказа станува. Сакале нејќеле значи биле присилени да војуваат, додека царот и генералите си го прчат. Замислата на генералите била, иако многу Јапанци ќе загинат и ќе се пеплоса земјата, на јенките исто ќе им нанесат штета, моралот ќе им падне и дома ќе бараат да се откажат.
Значи ем гледаш дека веќе губиш војната, пред врата ти се, ем од Русите не добиле помош да посредуваат при предавање, ем го уништуваш сопствениот народ.
Америте биле пред многу лесна одлука, дал од тие свои 1.600.000 војници да жртвуваат стотици илјади или па, да фрлат една бомбичка. Им нудат да се спогодат, да се предадат, царот ќе си задржи функцијата. Јапанците велат јок.
Ја фрлаат бомбата. Но и покрај тоа, военото крило, вика нема предавање, издржавме Токио што го пеплосаа и ова ќе го издржиме. По мене, мрдната работа. На генералите требало да им се исечат јајцата и да ги остават така да искрварат.
Народ веќе почнува да дезертира, да се осеќа се поголемо незадоволство, но генералите продолжуваат. Па имаш втора бомба. Царот за првпат јавно се обраќа и кажува дека се предаваат (инаку го очекува бунт). Неколку ментални генерали откажуваат послушност и викаат ќе продолжиме. Царот е приморан по вторпат јавно да се обрати и да каже дека и Русите им објавиле војна, па и непослушните се помириле.
Јапанците, само од Русите имале страв, од ниту една друга војска ( не знам зашто)
Е тука веќе имаш, ај баци чичо ку*.
Само еден Американец кој цело време бил во кабинетот на прецедникот (како моќен советник) и имал големо влијание во одлуките, се противел да се фрлат бомби. Но фактот дека Русите брзо напредуваат во Манџурија и дека лесно ќе завземат Јапонија, може било и пресудно да се фрлат бомбите.
И јас порано сметав дека немало потреба од атомска. Но тоа Јапанските генерали заслужуваат во најголеми маки да умрат, а народот бидејќи
слепо почитувал наредби, јбг си го добил заслуженото.
Да се побунеле сложно, организирано, царот и генералите ќе немале каде, па да си задржат функциите (привилегиите), ќе се предале порано.
Народот си го окркал стапот, а одговорните наместо казна, си продолжиле со своите функции, како слуги на јенките, ама привилегиите си ги задржале.