Како може човек да има цврст став, како да не се плашам,кога ги читам овие членови над мене кои си прават бош моабет(да не речам курташак)?
Другата недела треба да се вакцинирам, дојде нашиот ред по тој некој список и сите колеги и колешки сме во недоумица...
Многумина го прележавме, многу од нас имаме голем број на антитела, а никој досега точно со сигурност не ни гарантира Ништо!!!!
Едни ни велат да причекаме, други ни велат дека нема врска, трети доктори ни велат да направиме повторно тест за антитела па ако ни паднала бројката, тогаш да се вакцинираме...а има и што велат дека ние што прележавме си имаме веќе имунитет.
Е ај сега оди ризикувај живот!?